мини|десно|300п|Небесниот екватор е наклонет 23,4° во однос на еклиптичката рамнина. На сликата е прикажан односот помеѓу Земјиниот осен наклон (сплеснатост), оската на вртење и орбиталната рамнина. Небесен екватор — голема кружница на замислената небесна сфера која лежи на иста рамнина со Земјиниот екватор. Со други зборови, ова е проекција на земскот екватор во вселената. Поради Земјиниот осен наклон, небесниот екватор е наклонет 23,4°Корисни константи - Меѓународна служба за Земјината ротација и упатни системи во однос на еклиптичката рамнина.
Ако стоиме на земскиот екватор, небесниот екватор можеме да го замислиме како полукруг што минува низ зенитот веднаш над нас. Ако се придвижиме северно (или јужно), небесниот екватор ќе се наклони кон јужниот (или северниот) хоризонт. Небесниот екватор е бескрајно далечен (бидејќи е наоѓа на небесната сфера); затоа краевите на полукругот секогаш завршуваат точно на исток и точно на запад, без оглед натоа каде се наоѓаме на Земјата. (Но на половите небесниот екватор е паралелен на хоризонтот.) Небесниот екватор изгледа совршено прав на секоја географска ширина бидејќи набљудувачот е конечно оддалечен од рамнината на небесниот екватор, но бесконечно оддалечен од самиот небесен екватор.
Астрономските тела близу небесниот екватор се гледаат од секое место во светот, но кулминираат на небото во тропските предели.
Небесниот екватор минува низ следниве соѕвездија:
Риби Кит Бик Еридан ОрионЕднорог Мало Куче Водна Змија Секстант ЛавДевица Змија Змијоносец Орел Водолија
Поврзано Небесен пол Небесна сфера
Наводи
Надворешни врски Небесните координати и екваторот - Скопско астрономско друштво
Категорија:Небесни координатни системи Категорија:Небесна механика Категорија:Динамика на Сончевиот Систем Категорија:Технички чинители во астрологијата
de:Äquator#Himmelsäquator