Општина Валандово — општина во југоисточна Македонија. Седиште на општината е градот Валандово.

Географија Местоположба мини|лево|245п|Карта на Општина Валандово со селските атари. Општина Валандово се наоѓа на југоисточниот дел на Република Македонија, распространет на југ од Демиркаписката Клисура, источно од реката Вардар и на запад и север од планинските огранки на Плавуш и Беласица. На север, Општина Валандово се граничи со Општина Конче, на исток со Општина Струмица, на југоисток со Општина Дојран и Општина Богданци, а на запад со Општина Гевгелија. Оттука, Општина Валандово се наоѓа на патиштата кои водат кон Струмица и Дојран, а низ територијата на општината минува Автопатот Е-75. Општината е оддалечена 26 километри од граничниот премин „Дојран“, и 30 километри од граничниот премин „Богородица“, како и 48 километри од граничниот премин „Ново Село“. Територијата на општината Валандово се протега на 331 квадратни километри.

Релјеф Според релјефот, Општина Валандово се дели на два дела: ридско-планински и рамничарски. Првиот зафаќа 208 квадратни километри (63% од територијата), и тоа: целата северна страна оградена со планината Плавуш, источната страна кон планината Беласица и јужната страна кон Погана. Рамничарскиот дел зафаќа 123 квадратни километри (37 %) и се протега од изворот на Анска Река, на подножјето на Беласица, по целиот нејзин тек, сè до нејзиното влевање во Вардар. Просечната надморска височина на општината изнесува 226 метри, а на валандовското поле 82 метри, со што Општина Валандово е една од најниските општини во Македонија.Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 18.

Хидрографија По средишниот дел на Валандовската котлина се протега Анска Река, која претставува продолжение на Башибоска Река. Во јужната страна на општината тече реката Студена Вода, а на северната страна тече реката Мичковица, при што двете реки ги прифаќаат подземните води од јужниот и северниот масив. Студена Вода се влева во Анска Река кај месноста Страиште, а Мичковица се влева во Вардар, близу селото Марвинци.Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 19.

Клима Општина Валандово се одликува со средоземна клима, со многу топли денови, со блага зима, при што просечните температури се движат од -5 до . Годишното количеството врнежи изнесува од 400 до 600 литри на квадратен метар, од кои најголем дел се во зимските и пролетните месеци. Во општината има 290 сончеви денови во текот на годината, просечната годишна температура изнесува , а примената топлинска енергија надминува 4 000 степени годишно.Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 18-19.

Минерални богатства Валандовската котлина се наоѓа на седименти од геолошки и органски талози. Самата котлина претставува моќен расед со длабочина меѓу 300 и 500 метри. Тоа се потврдува со палеонтолошкиот наод на заби од лофодон (еден вид мамути), најдени покрај селото Прстен, што покажува дека во раните геолошки периоди, во котлината имало бујна растителна вегетација. Раседот на кој се простира Валандовската Котлина е причина за честите тектонски активности (земјотреси) кои го погаѓаат ова трусно подрачје, од кои најсилен бил земјотресот од 1931 година.

Во однос на минералните богатства, кај селото Раброво, до 1960 година, бил ископуван рудникот за хром, кај селото Казандол, биле пронајдени минерали богати со бакар, а над селото Бајрамбос биле вршени испитувања за присуство на минерали богати со благородни елементи.Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 20.

Историја Историја на административната единица Општина Валандово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Балинци, Брајковци, Валандово, Горно Собри, Дедели, Долно Собри, Казандол, Кајали, Марвинци, Мемешли, Орманли, Пирава, Прстен, Раброво, Татарли, Чалакли и Честево. Општината била дел од Дојранскиот Срез, Тиквешки Округ.

Општина Башибос продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината била територијално проширена со селото Вејсели, на сметка на намалената Општина Калуцково, и била дел од Дојранската Околија, Струмички Округ.

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Валандово продолжила да постои во рамки на Дојранскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Балинци, Брајковци, Валандово, Дедели, Долно Собри, Казандол, Кајали, Марвинци, Мемешли, Орманли, Пирава, Прстен, Раброво, Татарли, Чалакли и Честово. мини|250п|Границите на Општина Валандово (во црвено) во периодот 1952-1955 година. мини|250п|НР Македонија и Општина Валандово (во црвено) во периодот 1955-1962 година. Во 1945 година, административната единица продолжила да постои под називот Месен народен одбор Валандово. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Валандово и Раброво. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Валандово бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Дедели со селата Дедели и Честево. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Валандово била проширена на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Марвинци со неговите села Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци, но го загубил селото Дедели на сметка на обновената Општина Дедели. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Валандово била проширена на сметка на укинатата Општина Дедели со нејзините села Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли, укинатата Општина Удово со нејзините села Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово, и укинатата Општина Башибос со нејзините села Бајрамбос, Башибос, Булунтули и Кочули. Тогаш, општината била префрлена во Титоввелешката Околија. Општината не претрпела територијални промени според управната поделба од 1957 година. Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Валандово не била територијално променета, односно останала со нејзините 29 населени места. Општината престанала да припаѓа во Титоввелешката Околија поради општото укинување на околиите. Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Валандово не претрпела промени. Општина Валандово немала промени и според поделбата од 2004 година.

Општа историја на денешната територија на општината Во тоа што е денес Општина Валандово, постојат повеќе археолошки наоѓалишта, кои сведочат за богатата историја на овој крај. Така, во минатото, територијата на денешната Општина Валандово била дел од областа Пајонија, за што постојат бројни докази. На пример, во близина на селото Дедели, се наоѓа голема некропола со површина од околу 1,000 квадратни метри, во која се пронајдени т.н. рамни скелетни гробови од пајонско време, оградени со камени плочи во облик на ковчези (цисти).

На просторот каде што денес се наоѓа градот Валандово, биле пронајдени остатоци од римската антика, кои се присутни во трите зони на археолошкиот комплекс „Валандово“. Исто така, во овој комплекс биле пронајдени остатоци од пајонската цивилизација, како и од старомакедонскиот, античко и средовековноримскиот период. Врз основа на овие откритија, проценувано е дека во антиката, Валандовско достигнало висок цивилизациски развој, за што сведочат мозаичната површина од околу 200 м2 во северозападниот дел на градот, како и мозаиците откриени во месностите Расадник и Стакина Чешма.

На оддалеченост од 7 километри југозападно од Валандово, од левата страна на Вардар, во близината на селото Марвинци, се наоѓа археолошкото наоѓалиште Исар-Марвинци (Исар-Кале), во кое се откриени траги од праисториска населба врз чии остатоци подоцна била развиена античка населба од старомакедонскиот период. Оваа населба прераснала во значајно економско, сообраќајно и културно средиште на областа која била нарекувана Амфакситида.

Според некои претпоставки, во Валандовската Котлина се наоѓал градот Добер, кој за првпат е спомнат кон крајот на 5 век п.н.е. од страна на грчкиот историчар Тукидид.

Стопанство Главна стопанска гранка е земјоделството. Повеќето луѓе во валандовскиот регион се занимаваат со лозарство и сточарство. Од земјоделските култури најмногу се произведуваат: зелка, кромид, пиперка, жито, јапонско јаболко, калинка итн.

Иако се наоѓа во близина на коридорот 10 и магистралниот пат Е-75, Општина Валандово се одликува со слабо развиена туристичка дејност. Така, според Пописот на капацитетите во угостителството од 2008 година, во општината имало 26 угостителски објекти (ресторани, кафе-барови итн.) и само еден хотел „Анска Река“, со сместивост од 26 легла.Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 10.

Население Според пописот од 1913 година, Општина Валандово имала 5,898 жители, односно вкупното население на Балинци, Брајковци, Валандово, Горно Собри, Дедели, Долно Собри, Казандол, Кајали, Марвинци, Мемешли, Орманли, Пирава, Прстен, Раброво, Татарли, Чалакли и Честево.

Според пописот од 1921 година, Општина Валандово имала 4,113 жители. Според верската припадност, 2,452 биле православни, додека 1,661 биле муслимани. Според јазичната припадност, 2,410 биле Срби/Хрвати, 1,661 биле Турци, и 42 биле останати.

Според пописот од 1931 година, Општина Валандово имала 5,146 жители, од кои 2,569 биле мажи, а 2,577 биле жени. Општината се состоела од 974 куќи и 997 домаќинства.

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Валандово имал 2,167 жители, односно вкупното население на Валандово и Раброво.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:

Народност Вкупно Македонци 1,862Албанци 11Турци 137Роми 8Власи 1Срби 79Хрвати 12Црногорци 32Словенци 15Неопределени муслимани 1Унгарци 1Бугари 1Германци 6Чеси 1Руси 9Останати и непознато 11

Според пописот од 1953 година, Општина Валандово имала 5,179 жители, односно вкупното население на Балинци, Брајковци, Валандово, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честево.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година: Народност Вкупно Македонци 4,823Албанци 2Турци 255Роми 29Власи 4Срби 29Хрвати 6Црногорци 13Словенци 4Неопределени Југословени 2Останати Словени 3Останати несловени 9

Според пописот од 1961 година, Општина Валандово имала 8,784 жители, односно вкупното население на Ајранли, Аразли, Бајрамбос, Балинци, Баракли, Башали, Башибос, Брајковци, Булунтули, Валандово, Вејсели, Градец, Грчиште, Дедели, Ѓулели, Јосифово, Калково, Казандол, Кочули, Марвинци, Пирава, Плавуш, Прстен, Раброво, Собри, Татарли, Терзели, Удово, Чалакли и Честево.

Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:

Народност Вкупно Македонци 6,800Албанци 17Срби 436Хрвати 21Црногорци 70Словенци 2Југословени 6Останати 1,432

Според пописот од 1971 година, Општина Валандово имала 9,200 жители, односно вкупното население на Ајранли, Аразли, Бајрамбос, Балинци, Баракли, Башали, Башибос, Брајковци, Булунтули, Валандово, Вејсели, Градец, Грчиште, Дедели, Ѓулели, Јосифово, Калково, Казандол, Кочули, Марвинци, Пирава, Плавуш, Прстен, Раброво, Собри, Татарли, Терзели, Удово, Чалакли и Честево.

Следува табела според народностите во пописот од 1971 година: