Ендру Стефан "Енди" Родик (роден на ) е американски професионален тенисер и поранешен светски број 1. Тој е втор по највисоко рангираните американски играчи, веднаш зад Марди Фиш. Од 9 мај 2011 година тој е рангиран на светското 12 место на АТП ранг-листата. Тој стана Гренд слем шампион во синглс кога ја освои титулата УС Опен во 2003 година,поразувајќи го Хуан Карлос Фереро во финалето. Родик стигна до четири гренд слем финалиња (трипати на Вимблдон и еднаш на САД Опен), но загуби од Роже Федерер секој пат. Родик е познат по својот исклучително моќен сервис. Родик беше последниот машки играч од Северна Америка што победил на Гренд слем настан (во 2003 година на САД опен). Женет е со Бруклин Декер, женски модел за костими за капење на Спортс Илустрејтед.
Личен живот
Родик е роден во Омаха, Небраска од Џери и Бланш Родик. Таткото на Родик беше стопанственик, а неговата мајка била учителка. Таа сега раководи со Енди Родик Фондацијата. Родик има двајца постари браќа, Лоренс и Џон (Сите американски тенисери на Универзитетот во Џорџија (1996-1998) и главен тениски тренер на Универзитетот во Оклахома), кои беа надежни тенисери на млада возраст. Родик живеел во Остин, Тексас, на возраст од 4 години па сè до 11години, а потоа се преселил во Бока Ратон, Флорида, во интерес на тениската кариерата на неговиот брат, најпрво го посетувал Меѓународното школо во Бока, но завршил на Хајленд Кристијан академијата во 2000 година. Родик играл универзитетска кошарка во средното училиште заедно со неговиот иден соиграч од Дејвис купот Марди Фиш, кој учел и живеел со Родик во 1999 година. Во текот на тој период, тој понекогаш вежбал со Венус и Серена Вилијамс, а подоцна се преселил назад во Остин. Додека Родик го разгледувал новото издание на Спортс Илустрејтед ја забележал Бруклин Декер, за која сега е женет. Двајцата биле во врска уште од Дејвис купот во 2007 година, а на 31 март 2008 година, Родик објави на неговото мрежно место дека тој и Декер станале свршеници. Двојката стапи во брак во Остин, на 17 април 2009 година.
Кариера
Пробив
Родик сериозно размислувал за откажување од натпреварувачкиот тенис на возраст од 17 години, кога тој имал губитнички пад во јуниорската конкуренција. Неговиот тренер, Тарик Бенхабилис, го наговори уште четири месеци да му обрне внимание на тенисот. Родик заврши како број 6 кај јуниорите во САД во 1999 година, и како број 1 кај јуниорите во светот во 2000 година. Тој освои шест светски јуниорски синглови и седум титули во двојки, и го освои САД Опен и Австралија Опен во јуниорска конкуренција во 2000 година. Во март, во Мајами, во првиот круг Родик ја имаше својата прва голема победа кога тој го победи светскиот број 41 Фернандо Висенте од Шпанија, со 6-4, 6-0. Во август, во Вашингтон, тој го победи светскиот број 30, Фабрис Санторо од Франција, со 4-6, 6-3, 6-3. Родик играше на Банана Боул во градот Саун Пауло и победи, поразувајќи го Јоаким Јохансон во финалето. Родик, исто така, победи на Австралија Опен за јуниори, поразувајќи го Марио Анчиќ во финалето. Во 2001 година, Родик го победи поранешниот светски шампион на Францускиот Опен, Мајкл Ченг, во 5 сета, во вториот круг на турнирот, и покрај тоа што земјената подлога е најлоша за Родик. Во текот на следниот Вимблдон, тој понатаму покажа потенцијал, со преземање на сет од конечниот победник Горан Иванишевиќ. Тој, исто така го порази 7- кратниот шампион на Вимблдон, светскиот број 4, а воедно и американски колега Пит Сампрас, на возраст од 19 години, на Мајами Мастерсот, со 7-6 (2), 6-3, и светскиот број 1 Густаво Куертен од Бразил со 6-7 (4), 6-4, 6-2 во август. Годината на пробив, на Родик беше во 2003, во која тој го победи Јонес Ел Ајнауи во четврт-финалето на Австралија Опен во 2003 година. Родик и мароканецот се бореа пет часа, со тоа што петтиот сет (21-19 во корист на Родик) е најдолгиот петти сет на гренд слем турнирите во текот на Опен ерата, со 2 часа и 23 минути. (Ова време беше надминато на 23 јуни 2010 година за време на еден натпревар на Вимблдон во машка конкуренција помеѓу Џон Изнер и Николас Маут кој траеше повеќе од 9 часа вкупно) И покрај еднообразниот Француски Опен, Родик има голем успех во Велика Британија со освојување на Квинс Клуб, победувајќи го светскиот број 2 Андре Агаси со 6-1, 6-7 (5), 7-6 (6), и достигнувајќи до Вимблдон полуфиналето, каде што загуби од евентуалниот шампион Роџер Федерер во 3 сета. Тој ја одмазди таа загуба во август, го победи потоа светскиот рекет број 3 Федерер во Монтреал, со 6-4, 3-6, 7-6 (3). Тоа е еден од двата пати кога Родик го поразил Федерер во официјалните АТП турнири до сега.
Светски број 1
Рекордот на тврда подлога на Родик во 2003 година ги вклучува неговата прва титула во Мастерс серијата - победувајќи во Канада и Синсинати - и неговата единствена гренд слем титула. На САД Опен, Родик успеа од губиток од два сета и меч топка против Давид Налбандијан да го совлада истиот со 6:7 (4), 3-6, 7-6 (7), 6-1, 6-3. Тој тогаш го порази светскиот број 3 Хуан Карлос Фереро во финалето, со 6-3, 7-6, 6-3.На Тенис Мастерс Купот во Хјустон го победи светскиот број 7 Карлос Моја од Шпанија, со 6-2, 3-6, 6-3, и светскиот бр 4 Гилермо Кориа од Аргентина, со 6-3, 6-7 (4), 6-3, пред да загуби од Федерер во полуфиналето. До крајот на годината, на возраст од 21, тој беше на местото бр 1, и првиот Американец кој ја заврши годината како број 1 од врмето на Андре Агаси во 1999 година. Тој, исто така, стана најмладиот Американец кој успеал да го одржи овој ранг, од кога беа отворени компјутерските ВТА рангирања во 1973 година. Владеењето на Родик на 1та позиција заврши следниот февруари, кога Роџер Федерер се искачи до врвната позиција по неговата прва победа на Австралија Опен, во 2004 година на Австралија Опен ќе биде и единствениот пат во кариерата на Родик каде што тој бил рангиран како број еден на гренд слем турнир. Во април Родик повторно го совлада светскиот бр 6 Моја, овој пат со 5-7, 6-2, 7-5. Во јуни, Родик стигна до своето прво Вимблдон финале, и по земањето на првиот сет од актуелниот шампион Федерер, загуби во четири сета. Родик беше исфрлен во текот на 2004 година од УС Опен, во пет-сета во четвртфиналето против уште еден голем опслужувач, Јоаким Јохансон.Подоцна во септември во Бангкок тој го победи светскиот број 9 Марат Сафин од Русија, со 7-6 (1), 6-7 (7), 7-6 (2). На Летните олимписки игри во 2004, Родик загуби од Фернандо Гонсалес од Чиле, освојувачот на бронзен медал, во третото коло. Во ноември, тој ги победи светскиот број 7, Тим Хенман од Велика Британија со 7-5, 7-6 (6), светскиот бр.4, Сафин, 7-6 (7), 7-6 (4), и светскиот бр 6, Кориа со 7-6 (4), 6-3.Подоцна истата година, Родик се здружи со Марди Фиш и Боб и Мајк Брајан од САД за време на Дејвис Купот, тим кој загуби од Шпанија во финалето во Севиља. Родик изгуби сингл натпревар против Рафаел Надал, кој во наредната година ќе победи на Францускиот Опен. Кон крајот на 2004 година, Родик го отпушти својот осумнаесет месечен тренер, Бред Гилберт, и го ангажираше асистентот на Дејвис купот, тренерот Дин Голдфајн. Родик заврши во 2004 година рангиран како светски број 2, број 1 на САД, и играч со најмногу асови (1.017). Во 2004 година, Родик ги спаси неговите колеги,тенисерот Сјенг Шалкен и други гости (вклучувајќи ги и блиските пријатели Бен Кампеци и Дин Монро) од хотелски оган.
Првата победа на Родик на турнир во 2005 година беше на САП Опен во Сан Хосе, Калифорнија, каде што тој стана првиот кој го освоил тој турнир последователно, по Марк Филипусис во 1999 и 2000 година. Високо рангираниот Родик го порази Кирил Саулинер со 6-0, 6-4 во 50 минути, прв случај на првенството од времето кога Артур Еш го совлада Гуљелмо Виљас во 1975 година. Во март го победи Светскиот број 7,Карлос Моја со 6-7 (4), 6-4, 6-1. Во април, Родик победи во САД во машкото првенство на земјена подлога, бранејќи ја титулата што ја освои во 2001 и 2002 година (Тој загуби во 2003 година од Агаси, а во 2004 година од Томи Хас.). Во мај, Родик имаше меч топка против шпанецот Фернандо Вердаско. Вердаско се обидуваше да ја спаси меч топката на негов сервис, кога линискиот судија погрешно го прогласи сервисот за аут. Доколку овој повик беше правилен, Родик ќе победеше на натпреварот. Родик му покажа на судијата, укажувајќи му на јасениот белег од топката на земјата, што покажуваше дека топката е внатре, и повикот беше консеквентно променет. Вердаско продолжи со намера да победи на натпреварот. На Францускиот Опен, Родик загуби од нерангираниот аргентинец Жозе Акасусо во вториот круг, и на Вимблдон, Родик загуби од Федерер во финалето втора година по ред. Во август, тој го победи Светскиот број 3 Лејтон Хјуит, со 6-4, 7-6 (4) на Мастерс турнирот во Синсинати од серијата. На САД Опен, Родик беше поразен од Светот број 70 Жил Милер во првиот круг. Последниот пораз на Родик во првиот круг на САД Опен беше во 2000 година. На Големата награда на Тенис д Лион, Родик го победи Гаел Монфис со што го заврши турнирот без да изгуби сет или некој да му го пробие сервисот.
Нов тренер
Прв АТП настан на Родик во годината му беше на Австралија Опен. Таму тој стигна до четвртата рунда, пред да биде исфрлен од нерангираниот и евентуалниот финалист,Маркос Багдатис. На француското Отворено првенство Родик се откажа во првиот круг, по претрпените повреди на ногата за време на натпреварот. Две недели подоцна на Вимблдон, Родик беше исфрлен во третото коло од британската надеж Енди Мареј. Оваа загуба предизвика пад на Родик под топ 10 за првпат од 2002 година. По Вимблдон, Родик започна со работа со нов тренер, тенис-легендата Џими Конорс. На неговиот прв натпревар со овој нов тренер, Родик стигна до финалето на Индијанаполис пред да загуби од својот добар американски пријател и соработник, Џејмс Блејк. Неговото повторно оживување, конечно, дојде во Мастерот во Синсинати, каде што тој го освои турнирот со победата над Хуан Карлос Фереро во финалето, со што ова беше првиот Мастер кој тој го доби од 2004 година. На САД Опен, Родик лесно ги освои своите први два натпревари против Флоран Сера и Кристијан Плес. Тој потоа одиграа трилер, натпревар во пет сета против Фернандо Вердаско, освојувајќи 6-2 во последниот сет. Потоа, тој го победи Бенџамин Бекер, кој претходно извојува огромна победа против неодамна пензионираниот Андре Агаси. Во четврт-финалето, Родик го победи Лејтон Хјуит,одмаздувајќи се за неговата загуба во 2001, со 6-3, 7-5, 6-4. Сега во полуфиналето за првпат откако ја освои титулата во 2003 година, Родик играше против Михаил Јужни, и го победи со 6-7, 6-0,7-6, 6-3. Во финалето на еден Гренд слем, за првпат по Вимблдон, една година пред тоа,Родик требаше да игра против светскиот број 1 Федерер. Тој сепак загуби, со 2-6, 6-4, 5-7, 1-6. Тој потоа се квалификуваше за Тенис Мастерс Купот на крајот од годината, каде што го победи светскиот бр 4 Иван Љубичиќ од Хрватска со 6-4, 6-7 (9), 6-1, но загуби во елиминациониот круг од светскиот број 1 Федерер со 6-4, 6-7 (8), 4-6 во тешка битка во три-сета.