Горно Село — археолошко наоѓалиште во кичевското село Белица. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 800 м југоисточно од селото, во приватни ниви, распослани на мала височинка што потсетува на могила, каде има грамади од камења насобрани при расчистувањето на нивите. Југоисточно од оваа месност се наоѓа слична могила на која се гледаат вкопани камења. На повеќе места на наоѓалиштето има дупки копани од диви копачи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Св. Алексанрија — средновековна црква и некропола; Белица; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Белица (Кичевско)