мини|300п|Неправилната галаксија Секстант A од Месната група е оддалечена 4,3 милиони светлосни години. Сјајните жолтеникави ѕвезди во преден план му припаѓат на Млечниот Пат. Зад нив се ѕвездите од Секстант A со јасно видливи јата од млади сини ѕвезди.

Месна Група (наречена и „Локална Група“) — група на галаксии во која спаѓа и Земјината галаксија — Млечниот Пат (Кумовата Слама). Групата се состои од над 30 галаксии (вклучувајќи џуџести), со гравитациското средиште (тежиштето) некаде помеѓу Млечниот Пат и галаксијата Андромеда. Групата има пречник од 10 милиони светлосни години, а галаксиите имаа бинарен облик (облик на тег). Се смета дека групата има вкупна маса од (1,29 ± 0,14)Ms. Самата група е дел од Месното Суперјато (Девица).

Двата најмасивни објекти во групата се Млечниот Пат и галаксијата Андромеда. Овие две спирални галаксии имаат свои придружни галаксии. Системот на придружни галаксии на Млечниот Пат се состои од Стрелец, Големиот Магеланов Облак, Малиот Магеланов Облак, Големо Куче, Мала Мечка, Змеј, Кобилица, Секстант, Вајар, Печка, Лав I, Лав II и Голема Мечка. Системот на придружни галаксии на галаксијата Андромеда се состои од M32, M110, NGC 147, NGC 185, Анд I, Анд II, Анд III, Анд IV, Анд V, Пегаз (или Анд VI), Касиопеја (или Анд VII), Анд VIII, Анд IX и Анд X. Галаксијата Триаголник, која е трета по големина и единствената обична спирална галаксија во групата може да е придружник на галаксијата Андромеда, но веројатно нејзин придружник е Риби. Припадноста на NGC 3109, и нејзините придружници Секстант A и Пумпа не е со сигурност утврдено поради нивната извонредно голема оддалеченост од Месната Група. Другите членови на групата се гравитациски изолирани од овие големи подргупи: IC10, IC1613, Феникс, Лав A, Тукан, Кит, Пегаз, Цолф-Лундмарк-Мелот, Водолија и Стрелец.

Историја Поимот „Месна Група“ го вовел астрономот Едвин Хабл во Глава VI од неговото дело „Царството на маглините“ (The Realm of the Nebulae) (Hubble 1936, стр. 124–151). Таму тој ја опишува како „типична мала група маглини што е изолирана во општото поле.“ Хабл ги наведува објектите што ја сочинуваат по надолен редослед на сјајност: M31, Млечниот Пат, M33, Големиот Магеланов Облак, Малиот Магеланов Облак, M32, NGC 205, NGC 6822, NGC 185, IC 1613 и NGC 147 (и IC 10 можен припадник). Во 2003 г. бројот на составни објекти изнесувал триесет и шест (од првичните дванаесет), со откривањето на речиси две дузини нискосјајни галаксии.

Составни галаксии Карта

Галактички тела Спирални галаксии Име Тип Соѕвездие Белешки Адромеда (Гумно, M31, NGC 224) SA(s)b Андромеда Најголема галаксија во групата. Неодамна (2006) е востановено дека е пречкеста спирална галаксија. Може да е помалку масивна од Млечниот Пат. Млечен Пат (Кумова Слама) SBbc — Втора по големина во групата, иако можеби најмасивна. Триаголник (M33, NGC 598) SAc Триаголник Трета по големина, единствената обична спирална галаксија и можен придружник на галаксијата Андромеда. Елиптични галаксии Име Тип Соѕвездие Белешки M110 (NGC 205) E6p Андромеда придружник на галаксијата Андромеда M32 (NGC 221) E2 Андромеда придружник на галаксијата Андромеда Неправилни галаксии Име Тип Соѕвездие Белешки Волф-Лундмарк-Мелот (WLM, DDO 221) Ir+ Кит IC 10 KBm или Ir+ Касиопеја Мал Магеланов Облак (SMC, NGC 292) SB(s)m pec Тукан придружник на Млечниот Пат Големо Куче Irr Големо Куче придружник на Млечниот Пат Риби (LGS3) Irr Риби придружник на галаксијата Триаголник? IC 1613 (UGC 668) IAB(s)m V Кит Феникс Irr Феникс Голем Магеланов Облак (LMC) Irr/SB(s)m Златна Рипка Четврт објект по големина во групата, придружник на Млечниот Пат Лав A (Leo III) IBm V Лав Секстант B (UGC 5373) Ir+IV-V Секстант NGC 3109 Ir+IV-V Водна Змија Секстант A (UGCA 205) Ir+V Секстант Џуџести елиптични галаксии Име Тип Соѕвездие Белешки NGC 147 (DDO 3) dE5 pec Касиопеја придружник на галаксијата Андромеда Стрелец (SagDIG) IB(s)m V Стрелец Најоддалечена од тежиштето. NGC 6822 (Барнардова галаксија) IB(s)m IV-V Стрелец Пегаз (DDO 216) Irr Пегаз Џуџести сфероидни галаксии Име Тип Соѕвездие Белешки Воловар dSph Воловар Кит dSph/E4 Кит Ловечки Кучиња dSph Ловечки Кучиња Andromeda III dE2 Андромеда придружник на галаксијата Андромеда NGC 185 dE3 pec Касиопеја придружник на галаксијата Андромеда Андромеда I dE3 pec Андромеда придружник на галаксијата Андромеда Вајар (E351-G30) dE3 Вајар придружник на Млечниот Пат Андромеда V dSph Андромеда придружник на галаксијата Андромеда Андромеда II dE0 Андромеда придружник на галаксијата Андромеда Печка (E356-G04) dSph/E2 Печка придружник на Млечниот Пат Кобилица (E206-G220) dE3 Кобилица придружник на Млечниот Пат Пумпа dE3 Пумпа Лав I (DDO 74) dE3 Лав придружник на Млечниот Пат Секстант dE3 Секстант придружник на Млечниот Пат Лав II (Leo B) dE0 pec Лав придружник на Млечниот Пат Мала Мечка dE4 Мала Мечка придружник на Млечниот Пат Змеј (DDO 208) dE0 pec Змеј придружник на Млечниот Пат Стрелец (SagDEG) dSph/E7 Стрелец придружник на Млечниот Пат Тукан dE5 Тукан Касиопеја (Андромеда VII) dSph Касиопеја придружник на галаксијата Андромеда Пегаз (Андромеда VI) dSph Пегаз придружник на галаксијата Андромеда Голема Мечка dSph Голема Мечка придружник на Млечниот Пат Неутврдени Име Тип Соѕвездие Белешки Ѕвезден поток во Девица dSph (остаток)? Девица Во фаза на спојување со Млечниот Пат Вилман 1 џуџеста сферна галаксија или збиено јато? Голема Мечка оддалечена 147.000 светлосни години Андромеда IV Irr? Андромеда веројатно не е галаксија UGCA 86 (0355+66) Irr, dE или S0 Жирафа UGCA 92 (EGB0427+63) Irr или S0 Жирафа Веројатно не припаѓаат Име Тип Соѕвездие Белешки GR 8 (DDO 155) Im V Девица IC 5152 IAB(s)m IV Индијанец NGC 55 SB(s)m Вајар Водолија (DDO 210) Im V Водолија NGC 404 E0 or SA(s)0- Андромеда NGC 1569 Irp+ III-IV Жирафа NGC 1560 (IC 2062) Sd Жирафа Жирафа A Irr Жирафа Арго Irr Кобилица ESO 347-8 (2318–42) Irr Жерав UKS 2323-326 Irr Вајар UGC 9128 (DDO 187) Irp+ Воловар Паломар 12 (Јарец) Јарец збиено јато, порано сметана за џуџеста сфероидна галаксија Паломар 4 (првично наречена Голема Мечка) Голема Мечка збиено јато, порано сметана за џуџеста сфероидна галаксија Секстант C

Други позначајни објекти Смитов облак - големобрзински облак, оддалечен помеѓу 32.000 и 49.000 светлосни години од Земјата, и 8000 светлосни години од дискот на Млечниот Пат. HVC 127-41-330 - големобрзински облак, оддалечен 2,3 милиони светлосни години од Земјата

Дијаграм

Поврзано Галактички збирови (групи и јата) Список на најблиски галаксии Список на галактички јата Месно Суперјато (Девица) Придружни галаксии на галаксијата Андромеда Придружни галаксии на Млечиот Пат

Наводи

Надворешни врски

Месната Група на галаксии - SEDS: Месјеови објекти

Категорија:Галактички јата

Категорија:Девица (суперјато)