Химна на слободата (, Ýmnos is tin Eleftherían) е поема напишана од Дионисиос Соломос во 1823 година, што се состои од 158 строфи. Музиката ја компонирал Николаос Манѕарос. Во 1865 година, првите три строфи, а подоцна првите две, официјално станале државна химна на Грција, а подоцна и на Република Кипар.

Во Уставот на Кипар од 1960 година не се спомнува ништо околу химната. По договорот направен меѓу двете етнички заедници на островот (грчката и турската), во официјални околности, некое дело од класичната музика требало да се изведува како химна. Сепак, по отфрлањето на измените и дополнувањата на Уставот предложени од Макариос III во 1963 година и граѓанската војна, турските претставници излегле од Владата. Ова резултирало со одлука на Советот на министри од 16 ноември 1966 година Химна на слободата да се усвои како официјална химна на грчкиот дел на Кипар. Химна на слободата била и грчка кралска химна (од 1864 г.).

Музиката за химната била компонирана во 1865 година од страна на крфскиот композитор на опери Николаос Манѕарос, кој компонирал две хорски верзии, една долга (за целата поема) и кратка (за првите две строфи). Подоцна кратката верзија е прифатена за државна химна на Грција.

Оваа химна се изведува на секоја завршна церемонија на Олимпијадата, со што и се оддава почит на Грција како на лулка на древните Олимписки игри.

Текст

грчки

Σε γνωρίζω από την κόψη, του σπαθιού την τρομερή, Σε γνωρίζω από την όψη, που με βια μετρά[ει] τη[ν] γη.

Απ' τα κόκαλα βγαλμένη, των Ελλήνων τα ιερά, Και σαν πρώτα ανδρειωμένη, χαίρε, ω χαίρε Ελευθεριά.изговор

Se gnorízo apó tin kópsi, tou spathioú tin tromerí, Se gnorízo apó tin ópsi, pou me viá metrá[i] ti[n] yi.

Ap' ta kókala vgalméni, ton Ellínon ta ierá, Ke san próta andrioméni, hére, o hére, Eleftheriá!македонски (поетски превод)

Секогаш ќе те познавам по смртоносниот меч што го држиш, како земја, со јасна визија, не надгледуваш со храбар дух.

Смртта на Грците од дамнина го создала нашиот слободен дух. Сега, во новиот раст на древната сила, те поздравуваме тебе, Слободо!

Наводи

Химна за слободата Категорија:Национални симболи на Грција Категорија:Композиции во еф-дур