Рајцажет — археолошко наоѓалиште во кичевското село Бериково. Претставува рудник од доцниот среден век. Се наоѓа на 2 км северно од селото, на висок рид што има неколку преслапи. Непосредно под врвот теренот е прекопуван и се гледаат траги од рударски копови. Овде во поново време се изведувани геолошки истражувања.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бериково; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Бериково