Месје 7 или M7 (NGC 6475), наречено и Птоломеево Јато — расеано јато од ѕвезди во соѕвездието Скорпија.
Јатото лесно се забележува со голо око, сместено близу до „опашката“ на Скорпија. За него се знаело антиката. Прв го забележал римскиот научник Птоломеј во I век кој во 130 г. го опишал како маглина. Џовани Батиста Ходиерна ја забележал пред 1654 г. и во него избројал 40 ѕвезди. Во 1764 г. Шарл Месје го завел во неговиот каталог и потоа го додал во списокот на кометовидни објекти како „M7“.
Телескопските набљудувања на јатото откриваат околу 80 ѕвезди во рамките на видно поле од 1,3° долж објектот. Се проценува дека е оддалечен 800-1000 светлосни години, што соодветствува на фактичкиот пречик од 18-25 светлосни години. Староста му е околу 220 милиони години, а најсветлата ѕвезда има величина од 5,6.
Поврзано Список на Месјеови објекти Список на расеани ѕвездени јата Нов општ каталог (NGC) Слики
Надворешни врски
Месје 7 - SEDS
Категорија:Скорпија (соѕвездие) 007 Категорија:Објекти од Новиот општ каталог Категорија:Расеани ѕвездени јата Категорија:Орионов Крак Категорија:ESO-објекти Категорија:Астрономски тела познати од стариот век Категорија:Мелотови објекти Категорија:Колиндерови објекти