На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и делотворен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова ракот на дојката е втора по честота причина за смрт од злоќудни заболувања кај жените.

Знаци и симптоми

За да се открие некаква промена во градата пред сè неопходно е да се знае што е нормално за дојките во смисла на изглед и конзистенција. Во овој случај доколку имаме појава на некоја абнормалност и промена во изгледот, структурата, конзистенцијата, симетричноста на градата сето тоа може лесно да се забележи и воочи. Доколку се забележат промени веднаш треба да се консултира со лекар, во најкраток можен рок, без одлагање дека промета сама ќе се повлече. Во почетните стадиуми на ракот на дојката обично нема никакви симптоми или сосема незабележителни знаци. Меѓутоа со прогредирање на процесот и растење на туморот ќе се забележат воочливи симптоми. Особено жените треба да внимаваат на: pојава на јазли, тврди маси во дојките - јазолчињата во дојките обично се безболни, иако некои можат да предизвикаат чувство на влечење болка оток под пазувите видлива рамнина или вдлабнување на дојката, која можеби укажува на тумор кој не може да се види ниту напипа секоја промена на кожата на дојката во контурата, составот или температурата на дојката, црвеникава изразена површина како кора од портокал е симптоматична за напредниот стадиум на Ca mammae промена на брадавицата, слично на вовлечен или набран изглед, чешање и печење, или гноење или пак лупење на брадавицата (сиптоматично за Пеџетова болест) необичен исцедок од брадвицата кој може да биде бистар, крвав или со друга боја обично предизвикан од обични нарушувања, но можно е и како последица на рак. чувство на влечење на кожата на дојките.

Опис

Дојките анатомски се состојат од жлездено ткиво (млечни жлезди) кои се поделени во 15-20 лобуса измеѓу кое се наоѓа масно и сврзно ткиво, и од млечни каналчиња (дуктуси) низ кои се одведува млекото од млечните жлезди до брадавиците. Секој месец дојките на жената поминуваат низ привремени промени поврзани со менструвација и на нив може да се најде јазолче. Иако 90% од јазолчињата не се канцерогени, секое јазолче би требало веднаш да се прегледа! Јазолчињата се најчесто во лобусите или дуктусите. Ракот на дојката обично почнува создавање мал локализиран тумор во жлезденото ткиво на дојката. Ca Mammae е злоќуден тумор односно ненормално разраснување на злоќудно алиментирани клетки во жлезденото структурно ткиво на градата. Како и сите тумори наречени карциноми и овој рак се формира кога процесот кој го контролира нормалниот раст на клетките ја губи способноста на контрола и овозможува трансформација на клетките во абнормални клетки и нивно размножување над кое нашето тело нема контрола. Постоја повеќе видови Ca Mammae: дуктален, мобуларен, медуларен, тубуларен, папиларен, аденоцистичен Ca , секреторен Ca , Пеџетова болест.

Класификација Стадиум. Карциномот чија тенденција е да го уништи здравото ткиво на дојката може да се прошири или метастазира во други делови на човечкотот тело. Доколку карциномот не се открие во раната фаза може да ја пробие бариерата на жлезденото ткиво на дојката и да се прошири во останатите делови на телото. Според тоа разликуваме 4 стадиуми на Ca Mammae: 1 стадиум: Злоќудниот тумор во дојката е локализиран во 1 дел од дојката без ширење во локалните структури на градата или пак во околните лимфни јазли (аксиларни, меѓуребени, супраклавикуларни). Обично е со големина од 2 см. 2 стадиум: Злоќудниот тумор во дојката е со големина од 2 -5 см. Постои извесно ширење односно метастазирање на туморот во околните аксиларни лимфни јазли а кај некои хистолошки типови карциноми можно е и ширење во другата града . 3 стадиум: Во третиот стадиум туморот е поголем од 5 см и метастазирал во супраклавикулавикуларните и инфраиваликуларните лимфни јазли или пак лимфни јазли на вратот. 4 стадиум: Во овој стадиум туморот метастазирал во оддалечени органи, најчесто: црниот дроб, белиот дроб, коскен мозок... Рецепторен статус. Раковите клетки на ракот на дојка имаат рецептори на нивната површина и во нивната цитоплазма и јадро. Хемиските гласници како што се хормоните се врзуваат за овие рецептори, што предизвикува промени во самата клетката. Раковите клетки можат да имаат или да немаат три значајни рецептори: естрогенски рецептор (ER), прогестеронски рецептор (PR) и HER2. ER+ раковите клетки (т.е. раковите клетки кои имаат естрогенски рецептори) за нивниот раст зависат од естроген, па така тие можат да бидат третирани со лекови кои ги блокираат естрогенските ефекти (на пр. тамоксифен), и претежно имаат подобра прогноза. Нетретираните HER2+ ракови на дојка претежно се поагресивни од HER2- раковите, меѓутоа HER2+ раковите клетки одговараат на лекови како што е моноклоналното антитело трастузумаб (во комбинација со конвенционална хемотерапија), со што значајно се подобрува прогнозата. Клетките кои немаат ниту еден од овие три рецептори (естрогенски рецептори, прогестеронски рецептори или HER2) се наречени тројно-негативни, иако често тие имаат рецептори за други хормони, како што се андрогенскиот рецептор и пролактинскиот рецептор.

Ризични фактори и причини кои предизвикуваат Ca mammae

И покрај големиот напредок на медицината и технологијата сè уште останува непознат етнолошкиот фактор што го предизвикува ракот на дојката. Но постојат неколку категории на жени кои се изложени на зголемен ризик од појава на Ca Mammae:

-3. Жени со рак на дојка во минатото Во најголема опасност се жени кои во минатото имале Ca ин сити - неинвазивен, локализиран рак на дојка или пак инвазивен карцином (метастазиран рак на дојка на околните структури и ткива). По отстранувањето на заболената дојка, опасност за развој на Ца маммае во другата дојка е 0.5 - 1% за секоја наредна година.

-4. Жени со рак на овариумите, телото на матката, ендометриумот на матката...

-5. Жени со долга менструална историја (менструален период започант пред 12-тата година и завршен после 50-тата годинаод животот) и жени кои не раѓале или пак имале бременост после 30-тата година од животот. Поради долготрајната изложеност на овие жени на женски сексуални хормони - естрогени, ризикот за добивање на рак на дојка е 2 - 3 пати поголем, отколку жените со не толку долга менструална историја и жени кои родиле пред 30 годишна возраст и ги доеле своите деца.

-6. Долготрајната употреба на хормонска контрацепција и хормонска теорија -7. Возраст Поголемата возраст претставува и поголем ризичен фактор околу 60%. Ца маммае се развива кај жени над 60 годишна возраст, а опасноста е најголема кај жени со над 75 години од животот. Според статистичките податоци: - до 39 години, 1 од 23 лица жени може да добијат рак на дојка(0.5% ризик) - од 40 - 50 години ( 1 од 25 жени може да добијат рак на дојка (4% ризик) -од 60 -70 години 1 до 15 жени можат да добијат рак на дојка ( околу 7% ризик) - доколку жената доживее 90 години ризикот за развој на рак на дојката е 14 %

-8. Прекумерна дебелина по менопаузата - Прекумерната дебелина предизвикана од внесување на големи количини мрсна храна е исто така ризичен фактор за настанување на рак на дојка. Прекумерната дебелина води до лачење на поголемо количество естрогени хормони и овие 2 фактори(дебелината и зголеменото количество естрогени хормони) влијаат неповолно на ткивото на дојката.

-9. Алкохолот и пушењето

-10. Жените кои работат трета смена можат да го зголемат ризикот за развој на рак на дојката за околу 60%. Оваа теорија произлегува од таму што продукцијата на меланин ( хормон кој покрај другото ги регулира сексуалните хормони ) во човечкото тело, а својот врв го постигнува во доцните ноќни часови. Изложеноста на јасна светлина во текот на ноќта ја смалува продукцијата на меланин, при што доведува до растење на нивото на естрогенот. Поради тоа и жените кои живеат во индустрилијазираните опшества кои сè повеќе се изложени на вештачка светлина, имаа поголем ризик од рак на дојка отколку жените кои живеат во опшествата во развој. Меѓутоа само 5 - 10% Ca Mammae се наследни, а додека 90% се последица на процесот на стареење, штетни агенси, неможност на нашето тело за контрола на растот на злоќудните клетки и начинот на живот.

Генетика Еден од 20 случаи на рак на дојката е наследен. Околу 1 на 1000 луѓе е носител на гени одговорни за појава на рак на дојка. Потребно е поголемо внимание во случај на дијагностициран Ca Mammae кај: Близок роднина под 40 годишна возраст. Роднина од машки род со рак на града Две блиски роднини со рак на дојка под 60 годишна возраст од иста страна на фамилијата.

Откриени се два различни гени одговорни за појава на рак на дојка.Кај жени кои се носители на еден од овие два типа на гени, постои голема опасност од развивање на Ca Mammae. Но доколку кај овие жени се развие рак на дојка, прогнозата за болеста и можноста за смртен исход е еднаква како и кој жените кои не се носители на овој ген, но исто и кај нив е развиен рак на дојка.

-BRCA 1 - кој создава тумот кој не расте под дејство на естрогени хормони

-BRCA 2 - кој создава тумор кои имаат потреба на естрогени хормони за да растат Статистичките податоци говорат дека 50 - 60 % од жените со овие мутации заболуваат од рак на дојка во околу 20-тата година од животот.

Дијагностички постапки мини|Рани знаци на можен рак на дојка

Во почетните стадиуми стадиуми на Ca mammae обично не се јавуваат никакви симптоми. Но подоцна кога ќе се појави каков било знак кој упатува на болест на дојката, жената треба да се јави кај лекар, а особено доколку се работи за предмалку споменатите симптоми. Раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојката ја зголмува веројатноста за успешно лекување. Затоа е многу важно жените да се образоваат и подучат за самопрегледување на дојките и за тоа дека несмеат да ги игнорораат било кое од претходно спомнатите симптоми за рак на дојката со надеж дека тие самите ќе се повлечат. Самопреглед на дојките - Освен годишните медицински прегледи, сите жени независно од возраста би требало да спроведуваат месечни прегледи на дојките. Тоа е најдобриот и најефикасниот начин за најрано откривање на какви било промени во дојките. Причината е единствена: жената најдобро го познава своето тело и најрано ќе забележи какви било промени на своите гради. При секој самопреглед важно е: - Времето кога ќе се изведува самопрегледот (секогаш во ист период од месецот и тоа од петтиот до десеттиот ден од почетокот на менструацијата, и прегледот трае 10 минути). - Какви промени се бараат при самопрегледот При самопрегледот на дојките се бараатследниве промени: • Грутка (тврдо тело) • Црвенило • Промена на кожата со изгледа сличен на кора од портокал • Задебелување • Исцеок (секрет) од брадавицата • Раничка или лушпа на врвот на брадавицата • Грутка во пределот на пазувната вдлабнатина

1.Ехо преглед

Ехотомографскиот преглед e посебно е важен за жени помлади од 40 години поради тоа што може да се лоцираaт одредени промени на дојката кои не се забележливи со обичен преглед со напипување, но кој воедно може да биде штетен за оваа група жени поради преосетливоста на ткивото на градите. Предности на овој дијагностички метод се следниве: методот не користи РТГ зрачење, па затоа ако е потребно може и да се повтори и со овој преглед можат да се воочат и многу мали промени и кај младите жени кои имаат богато жлездено ткиво каде со мамогравски преглед не можат да се забележат сите промени во дојката. Изведба на прегледот - Подготовките за прегледот на дојка се минимални. Пациентката лежи на грб. Пред да започне прегледот, за да се оствари подобар контакт на сондата со кожата, на испитуваниот дел се нанесува гел. Самиот преглед трае околу 10 минути.

2.Момограм