Општина Ресен — општина во југозападна Македонија. На запад граничи со Општина Охрид, на исток со Општина Битола (порано со Општина Цапари), а на североисток со Општина Демир Хисар. Седиште на општината е градот Ресен.

Географија мини|лево|Книга „Населбите во Преспа“ (Стиснете на сликата за да се отвори и чита во целост) Општината Ресен се наоѓа во Преспанската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија и опфаќа површина од 739 км2. Поделена на копно со 562 км2 и вода со 177 км2, претставува посебна просторна целина, која географски се простира околу пресекот на 41-от степен СГШ и 21-от степен ИГД.

Општината Ресен се граничи со општините Охрид, Битола и Демир Хисар. Во општина Ресен евидентирани се 44 топоними на места, од кои 43 се рурални, од нив 39 активни и 4 неактивни и една урбанизирана средина.

Демографија

Според пописот од 2002 година во општина Ресен живеат 16.825 жители од кои 50,3% женско население а 49,7% машко население,. Населението е распоредено во 4.847 домаќинства и 8.215 станови, со просечен број на членови во домаќинство 3,5 и просечна населеност од 23 жит./км2. Според национална структура: Народ ВкупноУдел (%) Македонци 12.943 76,07 Албанци 1.885 9,13 Турци 1.766 9,10 Роми 113 1,09 Власи 13 0,15 Срби 53 0,44 Бошњаци 3 0,01останати 49 0,32

Вероисповед Вкупно православни 12.599 муслимани 3.927 католици 16 протестанти 2 останати 281

Јазик Вкупно македонски 12.943 албански 1.885 турски 1.766 ромски 113 влашки 13 српски 53 бошњачки 3 останати 49 Стопанство Главна стопанска гранка во Општина Ресен е овоштарството, особено производството на јаболка.

+ Произведени жита, индустриски, градинарски, фуражни и овошни растенија во Општина Ресен во 2017 година Култура Произведено (тони) Вкупно во Македонија (тони) Удел (%) Пченица 1 777 200 112 0,89 Јачмен 1 034 93 666 1,10 Компир 2 926 177 721 1,65 Кромид 1 515 56 259 2,69 Лук 177 4 450 3,98 Грашок 27 1 893 1,43 Пиперки 1 950 175 100 1,11 Дуњи 11 1 068 1,03 Јаболка 21 585 43 366 49,77 Сливи 243 17 880 1,36

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Ресен е Јован Тозиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.

Културни и природни знаменитости Преспанскиот регион е сместен на Балканскиот Полуостров, на тромеѓата помеѓу Република Македонија, Албанија и Грција. Оваа област се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука може да се сретнат разновидни биотопи – езера, планина и шуми кои имаат единствени, уникатни одлики. Езерата Мала Преспа и Голема Преспа се меѓу најстарите езера во Европа, и затоа во нив може да се најдат голем број на ендемски видови. Регионот се смета за значаен резервоар на биоразновидноста и природната продукција.

Општината Ресен е сместена во Преспанската котлина и ограничена со планините Баба (највисок врв Пелистер 2600 м) на исток и Галичица (2235 м) на запад. На север се планините Плакенска и Бигла (1933 м) а на југ на албанскиот дел со Горбач (1750 м) и нешто пониските ограноци на Галичица.

Преспанската котлина се наоѓа помеѓу двата национални паркови Пелистер и Галичица, односно на нејзина територија се распространети и двата национални паркови. Во Преспанската Котлина се наоѓаат и двете езера Малото и Големото Преспанско Езеро. Во водите на Големото Езеро се наоѓа тромеѓата на македонската, албанската и грчката граница.

На северниот дел од езерото сместен е Природниот Резерват Езерани на површина 1917 ha од што 1066 ha се копнена површина, додека 851 ha е водна површшина. Односот на копнена и водна површина е релативен бидејќи нивото на Преспанското Езеро значително варира во тек на годината и особено во тек на подолги периоди. Заштитеното подрачје е живеалиште на околу 200 видови на птици од кои 62 видови се ставени на списокот на заштитени видови во согласност со Бернската конвенција а три видови се наоѓаат на Европскиот црвен список на загрозени видови. Карактеристичен претставник на фауната во Преспанското Езеро е пеликанот (Pelecanus crispus). Ова е една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, кај нас го има единствено на двете Преспански Езера. Единствената колонија на големиот бел пеликан (Pelecanus onocrotalus) во Европската Унија се наоѓа во Преспа.

Природна реткост Природна реткост претставува островот Голем Град кој се наоѓа во Големото Преспанско Езеро и зафаќа површина од 1 км2. Островот е обраснат е со бујна шумска вегетација со најголема застапеност на фојата која е ендемски вид на смрека. На островот постоеле 7 цркви, од кои сочувана е само пештерската црква Св. Петар. Островот е археолошко наоѓалиште со остатоци од живеалишта, цркви некрополи од римската епоха и средновековието, богат резерват на ендемски растенија и како природна реткост заштитет со Закон и изолирано живеалиште со минимално влијание од страна на човекот. Влегува во рамките на Националниот парк Галичица.

Земјоделското земјиште претставува ресурс не само за издршка на населението од преспанскиот регион кое во најголем дел се занимава со овоштарство, и тоа одгледување на јаболка, туку и основа за започнување на специфични видови туризам.

Шуми Шумите на просторот на општината Ресен претставуваат природен ресурс кој се одликува со забележително присуство, како во планинските предели така и на ридските подрачја. Во последните години во преспанскиот регион се забележува зголемување на површините под шуми и шикари, како резултат на намалениот интензитет на експлоатација на шумските површини што произлегува одж деценискиот процес на емиграција на населението и, секако, поради организираниот систем на пошумување и природна ревегетација на шумите.

Најквалитетните насади под шума се концентрирани во планинскиот појас, а најнеквалитетните во ридските подрачја на општината. Нискостеблестите шуми и шикари имаат ниска производна способност, но се со мошне значајна заштитна функција.

Присуството на шумите во преспанскиот регион претставува значајна претпоставка за развој на одредени видови туристички активности поврзани со рекреативната функција, пешачење, прошетки во природа, берење лековити растенија и шумскi плодови итн.

Води Хидрографските одлики на преспанскиот регион имаат посебно значење за населението од овој крај како извор на издршка и вработување во повеќе стопански дејности поврзани со овој природен ресурс: туризмот, рибарството, угостителството и др.

Во водите на Големото Езеро се наоѓа тромеѓата на македонската, албанската и грчката граница. Големото Преспанското Езеро зафаќа површина од 284 км2, со 54 метри најголема длабочина и надморска височина од 853 метри. Од вкупната површина на езерото, 65% припаѓа на Македонија, 18% на Албанија и 17% на Грција. Малото Преспанско Езеро зафаќа површина од 45,59 км2 и е за три метри повисоко од Големото, се наоѓа на територијата на Грција и мал дел во Албанија.

Клима Климата во целиот Преспански регион е умерено-континентална, со средоземно влијание преку клисурата Грло на југозапад од Малото Преспанско Езеро и преку планинскиот превој Превтис на југозападниот дел од Мала Преспа. Се одликува со топли лета во кои ноќите се свежи и со благи зими. Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 64%. Водата на Преспанското Езеро во одредена мерка се јавува како климатски модификатор на својата околина. Езерото кое се наоѓа на надморска височина од 850 м претставува терморегулатор за околниот воздух, посебно на температурата на воздухот во зимските месеци, особено во декември и јануари. Преодот од зимата кон летото е нешто побрз заради што пролетта е послабо изразена годишна сезона во однос на есента, што секако претставува важна одлика од интерес за претсојот на туристите во текот на есенските месеци во коишто во општината Ресен се организираат значајни манифестации како што е Јаболкоберот кој се одржува на крајот од септември.

Просечната годишна температура изнесува 10,2 °С, со најтопол месец јули со просечна месечна температура од 21 °С, минимална вредност од 0,3 °С во јануари.

Преспанската Котлина се одликува со долготрајно сончево зрачење со просечна годишна сума од 1 400 до 2 600 часови. Во однос на ветровите и струењето на воздухот присутни се локалните ветрови со режим условен од езерото поради нееднаквото загревање на воздухот над копното и над езерската шир заради што се зголемува општата зачестеност на ветровите во ова подрачје. Маглата во Преспанското подрачје е ретка појава, главно поради честото проветрување и присуство на големите езерски водени површини.

На македонскиот дел од Големото Преспанско Езеро, главни притоки со кои се храни со вода се реките Источка, Преторска, Брајчинска и Голема Река, која поминува низ градот Ресен. Водите на Преспанското Езеро преку понорници истекуваат во Охридското Езеро.

Сообраќај Низ Општина Ресен поминуваат следниве патишта:

Автопатишта: Автопат А3: Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Делчево-граница со Бугарија.

Регионални патишта: Регионален пат 1101: Прилеп-Битола-Макази-Царев Двор. Регионален пат 1307: Ресен-Царев Двор-Отешево-граница со Албанија и делница Стење-Коњско. Регионален пат 1308: Макази-Претор-граница со Грција.

Наводи

Надворешни врски

Општина Ресен — официјален портал Општина Ресен во „АБВ - деловен именик“