мини Астрономски каталог — список или табела на астрономски објекти, групирани по ист тип, морфологија, потекло, средство на пронаоѓање или начин на откривање. Се изработуваат со извидување и попишување на објектите на небото.
Каталози од историска важност
„Книга на неподвижните ѕвезди“ (арап. كتاب سور الكواكب) од персискиот научник Абдурахман ел-Суфи (Азофи), објавен во 964 г. - дава подробен опис на над илјада ѕвезди и првиот опис на галаксијата Андромеда (Гумно) и Големиот Магеланов Облак. „Уранометрија“ (лат. Uranometria) од германскиот астроном Јохан Бајер - објавена во 1603. Содржи 1200 ѕвезди заведени по т.н. Бајерово означување: грчки букви со генитивниот назив на матичното соѕвездие, како на пример α Centauri (Алфа Кентаур(и)). „Историја на британското небо“ (лат. Historia coelestis Britannica) од англискиот астроном Џон Флемстид - објавено во 1725, ги наведува ѕвездите по т.н. Флемстидово означување: двоцифрени број и генитивниот назив на матичното соѕвездие, како на пр. 61 Cygni (61 Лебед). Шарл Месје Месјеов каталог - „Маглини и ѕвездени јата“ - објавен во 1781, со објекти M1 – M110. „Нов општ каталог“ (англ. New General Catalogue) - составен во 1880-тите, содржи објекти NGC 0001 – NGC 7840. каталог „Хенри Дрејпер“ (англ. Henry Draper Catalog) од американскиот астроном Хенри Дрејпер (обј. 1918-1924) - содржи над 225.000 најсјајни ѕвезди, именувани со ознаката HD и шестцифрен број. Колдвелов каталог (англ. Caldwell catalogue) - составен од англискиот астроном Патрик Мур во 1995 како дополнување на Месјеовиот каталог. Наведените се 109 сјајни ѕвездени јата, маглини и галаксии. Ознаките се движат од C1 до C109. Ова не е вистински астрономски каталог во потесна смисла на зборот, туку збирка од интересни објекти наменета за аматерите. 2MASS - најамбициозниот потфат за заведување на објектите на небото. Меѓу целите на проектот се вбројуваат кафеави џуџиња, опсежно попишување на нискомасивни ѕвезди и сите откриени ѕвезди и галаксии. Заведени се над 300 милиони точкести и 1 милион просторни извори.
Често користени каталози Хипаркосов каталог (англ. Hipparcos Catalogue) - содржи податоци за околу 118.000 ѕвезди. „Тихо-2“ (Tycho-2) - содржи податоци за околу 2.500.000 ѕвезди. Именуван во чест на данскиот астроном Тихо Брахе. USNO B1.0 (1.042.618.261 ѕвезди/галаксии) „6-та орбита“ (англ. 6th Orbit Catalog) - каталог на орбитални елементи во двојните и повеќекратните ѕвездени системи „Вашингтонски каталог на двоѕвезди“ (анг. Washington Double Star Catalog) „Каталог на сјајни ѕвезди“ (анг. Bright Star Catalogue) NOMAD и придружните каталози
Поврзано Список на астрономски каталози Ѕвезден каталог Астрограф - инструмент за изработка на астрономски каталози
Наводи
Надворешни врски Пребарување на највеќето астрономски каталози