Шумски Ливади — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Враништа. Претставува населба од неолитско и бакарно време. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, покрај старото корито на реката Шум, во расадник со јаболка, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и коскени орудија. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга и во Заводот и музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Враништа; Горна Црква — некропола од римско време; Долно Ливаѓе — населба од неолитско време; Кортиниче — населба од римско време; Ливатче — населба од неолитско и бронзено време; Кралој Загони — населба од неолитско време; Св. Атанасија — црква и гробишта од средниот век; Св. Богородица — сакрален објект од средниот век; Црквени Ливади — населба од неолитско и бакарно време.
Наводи
Категорија:Враништа