Алеида Марч (родена во 1937, Куба) била втората жена на Ернесто „Че“ Гевара и член на кубанската војска на Кастро. Во неколку изјави е кажано дека стапила во брак со Че Гевара на 23 март 1959, а и на 2 јуни 1959. По стапувањето во брак на 2 јуни, Гевара и Алеида заминале за Тарара, крајбрежно одморалиште на 20 километри од Хавана, каде што го поминале медениот месец.Кастанеда, стр. 159. Тие имале вкупно четири нивни деца: Алеида, Камило, Селија и Ернесто.

Таа е автор на книгата „Evocation“ во која се работи за нејзиното заљубување, а потоа и бракот со Че Гевара. Исто така и за воспитувањето на нејзиниоте четири деца по смртта на Гевара.„New York Daily News“, 1 октомври 2007.

Наводи

Извори Кастанеда, Хорге - „The Life and Death of Che Guevara: Companero,“ Њујорк: „Vintage Books“ (1998) ISBN 0-679-75940-9

Надворешни врски Центар за проучување на Че Гевара

Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Кубански писатели Категорија:Че Гевара Категорија:Родени во 1936 година

he:ארנסטו צ'ה גווארה#תולדות חייו