Свети Ѓорѓи — македонски православен храм во селото Црквино, Велешко. Изградбата датира од 1819година, а по својот изглед, црквата, е иста како црквата Свети Спас во блиското село Ногаевци. Поради напуштањето на селото од страна на христијанското македонско население денес црквата е во крајно лоша состојба, а предвидена е нејзина обнова од министерството за култура. За иконата на Свети Кирил Филозоф во оваа црква истражувања вршела Донка Барџиева. По повод патрониот празник на црквата Ѓурѓовден, таа е доста посетена од христијани кои водат потекло од селото Црквино, а денес живеат во Велес.

Наводи

Категорија:Црквино Црквино