Долно Поличе — археолошко наоѓалиште во дебарското село Брештани. Претставува населба од доцноантичко време. Лежи на десниот брег на Брештанска Река, оддалечена околу 1 км источно од селото. При обработувањето на нивите мештаните наидувале на темели од објекти. По површината има фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси, тегули и многу градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Влаи — средновековна населба и некропола; Машатлак — средновековна некропола; Поличе — средновековна црква и некропола; Брештани; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;

Наводи

Категорија:Брештани