Најџел Шола Андре Рио-Кокер (роден на 14 мај 1984 година) — англиски поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Работел и како фудбалски коментатор и експерт за CBS Sports.

Рио-Кокер е производ на младинскиот сектор на Вимблдон, а потоа играл за Вест Хем Јунајтед, Астон Вила и Болтон Вондерерс во Премиер лигата на Англија. Во Англија го носел дресот уште на Ипсвич Таун, потоа играл во МЛС за Ванкувер Вајткепс, Чивас САД и Монтреал Импакт, па во Норвешка за Старт, а кариерата ја завшрил по краток престој во Милтон Кинс Донс.

Биографија Рио-Кокер е роден во Саутворк, Лондон, но ги поминал првите шест години од животот во Сиера Леоне, каде неговите родители се преселиле заради работа, заедно со неговите две сестри Натали и Ванеса. Неговиот татко Рансфорд бил општ лекар, а мајка му Агнес медицинска сестра, а откако двајцата се разделиле во 1990 година, Агнес се вратила во јужен Лондон со своите деца. Рио-Кокер учел во средното училиште Ридлсдаун во Перли, Лондон.

Клупска кариера Вимблдон Рио-Кокер бил забележан од страна на лондонскиот клуб Вимблдон на 12-годишна возраст, додека играл за округот Кројдон. Тој помина преку младите категории на Вимблдон и станал капитен откако напредувал до првиот тим. Исто така, додека играл за Вимблдон дебитираше за младата селекција на Англија под 21 година. Во март 2003 година, менаџерот на Портсмут, Хари Реднап склучил договор да го донесе Рио-Кокер во клубот од јужното крајбрежје, во подготовката за нивната прва сезона во Премиер лигата. Финансиските проблеми резултирале со тоа играчот да остане во Вимблдон и покрај тоа што тој веќе имал потпишано со Портсмут. Рио-Кокер одиграл 64 натпревари за Вимблдон во сите натпреварувања, постигнувајќи 6 гола.

Вест Хем Јунајтед По импресивната прва половина од сезоната 2003-2004, тој потпиша за Вест Хем Јунајтед во јануари 2004, велејќи дека: „Тоа е голем клуб и постои можност брзо да се врати во Премиер лигата. Воодушевен сум што потпишав и со нетрпение очекувам да добијам шанса да играм. Има голем потенцијал во Вест Хем со играчи и менаџер како што имаме овде.” Дебитирал за Вест Хем на 31 јануари 2004, во победата со 2-1 на домашен терен над Ротерам Јунајтед. Тој набрзо станал редовен во првиот тим на Алан Пардју и бил промовиран во капитен на клубот. Тој постигнал три погодоци, за да му помогне на клубот да избори промоција во Премиер лигата во сезоната 2004-2005 преку баражот, и го предводел тимот до финалето на ФА Купот во мај 2006.

Сезоната 2006-2007 за Вест Хем започнала со помалку успех во Премиер лигата, а Рио-Кокер бил издвоен од некои групи како главен виновник за кризата,"Reo-Coker subjected to hate mail". BBC Sport. 19 December 2007. Retrieved 5 June 2007."West Ham boss defends Reo-Coker". BBC Sport. 7 January 2007. Retrieved 5 June 2007. која го довела Вест Хем опасно блиску до последните три места на табелата, што на крајот довело до разрешување на менаџерот Алан Пардју. Рио-Кокер ја вратил својата форма во последниот дел од сезоната и со серијата од седум победи на девет натпревари Вест Хем побегнал од зоната за испаѓање и обезбедил опстанок дури во последното коло од сезоната. Рио-Кокер се обидел да ја среди неговата иднина во клубот во летото пред сезоната 2007-2008, изјавувајќи во мај 2007: „Не знам каква е мојата иднина, треба да седнам и да разговарам со претседателот оваа недела. Поминав низ тешка сезона, но тоа ме направи посилна личност и не би променил ништо. Јас сум многу лојална личност, но за да играм најдобро што знам треба да имам среќа. Им ветив на навивачите на Вест Хем, дека ќе помогнам клубот да остане во Премиер лигата и јас го направив тоа“. Тој сепак, побарал трансфер по завршувањето на сезоната 2006-2007, откако управата не успеа да го разубеди во врска со неговата иднина во Вест Хем. Во јуни 2006, Астон Вила објавила дека доставиле понуда вредна 7 милиони фунти за Рио-Кокер, а во јули 2007, Вест Хем и Астон Вила постигнале договор за трансфер на играчот вреден околу 8.5 милиони фунти."Reo-Coker fee agreed" . Aston Villa F.C. 4 July 2007. Retrieved 4 July 2007. Вкупно за Вест Хем одиграл 142 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 11 гола. Исто така добил 33 жолти картони.

Астон Вила Рио-Кокер и се приклучил на Астон Вила на 5 јули 2007, во трансфер вреден 8.5 милони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор."Villa complete Reo-Coker signing". BBC Sport. 5 July 2007. Retrieved 5 July 2007. На прес-конференцијата по потпишувањето, тој зборувал дека бил “во немилост” од страна на неговиот поранешен клуб Вест Хем Јунајтед и рекол дека причина за преминувањето во Вила била „нивната желба да играат во Европа; Тие имаат талентиран состав и Мартин О’Нил ми кажа што тој има за цел да се направи и јас верувам дека ние можеме да го постигнеме тоа.”"Villa complete Reo-Coker signing". BBC Sport. 5 July 2007. Retrieved 17 July 2007. Рио-Кокер го постигнал својот прв гол за Вила во победата со 5-0 над Рексам во второто коло од Лига купот на 28 август. На 21 јануари 2008 година, Рио-Кокер бил капитен на Астон Вила во отсуство на регуларниот капитен Гарет Бари против Ливерпул на Анфилд. Тој го постигнал својот прв првенствен гол за Астон Вила во победата од 2-1 над Тотенхем на Вајт Харт Лејн. Подоцна, истата недела, повторно постигнал гол за израмнување за Вила во Купот на УЕФА против Литекс Ловеч. Вила победила на овој натпревар со 3-1. За време на неговиот престој во клубот, Рио-Кокер играл како десен бек и повремено како десно крило, кога играчите кои вообичаено играле на тие позиции биле недостапни.

Рио-Кокер бил капитен на Астон Вила во втората фаза на Купот на Мирот во 2009, по повредата на соиграчот Стилијан Петров. Ова било случај и во финалето, каде Вила триумфирала и така Рио-Кокер го подигнал трофејот. Во текот на втората сезона, тој повторно се воспоставил како стандарден првотимец во тимот на Вила, особено по заминувањето на Гарет Бари. Сепак, на 18 септември 2009, тој бил вмешан во расправија со менаџерот Мартин О’Нил на игралиштето за тренинг и бил изоставен од тимот за следниот натпревар против Портсмут. Рио-Кокер добил нова шанса на почетокот на сезоната 2010-2011, под водство на новиот менаџер на Вила, Жерар Улие, а по веста во октомври 2010, дека капитенот Петров ќе биде надвор од теренот 2 месеци, Улие го назначил Рио-Кокер за капитен, до враќањето на Петров.

Болтон Вондерерс Рио-Кокер се приклучил на Болтон Вондерерс во јули 2011 година, со слободен трансфер по неговото ослободување од Вила, потпишувајќи двегодишен договор. Менаџерот Овен Којл го опишал како некој кој има „...квалитет, поттик и желба да се натпреварува на највисоко ниво во Премиер лигата...“

Тој го направи своето деби за Вондерерс во победата со 4–0 на гости кај Квинс Парк Ренџерс, а во следниот месец го постигнал и својот прв гол за клубот во победата на Болтон на гости со 2–1 против Блекбурн Роверс во декември 2011 година. Сепак, Болтон се мачеле многу во текот на сезоната 2011-2012 и по испаѓањето од Премиер лигата на крајот на сезоната, Рио-Кокер ја активирал ослободителната клаузула во неговиот договор и го напуштил клубот.

Вкупно дресот на Болтон Вондерерс го носел 42 пати и постигнал три гола.

Ипсвич Таун Рио-Кокер му се приклучил на Ипсвич Таун во октомври 2012 година, велејќи: „Ипсвич е заспаниот гигант во Чемпионшип  — огромен клуб со голема историја. Тој забележал дванаесет настапи пред да го напушти клубот во јануари 2013 година, откако ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2013 година.

Ванкувер Вајткапс На 20 февруари 2013 година, Рио-Кокер ја прифатил понудата од МЛС клубот Ванкувер Вајткепс. Иако имал понуда и од нивниот локален ривал, Портланд Тимберс, тој сепак изразил желба да игра за клубот од Ванкувер, импресиониран од професионализмот на главниот тренер на клубот Мартин Рени.

Рио-Кокер го направил своето деби за клубот во победата со 1–0 над Торонто на 3 март 2013 година, каде што направил 38 точни додавања во 45 одиграни минути, погрешно пласирајќи само осум од вкупно 46 во текот на натпреварот. Наскоро тој стана познат по неговата груба игра по натпреварот против Сан Хозе Ертквејкс, во кој го превртел играчот од средниот ред Сам Кронин со старт пред очите на судијата. На 27 април 2013 година, Рио-Кокер бил прогласен за играч на натпреварот за неговата изведба во натпреварот против Далас, а во октомври истата година, го постигнал и својот прв гол во МЛС лигата, во победата со 4-1 над Сиетл Саундерс.

Чивас САД и Монтреал Импакт На 21 август 2014 година, Рио-Кокер бил разменет во друг МЛС клуб, Чивас САД, во замена за Мауро Росалес. Таму одиграл само 9 натпревари, пред да го напушти клубот, за на 10 декември 2014 да потпише за Монтреал Импакт. Тој одиграл 40 натпревари за Монтреал во сезоната 2015, а во јануари 2016 го раскинале договорот со клубот со взаемна согласност.

Последните години од кариерата На 12 април 2017 година, Рио-Кокер се приклучил на клубот од шпанската Примера Дивисион, Гранада, на проби со цел да склучи договор до крајот на сезоната 2016–2017, но тоа сепак не се случило.

На 3 мај 2017 година, Рио-Кокер му се приклучил на норвешкиот клуб Старт во Норвешката прва дивизија. На 26 јуни 2017 година, клубот го раскинал неговиот договор.

Во март 2018 година, било објавено дека откако тренирал со нив „неколку недели“, Милтон Кинс Донс сакале да потпишат со Рио-Кокер, 14 години подоцна откако тој го напуштил Вимблдон и нивниот тогашен дом Национален хокеј стадион. На 22 март 2018 година, Рио-Кокер му се приклучил на клубот со краткорочен договор до крајот на сезоната 2017–2018, но не успеал да запише ниту еден настап и подоцна се повлекол од фудбалот.

Репрезентативна кариера Англија Рио-Кокер првпат бил избран во младинската репрезентација на Англија под 21 година против Турција во октомври 2003 година."Reo-Coker hopes to impress". BBC Sport. 7 October 2003. Retrieved 3 June 2007. На 24 март 2007 година, Рио-Кокер ја предводел англиската репрезентација под 21 година против Италија, со што стана првиот aнгличанец капитен на некој тим на новиот Вембли."A priceless moment". The Football Association. 25 March 2007. Retrieved 3 June 2007. Натпреварот завршил со резултат 3-3.

Во мај 2006 година, Рио-Кокер бил избран како резерва во средниот ред во составот на сениорската репрезентација на Англија за Светското првенство 2006."Eriksson gambles on Walcott". The Guardian. London. 8 May 2006. Retrieved 3 June 2007. Сепак, на 22 мај, ФА објавила дека Рио-Кокер ќе биде заменет со Фил Невил, поради проблемите со грбот на Рио-Кокер кој го оневозможиле да учествува на првенството."Neville in for injured Reo-Coker". BBC Sport. 22 May 2006. Retrieved 3 June 2007.

Тој бил капитен на селекцијата на Англија под 21 година за време на Европското првенство за играчи во споменатата возраст 2007. Вториот жолт картон на турнирот, добиен непотребно во полуфиналето против домаќинот Холандија, значело дека тој ќе го пропушти финалето ако Англија мине понатаму. Исто така, тоа се испоставил како неговиот последен натпревар за репрезентацијата под 21 година, поради неговата возраст, а на крајот Холандија победила со 13-12 по изведување пенали, а токму ударот на Рио-Кокер бил одбранет.

Подобност за Сиера Леоне Рио-Кокер има потекло од Сиера Леоне и има изјавено дека тој во иднина ќе разгледа каков било повик од оваа западноафриканска држава.

Во Мај 2010 година, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне Наим Кади, објави дека е заинтересиран да го покани Рио-Кокер да се приклучи на националниот состав на Сиера Леоне во квалификациите Светското првенство 2014 година. Кади изјави дека големото искуство и способност за водење на играчот ќе бидат од голема вредност за тимот.