Романска делегација во посета на Гопеш е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година со должина од 2 минути. Иако се работи за дел од една целина - Романска делегација во посета на Македонија - Милтон Манаки, при идентификацијата на филмовите, овој материјал го спомнува трипати Профил на Романска делегација во посета на Битола на страницата на МИФЦ.. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм.
Кратка содржина
Втората целина од престојот на романската делегација во Македонија ја опфаќа посетата на Гопеш и нивниот пат до Моловишта на пропатување од Битола кон Ресен и Охрид.
Браќата Манаки ја следеле делегацијата и на овој материјал е забележано пристигнувањето на делегацијата и нејзиниот пречек во Гопеш, како и дел од патот кон Моловишта и соседните села.
Поврзано Браќа Манаки Романска делегација во посета на Македонија
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Филмови на браќата Манаки