Наполеон Бонапарт (, — ) — француски император, основоположник на многу реформи на Француската револуција. Тој е еден од најголемите воени генијалци во XIX век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народите и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 година и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.
Ран живот thumb|лево|Наполеон ги преминува Алпите од Жак-Луј Давид Наполеон e роден на 15 август 1769 г. во Ајачо, на островот Корзика и e крстен како Наполеоне ди Бонапарте (во Франција неговото име станало Наполеон БонапартNapoléon 1er, Empereur des Français). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Шарл) Бонапарт и Летиција Рамолино Бонапарт, и двајцата од повисоката корзиканско-италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за корзиканската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник.
Пред започнувањето на револуцијата, тој станал поручник (1791) во Корзиканската национална гарда. Во 1793, Корзика се декларирала како независна, а Бонапартa, француски патриот и републиканец, побегнал во Франција со своето семејство. Тој бил унапреден во капетан, за опседнувањето на армијата на Тулун, врз основа на тоа морнарицата, потпомогната од Британската флота, Жозефина де Боарне, првата жена на Наполеон предизвикала револт во републиката. Заменувајќи го повредениот генерал на артилеријата, тој со голема војска ја истерал Британската флота од пристаништето, а Тулун паднал. Како резултат, Бонапарт бил промовиран како бригаден генерал на возраст од 25 години. Во 1795, тој ја зачувал револуционерната управа со разделување на бунтовничките толпи во Париз. Во 1796 тој се оженил со Жозефина де Боарне, вдовица на аристократ, кој бил гилотиниран во Револуцијата, и мајка на две деца. Умрел на 5 мај 1821 година.
Рана кариера Битката кај реката Нил Во август 1798 Француската флота под контрола на вицеадмиралот Франсоа Пол Бруе де Агаилие била разбиена од малата британска армада предводена од Хорацио Нелсон во Битката кај Нил, кај местото Абу Оир Бај во Египет. Разбивањето го пропуштил Бонапарт, кој ја предводел експедицијата, а бил оставен во Египет. Во исто време разрушувањето на француската флота ја гарантирало поморската власт на Британците на Средоземното Море. мини|250п|десно|Империјата на Наполеон во 1811 година (Франција е прикажана со темносина, а земјите-сателити со светлосина боја) Исто така во 1796, Бонапарт бил ставен за командант на француската армија во Италија. Неговата моќ и популарност во Франција го заплашиле Директориумот (тогашната влада), па затоа во 1798 година го упатиле во Египет каде што требало да ја попречи британската трговија со Индија. Но, оваа акција била осуетена со Нелсоновата победа кај утоката на Нил. Тој победил четири австриски генерали последователно, секој со супериорна надмоќност, и ги принудил Австрија и нејзините покраини да склучат мир. Склучил договор во Кампо Формио со услов Франција да ја задржи завладеаната територија. Во северна Италија тој ја пронашол Кизалпинската (Италијанска) Република (подоцна позната како Кралството на Италија) и си ја засилил својата позиција во Франција со праќањето на милиони франци како богатство за владата. Во 1798, за да ја спречи трговијата на Британците со Истокот, тој водел експедиција на отоманскиот Египет, кој го освоил. Неговата флота била уништена од британскиот адмирал Хорацио Нелсон, без негово присуство. Без размислување тој вовел реформи во египетските права и закони, укинувајќи го ропството и феудализмот со гаранција за основните права. Француските образовани луѓе тој ги водел со себе на почетокот на научното учење за старата египетска историја. Во 1799 тој не успеал да ја освои Сирија, но победил во една битка над Отоманците во Абу Оир (Абукир). На Франција, во меѓувреме, и се спротивставувала нова коалиција; Австрија, Русија, и помалку моќната поддршка од Британија.
Правилата на Наполеон во Франција мини|десно|150п|Наполеон како Прв конзул. Бонапарт, не толку скромно, решил да ја остави својата армија и се вратил назад да ја спаси Франција. Во Париз, тој се вклучил во заговорот против владата. Во државниот удар на 9-10 ноември 1799 тој и неговите колеги ја презеле власта и установиле нов режим - Конзулатот. По негово уредување, Бонапарт, како прв конзул, имал речиси диктаторска сила. Уредувањето било променето во 1802 година за Бонапарт цел да живот биде конзул и во 1804 година се прогласил за император. Секоја промена што ја вршел добивал голема согласност од избирачкото тело. Во 1800 година тој ја осигурал својата власт со преминувањето на Алпите и разбивајќи ги Австријците кај Маренџо. Потоа тој преговарал за европски мир што ја установува реката Рајна за источна граница на Франција. Исто така се согласувал со папата (Конкорд од 1801 година), што придонело Французите да имаат домашна спокојност и да ја прекинат расправијата со Римската католичка црква за време на Револуцијата. Во Франција, администрацијата била обновена, внатрешниот систем бил упростен, а сите училишта биле под централна власт. Француските закони биле стандардизирани со Наполеоновиот кодекс, или народен кодекс, и уште шест кодекси. Тие ги гарантирале правата и слободата од Револуцијата, вклучувајќи рамноправност пред законот и слобода во религијата.
Воени подвизи Во април 1803 година, Британија, испровоцирана од агресивното однесување на Наполеон, ја продолжила војната на море. Две години подоцна Русија и Австрија се придружиле на Британија во нова коалиција. Наполеон тогаш ги оставил своите планови да завладее со Англија и ги насочил своите сили кон австро-руските трупи, победувајќи ги кај Аустерлиц на 2 декември 1805 година. Во 1806 година го зазел кралството Наполи и за крал го поставил својот постар брат Жозеф, ја претвора Холандската Република во кралство за неговиот брат Луј, и ја установил Конфедерацијата на Рајна (повеќето германски покраини) со која што тој управувал. Прусија тогаш стапила во сојуз со Русија и ја нападнале конфедерацијата. Наполеон ги разрушил пруските трупи кај Сена и Ауерштед (1806) и руските трупи кај Фриланд. Во Тилсит (јули 1807), Наполеон направил сојуз со цар Александар и значително ги намалил границите на Прусија. Тој уште направил и помали државички во својата империја: кралството Вестфалија за неговиот брат Жером, војводството Варшава и др. мини|лево|200п|Наполеон пред сфингите во Египет. Наполеон во меѓувреме го утврдил континенталниот систем, француско наметнување на блокада во Европа против британските добра, создаден за да банкротираат, како што тој ги нарекувал „нацијата на дуќанџиите”. Во 1807 година Наполеон ја освоил Португалија. Во 1808 година неговиот брат Жозеф го направил крал на Шпанија и му го доделил Неапол на неговиот зет, Жоашен Мира. По пристигнувањето во Шпанија Жозеф наишол на отпор, кој бил познат како Полуостровски војни. Наполеон кратко учествувал и постигнал победи, но по неговото заминување борбите продолжиле уште пет години, со британската поддршка на шпанската армија и герилите. Полуостровските војни ја чинеле Франција 300.000 несреќни случаи, неискажана сума на пари и придонеле за евентуалното слабнење на Наполеоновата империја.
Во 1809 година Наполеон ги победил Австријците кај Ваграм, припојувајќи ги и илирските покраини (сега делови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора), а воедно ги укинал и папските земји. Исто така, се развел со Жозефина и во 1810 година се оженил со надвојвотката Марија Луиза, ќерка на австрискиот император. Според поврзувањето на неговата династија со старите правила во Европа тој се надевал дека неговиот син, кој се родил набргу во 1811 година, ќе биде со поголемо задоволство прифатен од афирмираните монаси. Во 1810 година, неговата империја го добила своето најголемо ширење со завладувањето на Бремен, Либек и други делови од Северна Германија, заедно со кралството на Холандија, следејќи ја силната абдикација на Луј Бонапарт.
Битката кај Аустерлиц Битката кај Аустерлиц е една од најдобрите воени судири предводена од Наполеон. Се одвивала на местото близу селото Аустерлиц (денес, Славков кај Брно, Чешка) на 2 декември 1805 година, меѓу француската војска од околу 68.000 и австро-руската војска околу 90.000. Некои ја нарекуваат „битката на тројцата императори”, бидејќи Наполеон, Франц I од Австрија и Александар I од Русија биле присутни на бојното поле.
Наполеон ги победил Австријците кај Улм во октомври и ја окупирал Виена во ноември, но дел од австриската војска останала недопрена и продолжила на север да му се придружи на рускиот сојузник кај Олмуц во Моравија. Наполеон бил предводен од идејата за брза победа, пред Прусија да може да ѝ се придружи на антифранцуската коалиција и да ги зголемат силите против него.
Наполеон напредувал сè до Брно во крајот на ноември и тогаш се повлекол на неколку милји, надевајќи се дека рускиот командант, принцот Михаил Иларионович Кутузов, ќе се обиде да го нападне, со намера да му ја нападне страничната линија и да му ја пресече неговата линија на повлекување кон Виена. Антифранцуските сојузници тогаш го зазеле полето Процен западно од Аустерлиц, а на 2 декември Русите успеале да го нападнат десното крило на војската на Наполеон, како што се надевал тој. Овој напад и уште еден од Австријците на левото крило биле одбиени. Од оваа гледна точка, Наполеон ја испратил неговата централна сила, под команда на маршалот Никола Султ, против сојузничкиот центар, кој бил слаб за да ги издржи страничните потези. По жестоката борба, Французите ја разбиле австриската и руската борбена линија и ја комплетирале маршрутата. Французите изгубиле 9.000 луѓе, а сојузниците околу 25.000. Како резултат од оваа победа, тројната коалиција против Наполеон се распаднала.
Битката кај Маренџо Битката кај Маренџо, е победата на Наполеон Бонапарт над австриската армија во Војната на Првата коалиција (1792 - 1801). Пролетта 1800 година, Бонапарт, првиот конзул на Француската Репубика, предводел офанзива против Австријците, кои ја окупирале Северна Италија. На 14 јуни, австрискиот генерал Михаил фон Мелас со војска од околу 30.000 војници и стотина топови, го нападнале Наполеон кај Маренџо, северно од Џенова. Бонапарт, кој имал само 19.000 војници и 14 топа, бил принуден да се повлече. Мелас не успеал да ја продолжи неговата предност и Французите по добивањето на засилување, контранападнале и победиле. Тоа била прва од серијата победи на Французите што довело до завршување на војната, следната година.
Битката кај Лајпциг Битката кај Лајпциг, наречена Битка на нациите, била одлучувачкиот судир на француската армија на Наполеон, со оние на Австрија, Прусија, Русија и Шведска, водена од 16-19 октомври 1813 година, кај Лајпциг, Германија. Исплашен од коалицијата со загубата на виталната комуникација низ градот, Наполеон го чекал нападот на 16 октомври, но наредните денови на коалицијата, која била со огромна супериорност во однос на силата, ѝ се приклучиле новодојдени сили. Нападот започнал на 18 октомври и рано изутрината наредниот ден, по девет часа борба, Наполеон наредил повлекување преку реката Вајсе Елстер. Во конфузијата, мостот на реката се кренал предвремено, пред да заврши повлекувањето, оставајќи 30.000 француски војници да бидат земени во притвор во градот. Последиците на двете страни се проценети меѓу 90.000 и 120.000 жртви. Сепак, Битката кај Лајпциг делотворно ја елиминирала Наполеоновата моќ источно од Конфедерацијата на Рајна.
Владеењето на Наполеон во Европа