Александар Викторович Костоглод (, роден во Ростов-на-Дон)руски кану-спринтер којшто се натпреварува од раните 1990-ти. Натпреварувајќи се на четири Летни олимписки игри, тој освои трии медали од кој два сребро на Летните олимписки игри 2004 (дисциплини:Ц-2 1000 метри и Ц-2 500 метри) и еден бронзен медал на Летните олимписки игри 2008 (дисциплина:Ц-2 500 метри). Костоглод бил шампион на ИКФ Светските Кану Спринт Првенства во категорија Канадски стил.
Костоглод започна со тренирање на четиринаесет години, по сугестии на пријател на неговата фамилија и двојниот светски шампион Владимир Ладоша. За една година тој стана шампион на СССР во категоријата на неговите години. На 18 години тој беше сениорски национален шампион и се натпреваруваше на Летните олимписки игри во Барселона, тој беше разочаран со своето десетто место во дисциплината Ц-1 1000 метри, но оттогаш призна дека како млад тој се потпирал само на својата природна сила, а тоа било главниот недостаток на техника.
Тој ја освои својата прва од шест златни медали на 1994 ИКФ Светските Кану Спринт Првенства на 20 години во Град Мексико. На 1998 ИКФ Светските Кану Спринт Првенства, заедно со Максим Опалев ја претставуваа Русија во дисциплината Ц-1, Костоглод беше заедно во тим со Александар Ковалјов во дисциплината Ц-2. Овој пар беше многу успешен, освојувајќи две последователни Светски Кану Спринт Првенства во дисциплината 1000 метри во 1998 и 1999. Неговите други три златни медали беа во дисциплината Ц-4. Трите медали што Костоглод ги освои на Светското кану спринт првенство 2003, му беа одземени заради тоа што неговиот совеслач Сергеј Улегин на тест допингот покажа дека е позитивен.
Сепак, без дисциплината Ц-4 на својот распоред, Олимписките медали беа неостварливи за него. На Летните олимписки игри 2008 тој го освои само четвртото место во финалето на дисциплината Ц-2 1000 метри, губејќи медал за само 0,14 секунди. На Летните олимписки игри 2004 тој освои два медали: сребро - дисциплина Ц-2 1000 метри бронза - дисциплина Ц-2 500 метри
Во 2006, Костоглод и Ковалјов завршија на петтото месо на Европското првенство и шесто на 2006 ИКФ Светските Кану Спринт Првенства во дисциплината Ц-2 1000 метри. Во дисциплината Ц-2 500 метри неговиот совеслач беше заменет со Улегин. Заедно тие стана светски шампиони, завршувајќи со предност од само една секунда пред нивните противници, германицте Роберт Нук и Стефан Холтз, во двете финалиња.
Костоглод е висок 185 см и тежок 93 килограми.
Наводи Canoe09.ca profile ICF medalists for Olympic and World Championships - Part 1: flatwater (now sprint): 1936-2007. ICF medalists for Olympic and World Championships - Part 2: rest of flatwater (now sprint) and remaining canoeing disciplines: 1936-2007. Sports-reference.com profile
Категорија:Руски кајакари