Абрахам Линколн (англиски: Abraham Lincoln, роден на - починал на ) — шеснаесеттиот Претседател на Соединетите Американски Држави и првиот Претседател од Републиканската партија од март 1861 до неговиот атентат во април 1865 година. Линколн бил претседател на САД во чие време започнала Американската граѓанска војна како најкрвава војна и можеби нејзина најголема морална, уставна и политичка криза. Притоа, тој ја сочувал Унијата, го отворил патот за укинување на ропството, ја зацврстил федералната влада и ја модернизирал економијата.

Роден во Хоџенвил, Линколн пораснал на западната граница во Кентаки и Индијана. Во голема мера самообразован, тој станал адвокат во Илиноис, водач на партијата Виг, и бил избран во Претставничкиот дом на Илиноис, каде што работел осум години. Избран во Претставничкиот дом на Соединетите Држави во 1846 година, Линколн промовирал брза модернизација на економијата и се спротивставил на Мексиканско-американската војна. По еден мандат, се вратил во Илиноис и ја продолжил својата успешна правна практика. Повторно се вратил во политика во 1854 година, станувајќи водач во градењето на новата Републиканска партија, која имала мнозинство во државата во Илиноис. Како дел од кампањата од 1858 година за американскиот сенатор од Илиноис, Линколн учествувал во серија на многу публицирани дебати со неговиот противник и соперник, демократот Стивен А. Даглас. Линколн зборувал против проширувањето на ропството, но ја загубил трката со Даглас. Во 1860 година, Линколн обезбедил претседателска номинација на Републиканската партија како умерена, иако повеќето делегати првично се залагале за други кандидати. И покрај тоа што тој добил многу малку поддршка во државите на југ, тој го освоил Северот и бил избран за Претседател во 1860 година.

Иако имало обиди да се премостат разликите меѓу Северот и Југот, победата на Линколн поттикнала седум држави од југот да се отцепат од Соединетите Американски Држави и да ги формираат Конфедеративните Држави на Америка пред да се пресели во Белата куќа. Нападот на Конфедерацијата на Форт Самтер го инспирирал Северот да застане зад Унијата. Како водач на умерената фракција на Републиканската партија, Линколн се соочил со Радикалните републиканци, кои побарале построг третман на Југ. Линколн се борел повторно, спротивставувајќи ги своите противници едни против други, со внимателно планирано политичко покровителство и со апелирање до американскиот народ со своите ораторски способностиRandall (1947), pp. 65–87.. Неговото Гетисбергско обраќање станало основа за поддршка на национализмот, републиканизмот, еднаквите права, слободата и демократијата. Тој го суспендираше Habeas corpus, внимателно ги надгледувал воените напори, особено изборот на генерали, вклучувајќи го и неговиот најуспешен генерал, Јулисиз Симпсон Грант. Тој донел големи одлуки во врска со стратегијата на Унијата за војна, вклучително и поморска блокада која ја затворил трговијата на Југот. Како што напредувала војната, неговите сложени потези кон завршување на ропството вклучувале Прокламација за еманципација од 1863. Линколн ја користел армијата на САД за да ги заштити избеганите робови, и го поништил Тринаесеттиот амандман на Уставот на САД, според кој трајно се забранува ропството.

Искрено политичар длабоко инволвиран во проблемите со моќта во секоја држава, Линколн им се обратил на воените демократи и успеал да ја спроведе сопствената предизборна кампања на претседателските избори во 1864 година. Предвидувајќи го заклучокот на војната, Линколн го ублажил умерениот став за реконструкција, барајќи брзо да ја обедини нацијата преку политика на великодушно помирување, во услови на долготрајна поделба. На 14 април 1865 година, пет дена по предавањето на генералот на Конфедерацијата Роберт Ли, Линколн бил застрелан од конфедералниот симпатизер Џон Вилкс Бут и починал следниот ден. Линколн е постојано рангиран и од страна на научниците"Ranking Our Presidents" . James Lindgren. November 16, 2000. International World History Project. и од јавноста"Americans Say Reagan Is the Greatest President" . Gallup Inc. February 28, 2011. меѓу најголемите претседатели на САД.

Семејство и детство Рани години мини|Родното место на Линколн, денес Национален историски парк Абрахам Линколн Абрахам Линколн е роден на 12 февруари 1809 година, како второ дете на Томас и Нанси Хенкс Линколн, во близина на ХоџенвилDonald (1996), pp. 20–22.. Тој бил потомок на Семјуел Линколн, Англичанец кој мигрирал од Норфолк, во 1638 година. Тој бил наречен на неговиот дедо Абрахам Линколн, убиен од Индијанците. Родителите на Линколн биле речиси целосно необразовани. Подоцна, кога станал познат, репортерите и раскажувачите често ја преувеличувале сиромаштијата и темнината во која тој се родил. Всушност таткото на Линколн бил почитуван и релативно влијателен државјанин на областа, купил семејната фарма за 200 долари.

Три години по купувањето на имотот, поради спор на сопственоста, поднесена во Окружниот суд на ХардинWarren, p. 5.Donald (1996), p. 21., неговото семејство се преместило. Томас го водел случајот, но истиот го изгубил во 1815 година. Парите потрошени во процесот довеле до проблеми во семејството. Во 1811 година семејството успеало под наем да зема 30 акри од големиот 230 акри имот во Кноб Крик, земја која се наоѓа само на неколку милји од претходниот нивниот дом, а земјата е една од најдобрите во овие места. Во тоа време, таткото на Линколн веќе бил почитуван член на локалната заедница, успешен земјоделец и столар. Најраните спомени на Абрахам се од овој имот. Во 1815 година друг тужител презел акција за отстранување на семејството од нивната земја. Вознемирени од новиот судир, татко му изгубил секаква доверба во безбедноста на законите на Кентаки, по кое одлучил да се пресели во Индијана, чија територија била под контрола на федералната влада каде правата на сопственост на земјиштето биле посигурни. Многумина историчари веруваат дека сите овие проблеми се причината подоцна Абрахам да стане адвокат и да ја брани каузата за построга контрола врз примената на законите.

Во 1816 година, кога Линколн бил на седум години, тој и неговите родители се преселиле во Спенсер Каунти, ИндијанаWarren, p. 26., како што тој подоцна споменал „делумно поради ропството“ и делумно поради економските тешкотии во КентакиSandburg (1926), p. 20.Donald (1996), p. 23–24..

Во 1830 годинаBartelt, p. 25 and 71., по уште еден проблем со земјиштето и економските тешкотии, семејството добило од федералната влада земјиште кај Сангамон Ривер, Илиноис. Следната зима била особено тешка и семејството речиси се вратило во Индијана. Кога татко му го преселил семејството во соседната област, 22-годишниот Линколн презел решителни дејствија на своја глава и се предвижил со кану по Сангамон и се населил во сопствена фарма во Сангамон Каунти, Илиноис во селото Њу Сејлм. Истата година бил вработен од страна на локален трговец и заедно со неговите пријатели тој превезувал стока со брод до Њу Орлеанс. Таму веројатно ја видел продажбата на робови што оставиле белег врз него во текот на целиот живот.

Рана кариера

Линколн ја започнал својата политичка кариера во 1832 година, кога имал дваесет и три години со кампања за гласање за Генералното собрание на Илиноис. Неговата основна идеја била да се вршат подобрувања на речната навигација, за да се привлечат повеќе трговски премини по Сангамон, а тоа од своја страна ќе овозможило ретко населената и сиромашна област да се оживи и да просперира. Служел како капетан во американските доброволни чети на Илиноис и учествувал во војната на Црниот јастребWinkle, pp. 86–95., а по неговиот избор напишал дека „сличен исклучителен успех во животот ми дава големо задоволство“.

Подоцна, презел голем број комерцијални и политички активности но не успеал во сите нив. Откако го прочитал вториот том од четирите тома на „Коментари на законите на Англија“ од сер Вилијам Блекстоун, започнал да студира право во 1837 година, а истата година се преселил во Спрингфилд и започнал со пракса. Тој станал еден од најпочитуваните и успешни адвокати во Илиноис. Од 1834 година, Линколн опслужувал четири последователни мандати во Претставничкиот дом на ИлиноисSimon, p. 283.. Во 1837 година го искажал своето прво несогласување со ропството, како што кажал во својот говор дека тое е „политика која е докажано незаконска и лоша“Donald (1996), p. 134..

Од 1837 до 1841 година, Линколн живеел со Џошуа Фрај Спид во Спрингфилд. Некои современи биографи ја споделуваат контроверзната теорија дека нивната врска исто така била и сексуална. Ова прашање предизвикува исклучителен интерес и во 2005 списанието Тајм објавило истражување под наслов „Меланхолијата на Линколн: Како депресијата го подложува на тест еден претседател и го распалува неговото величество“ (Lincoln's Melancholy: How Depression Challenged a President and Fueled His Greatness), во кое авторот Џошуа Шенк тврди дека „да се дели едно легло со маж во средината на 19 век е толку нормално, колку и да се дели стан со маж во почетокот на 21 век“, објаснувајќи дека термините хетеросексуалност и хомосексуалност во времето на Линколн не постоеле. Не постои подобна заштита за Џејмс Бјукенан, кој на сличен начин го делел креветот со сенаторот Кинг. Напротив, се претпоставува дека неговата сексуалност е нејасна. За ваков вид толкување причина може да биде и широко распространетото мислење дека Бјукенен е најлошиот претседател на САД, додека за возврат Линколн се смета не само за национална икона, туку и за икона на Републиканската партија, позната по тоа што сè уште има тешкотии во прифаќањето на хомосексуалната еднаквост во американското општество.

Во 1841 година, тој почнал да работи заедно со Вилијам Хердон, колега од партијата Виги. Во 1856 година, тие се приклучиле на новоформираната Републиканска партија. По атентатот врз Линколн, Хердон започнал да собира раскази за претседателот од оние кои го познавале и ја објавил книгата „Линколн според Хердон“.

Брак

Според некои извори, првaта романтична љубов на Линколн била Ен Рутлејџ, која ја запознал кога првпат се преселил во Нов Салем. Овие извори покажуваат дека до 1835 година, тие биле во врска, но формално не биле во брак. Таа починала на 22-годишна возраст на 25 август 1835 година, најверојатно од тифусна трескаDonald (1996), pp. 55–58.. Во раните 1830-ти, тој ја сретнал Марија Овенс од Кентаки кога ја посетувала својата сестраDonald (1996), pp. 67–69; Thomas (2008), pp. 56–57, 69–70..

Во 1836, Линколн се согласил да се сретне со Марија ако се врати во Нов Салем. Марија се вратила во ноември 1836, и Линколн ѝ се додворувал, но сепак, и двајцата имале други мисли околу нивната врска. На 16 август 1837 година, Линколн и напишал на Марија писмо што сугерира дека нема да ја обвини ако ја прекине врската. Таа никогаш не одговорила на писмото и додворувањето завршило.

Во 1840 година, Линколн ја забележил Марија Тод, која била од богато семејство со робови во Лексингтон, КентакиLamb, p. 43.. Тие се сретнале во Спрингфилд, Илиноис во декември 1839 годинаSandburg (1926), pp. 46–48. и закажале свадба следниот декемвриDonald (1996), p. 86.. Свадбата за 1 јануари 1841 година била откажана кога двајцата ја прекинале врската на иницијатива на ЛинколнDonald (1996), p. 87.. Тие подоцна повторно се сретнале на забава и се венчале на 4 ноември 1842 година во СпрингфилдSandburg (1926), pp. 50–51.. Додека се подготвувале за свадбата, повторно се почувствувало вознемиреност по кое Линколн, на прашањето каде оди, одговорил: „Претпоставувам до пеколот“Donald (1996), p. 93.. Во 1844 година, двојката купила куќа во Спрингфилд во адвокатската канцеларија на Линколн. Марија Тод Линколн ја чувала куќата, често со помош на роднина или низнајмена слугинкаBaker, p. 142..