Општина Брвеница — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е претежно македонско и албанско.
Географија Општината е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Република Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак.
Брвеница спаѓа во руралните општини и опфаќа 10 населени места, организирани во 11 месни заедници и тоа: Брвеница, Долно Седларце, Горни и Долни Челопек, Милетино, Радиовце, Блаце, Стенче, Волковија, Теново и Гургурница. Шест од овие месни заедници се рамничарски, четири ридски и едно планинско.
На подрачјето на општината во периодот од формирањето на општината, поточно од 1997 годна со финансиска помош на државата и невладини организаци е изграден водовод во следните населени места: Брвеница и Долно Седларце, Милетино, Стенче и Радиовце.Civil World Macedonia
Стопанство Главни стопански гранки во општината се земјоделството, градинарството и сточарството. Постојат и повеќе мали индустриско-производни капацитети во различни села од општината.
Демографија Според пописот на население од 2021 година, општината има вкупно население од 13,645 жители со густина на население од 96.5/km2. Етничкиот состав на општината е следниот: 20022021Број%Број%ВКУПНО15,85510013,645100Албанци9,77061.627,37754.06Македонци5,94937.526,19245.38Срби780.49400.29Бошњаци10.0160.04Роми - -10.01Турци20.02 - -Други550.34290.22
На табелата е прикажан националниот состав на населението во општината низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk . ГодиниМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————8.72019534.8704.366444—102...129.39819615.0795.003101......83...6110.32719715.0116.418995...81...7111.68519815.6137.96343——73...14213.83419945.9058.7933——79...1314.79320025.9499.77022—78—5515.85520216.1927.377—1—4062913.645 Во пописот од 1953 година, Македонците сочинувале 51,8 %, а Албанците 46,4 % од населението во општината. По зголемувањето на бројот на Албанци во општината, нивниот процент се зголемува на 61,2 %, а на Македонците се намалува на 37,5 %.
Иселеништво Населението на општината во однос на пописот е значително намалено, поради иселувањето. Голем дел од албанското население е иселено во странство. Иселувањето на македонското население е нешто помало, и претежно е во правец село-град и дел во странство.
Општествени установи Училишта Во општината функционираат следните централни училишта: ОУ „Гоце Делчев“ - Стенче ОУ „Кочо Рацин“ - Брвеница ОУ „7 Март“ - Челопек
Цркви
Црква „Св. Константин и Елена“ - Блаце Црква „Св. Троица“ - Блаце Црква „Св. Георги"- Блаце Црква „Св. Атанасиј“ - Брвеница - изградена во 1922 година, а осветена во 1930 година. Подигната е врз темели на црква од 1628 г. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Брвеница Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце
Самоуправа и политика Градоначалник на Општина Брвеница бил Јовица Илиевски, избран при локалните избори во 2021 и повторно избран на локалните избори во 2025. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ненадејно почина на 23 јуни 2026 година. Советот го одбрале Роберт Милошески за в.д. градоначалник на Брвеница.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.
Во склоп на општина Брвеница се следниве села: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек.
Културни и природни знаменитости Стенчевска тврдина'' Ранохристијанска епископија с.Стенче Тумба Потсело - неолитска населба Градиште - Брежине - населба и некропола од доцноантичкото време; Кукул - археолошко наоѓалиште; Змијанец - една од 16те ранохристијански базилики во Полог
Личности Некои од поистакнатите личности од општината се:
Александар Галоски (познат македонски диџеј и продуцент) Јован Павловски, Познат македонски писател Рајко Аврамовски (†1989), Борец во НОБ,пор. функционер на општина Жеровјане Живко Стефановски (†2008), Регионален функционер, писател и публицист Душко Милевски (†2005), Примариус д-р, спортски работник Бошко Стефаноски (†2005),економист и писател Стојчевски Атанас - Спиро (†1943) - жртва во логорот „Јасеновац“ Софре Ѓорѓевски (? – ?, 1963) - македонски војвода. Владо Бучковски (делумно потекло) Војо Михајловски политичар Кузман Сотировски - Чокалија (16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) - македонски фудбалер и прв македонски олимпиец Љубе Бошковски - македонски политичар.
Поврзано Полошки Регион Општини во Македонија Тетово Брвеница
Наводи
Надворешни врски Општина Брвеница во „АБВ - деловен именик“ Службено мрежно место Општина Брвеница на „Златна Книга“ Општина Брвеница на mojsovetnik.org.mk
*