мини|десно|Илустрација на соѕвездието Орион во Бајеровата „Уранометрија“
Јохан Бајер (герм. Johann Bayer), (1572 – 7 март 1625) бил германски правник и астрономски картограф. Роден е во 1572 г во Рајн, Баварија. Во 1592 запишал филозофски студии во Инголштат, а подоцна се преселил во Аугсбург и станал правник. Таму почнал да ја изучува и практикува астрономијата. Во 1612 станал правен советник на градската управа на Аугсбург. Починал во 1625.
Бајер е најпознат по неговиот ѕвезден атлас „Уранометрија“ (Uranometria, 1603), што претставува првиот атлас на сета небесна сфера.Asimov, Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology, II преработено издание Во него вовел нов систем на означување на ѕвездите, подоцна наречен „Бајерово означување“. Во делото се вклучени 12 нови соѕвездија од јужниот крај на небото што не им биле познати на старогрчките и римските астрономи.
Во негова чест е именуван кратерот Бајер на Месечината.
Поврзано Бајерово означување Јулиус Шилер Џон Флемстид
Наводи
Надворешни врски Полн дигитален факсимил - Библиотека „Линда Хол“
Категорија:Родени во 1572 година Категорија:Починати во 1625 година Категорија:Германски астрономи Категорија:Луѓе од Баварија