Каљао () е најголемо и најзначајно пристаниште во Перу. Градот е дел од Уставната покраина Каљао која воедно е и единствена покраина во регионот Каљао. Каљао се наоѓа западно од Лима и е дел од метрополитенската област Лима. Оваа метрополитенска област е составена од Каљао и Лима и во неа живее една третина од населението на државата. На север, исток и југ се наоѓа покраината Лима, а на запад Каљао излегува на Тихиот Океан.

Окрузи Калао е поделен на шест окрузи, каде секој округ е управуван од градоначалник. Окрузите на Каљао се:

1 Белависта 2 Каљао (Центар) 3 Кармен де ла Легуа Рејносо 4 Ла Перла 5 Ла Пунта 6 Вентанила

* Остатокот од регионот Каљао е составен од островите Сан Лоренцо, Ел Фронтон и Кавинзас кои имаат околу 17.63 км2.

Наводи

Поврзано Перу Метрополитенска област Лима Лима Градови во Перу

Надворешни врски

Општина Каљао Сè за Каљао Меѓународен аеродром Хорхе Чавес Национален универзитет Каљао Острови Паломино Регионална влада на Каљао

Категорија:Каљао (регион) Категорија:Градови во Перу Категорија:Населени места основани во 1537 година