мини|240п|Цифрарна лампа (никси), вакуумско-флуоресцентен цифрарник и цифраник со светлечки диоди
Приказен уред (или приказник) — излезен уред за претставување на информации во визуелен или допирен облик (како на пр. допирни електронски приказници за слепи). Кај електронските приказни уреди, влезните информации доаѓаат од електросигнали. Најчести примери за вакви уреди се телевизорите, мониторите и информативните табли.
Цифрарници мини|десно|250п|Азбучнобројчен цифрарник со течни кристали (HD44780) Некои прикажуваат само цифри или азбучнобројчени знаци. Ваквите цифрарници се нарекуваат повеќеделни (сегментни) бидејќи се составени од неколку делчиња што се вклучуваат и исклучуваат и така обликуваат даден глиф. Делчињата обично се поединечни светлечки диоди или течни кристали. Ноѓаат примена претежно кај дигиталните часовници и дигитроните. Постојат неколку видови: седумделен цифрарник (најзастапен, само цифри) четиринаесетделен цифрарник шеснаесетделен цифрарник HD44780 - општоприфатен протокол за течни кристали.
Екрани Екраните наоѓаат широка примена онаму кајшто треба да се прикажат посложени информации или некое дејство. Тука спаѓаат:
телевизори сметачки монитори екрански шлемови
Дводимензионални подлоги
Технологии за дводимензионален приказ со помош на подлога: екран со светлечки диоди (LED) електролуминисцентен екран (ELD) плазмени плочи (PDP) екран со течни кристали (LCD) екран со високоделотворно упатување (HPA) екран со тенкоопнени транзистори (TFT) екран со органски светлечки диоди (OLED) електронозрачен екран со површинска проводливост (SED) (експериментален) ласерски телевизор екран со јаглеродни наноцевки (експериментален) нанокристален екран (експериментален), со квантни точки - свитливи екрани со живи бои. видеомонитор
Тридимензионални екран со варифокално огледало екран со просторно зрачење ласерска проекција холографски приказ
Механички телеграфска лента (историски) табла со дволиснат приказ табла со вртливи дискови натпис на ролна допирни електронски приказници (Брајови приказници) наменети за слепи лица. Текстот (или сликата) се обликува со електромеханички делови кои потоа слепото лице ги допира Оптакон - со мали метални матрични прачки наместо светлина за допирно информирање на слепите лица
Поврзано Зафатнински приказник Посредник човек-сметач Споредба на приказни технологии Доприна технологија (хаптика) Графички кориснички посредник Сметачки потпомогнато проектирање (CAD) Дигитална обработка на слики Видеокартичка Графичка картичка Сметачка графика
Надворешни врски Друштво за приказ на информации - стручна меѓународна организација посветена на изучувањето на приказната технологија display-Magazin - списание за приказни уреди
Категорија:Кориснички посредник Категорија:Излезни уреди