Општина Берово — општина во Македонија. Центар на општината е градот Берово, кој е и единствено градско подрачје во општината. Според пописот од 2002 година во општината живеат 13.941 жител во 9 населени места. Густината на населението на општината е 23,3 жители на метар квадратен, а вкупната површина на општината изнесува 598 км2. Општината е претежно населена од Македонци, македонскиот јазик е доминантен, а православието најголема религија во општината. Општината е позната по Беровското Езеро и својата природа.
Географија
Општина Берово се наоѓа во Источна Македонија. Општината се протега во историско-географската област Малешевија. На територијата на општината се протегаат Малешевските Планини. Општина Берово граничи со Општина Виница и Општина Делчево на север, со Општина Пехчево на североисток, со Општина Ново Село и Општина Босилово на југ, со Општина Василево на југозапад и Општина Радовиш на запад. Вкупната површина на Општината изнесува 598 км2, а вкупното население според пописот од 2002 година изнесува 13.941 жител. Општината има планински релјеф. На територијата на Општината извира реката Брегалница, а источно од градот Берово се наоѓа планинското Беровско Езеро. Климата во општината е континентална.
Население
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 10.890 жители, 4.143 домаќинства и 8.683 станови.
Етничка припадност
Вкупно резидентно население во Општина Берово според изјаснувањето за етничката припадност Етничка припадност ВкупноУдел (%) Македонци 9.925 91,14 Албанци 1 0,01 Турци 60 0,55 Роми 339 3,11 Власи 1 0,01 Срби 10 0,09 Бошњаци 6 0,06 останати 42 0,39 не се изјасниле 2 0,02 непознато 2 0,02 лица без податоци† 502 4,61 Вкупно 10.890 100,00
Вероисповед
Вкупно резидентно население во Општина Берово според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно православни 6.272 муслимани 514 католици 4 христијани 3.575 протестанти 2 евангелисти 1 евангелисти-методисти 0 Јеховини сведоци 9 останати 0 евангелиски протестантски христијани 8 агностици 1 будисти 2 лица без податоци† 502 Вкупно 10.890
Мајчин јазик
Вкупно резидентно население во Општина Берово според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно македонски 10.068 албански 0 турски 22 ромски 257 влашки 1 српски 15 бошњачки 6 останати 19 знаковен јазик 0 непознато 0 лица без податоци† 502 Вкупно 10.890
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Попис 2002
Доминантна етничка заедница во Општината се Македонците, доминантен јазик е македонскиот и доминантна религија во Општината е православието. Општината е составена од 9 населени места, меѓу кои и градот Берово како најголемо населено место во Општината. Густината на населението е 23,31 жител на км2.
Населени места Општината има 9 населени места, од кои едно е градско населено место. Градот Берово е единственото градско подрачје во општината.
бр.местожителиПопис во Македонија 2002 1. Берово 7.002 2. Русиново 2.095 3. Владимирово 861 4. Ратево 844 5. Смојмирово 765 6. Двориште 757 7. Митрашинци 729 8. Будинарци 682 9. Мачево 206
Историја
Берово како општина функционирало уште со административната поделба на СР Македонија од 1952 година. Претходно општините се именувале како народни одбори. Последното утврдување на Општина Берово како административна единица на Македонија е со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година.
Општествени установи Во градот Берово се наоѓа Музејот на град Берово и Домот на културата „Димитар Беровски“.
Образование Градинки Детска градинка „23 август“ - Берово
Основно образоване ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово ОУ „Никола Петров - Русински“ - Русиново
Средно образование
ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Берово е Петар Ружински од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.
Локалната управа на општината е составена од следниве комисии: Комисијата за финансирање, буџет и локален екомонски развој Комисија за еднакви можности Комисија за јавни дејности Комисија за општествени дејности Комисија за одбележување на празници и доделување на награди и признанија Комисија за статут и прописи Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
Културни и природни знаменитости
thumb|десно|250px|Беровското Езеро.
Цркви и манастири Црква „Св. Ѓорѓи“ - Будинарци Црква „Св. Спас“ - Владимирово Црква „Св. Илија“ - Владимирово Црква „Прсвета Богородица“ - Двориште Црква „Св. Петар и Павле“ - Ратево Црква „Св. Петка“ - Русиново Црква „Св. Марко“ - Русиново Црква „Св. Архангел Михаил“ - Русиново Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Берово Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Суви Лаки Црква „Св. Недела и Св. Петка“ - Абланица Црква „Св. Тодор“ - Берово Манастир „Св. Архангел Михаил“ - Берово Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Берово
Личности
Дедо Иљо Малешевски (1805 - 1898), македонски ајдут и револуционер Димитар Поп Георгиев Беровски (1840 - 1907), македонски револуционер Никола Малешевски (1852 - 1935), македонски револуционер Атанас Раздолов (1872 - 1931), македонски револуционер и поет Димитар Ацев (1893 - 1923), македонски комунист Константин Поп Георгиев, македонски револуционер Марија Поп Георгиева, македонска ајдутка, сестра на Дедо Иљо Малешевски
Култура и спорт
Спорт Во рамките на Општина Берово функционира Фудбалскито клуб „Малеш“, кој е основан во 1919 година. Покрај овој клуб, во Општината опстојува и Ракометниот клуб „Малеш“. Покрај екипните спортови, во Берово се регистрирани и Риболовното друштво „Абланица“ и Ловечкото друштво „Дабевец“. На територијата на Општината се наоѓаат следниве спортски терениСпорт во Општина Берово: Спортски терени Хотел „Манастир“ Терен за мал фудбал „ФИФА“ Спортска сала ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Спортски терен „Стара гимназија“ Спортска сала „Македонски бранители“ Спортски терен „Кеј р. Брегалница“ Стадион
Иселеништво За Општина Берово се забележува внатрешна и надворешна миграција. Внатрешната миграција се одвива кон поголемите градски центри во Републиката, а надворешната кон западноевропските држави, првенствено Италија и Германија.
Наводи
Поврзано Берово Источен Регион Малешевија Општини во Македонија
Надворешни врски
Службен портал на Општина Берово Општина Берово на malesh-net.com Берово Денес - забавно-политички портал Општина Берово на Златна Книга. Општина Берово во „АБВ - деловен именик“