Шизофренија — душевно растројство, кое се одликува со дизинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност. Вообичаено, првите симптоми се јавуваат во почетокот на младоста, кои траат низ целиот живот од 0.3–0.7%. Дијагнозата се поставува врз основа на набљудување на однесувањето и искуството на пациентот.

Генетиката, опкружувањето во детството, биологијата на нервниот систем, психолошките и социјалните процеси се важни фактори за појава на шизофренија; некои лекови можат да предизвикаат појава на симптоми или да ги влошат истите. Најновите истражувања се фокусираат на улогата на биологијата на нервниот систем, иако, досега не е пронајдена ниту една причина од органско потекло. Бројните можни комбинации на симптоми предизвикале дебати за тоа дали дијагнозата претставува едно растројство или повеќе дискретни симптоми. Иако терминот води потекло од грчките корени skhizein (σχίζειν, "поделба") and phrēn, phren- (φρήν, φρεν-; "разум"), шизофренија не значи “разделување на умот” и не е исто што и растројство (поделба на личност) – исто така, познато како “подвоена личност”.

Лекувањето се заснова на антипсихотични лекови, кои примарно, го потиснува допаминот, а понекогаш и сератонинот. Психотерапијата и стручната и социјална рехабилитација се, исто така, важни во лекувањето. Во посериозните случаи – каде што постои ризик за поединецот и за другите – може да има потреба од присилна хоспитализација, иако престоите во болниците се пократки и поретки отколку што биле порано.

Се смета дека ова нарушување главно, влијае на сознавањето но, исто така, придонесува за хронични проблеми со однесувањето и емоциите. Најверојатно, луѓето болни од шизофренија, страдаат и други дополнителни (коморбидни) состојби, вклучувајќи поголема депресија и анкциозност; појавата на шизофренија, како резултат на користење дроги е во 50 % од случаите. Социјалните проблеми, како што се долга невработеност, сиромаштија или бездомништво, се најчести причини. Како резултат на поголемите физички здравствени проблеми и повисоката стапка на самоубиста (околу 5 %), просечниот животен век на луѓето со вакво нарушување е од 12 до 15 години пократок од оној на луѓето што го немаат.

Знаци и симптоми

Едно лице, болно од шизофренија, може да има халуцинации (најчесто слушање на гласови), илузии (најчесто, од бизарна природа)и неповрзано размислување и говор. Аудитивните халуцинации често можат да бидат проследени со чувство на зуење во главата. Последното може да биде од неповрзаност на мислите, до нејасно поврзување на реченици, што, во потешките случаи е познато како „салата“. Болниот од шизофренија е често неразбирлив што зборува, а и не ги разбира самите луѓе кога му зборуваат. Често доживува симптоми слични на „жаме ви“ (обратното од дежа ви), т.е. не приметува работи што се случуваат околу него и не ја приметува, или не ја проценува точно ситуацијата во која моментно се наоѓа, "не ја приметува" во смисла дека не е целосно свесен за ситуацијата во која се наоѓа или работите кои му се случуваат. Често е брз (т.е. многузборлив) и невнимателен во зборувањето, слично и при Туретов синдром. Понекогаш имитира негативни однесувања што ги забележува кај другите луѓе, итн. Некои од првите знаци на шизофренија е кога болниот чувствува дека е омразен на другите, дека некој му мисли лошо, дека некој кова завера против него и сака да му наштети, дека некој му го контролира умот со електромагнетни бранови, на пример. Потоа може да развијат параноидни идеи, идеи за величина, и да се претставува дека е некој кој не е, итн. Понекогаш смета дека и неговите најблиски сакаат да му наштетат, при што се појавуваат и форми на агитација и агресија, итн. Социјалното повлекување, запуштеното облекување, неодржувањето на хигиена и губењето на мотивација и чувството за расудување, се чести во шизофренијата. Често, постојат забележителни емоцијални пречки, на пример, недостаток на одговорност. Нарушувањата во социјалното сознавање, како што се симптомите на параноја, се поврзани со шизофренијата; најчесто се јавува социјална изолација. Во еден редок подвид на шизофренија, лицето може да буде молчаливо, да останува неподвижно во бизарни пози или да се вознемирува без причина - знаци на кататонија.

Крајот на адолесценцијата и почетокот на зрелоста, критичните години за социјален и професионален развој на човекот, е најризичен период за појава на шизофренија. Во 40 % (кај мажите) и 23 % (кај жените) од случаите, шизофренијата се јавува пред 19- тата година. Со цел намалување на нарушувањата во развојот поврзани со шизофренијата, во последно време, големо внимание се посветува на идентификување и лекување на почетната фаза на болеста, која може да биде откриена до 30 месеци пред појава на симптомите. Оние кај кои се развива шизофренија, можат да почувствуваат минливи или самоограничувачки психотични симптоми и неспесифични симптоми на социјално повлекување и раздразливост во текот на продромалната фата (појавата на првите симптоми).

Класификација според Шнајдер thumb|upright|Терминот шизофренија бил основан од Eugen Bleuler.

Психијатарот Курт Шнајдер (1887–1967) направил список на форми на психотични симптоми, кои ја разликуваат шизофренијата од другите психички нарушувања. Овие се нарекуваат симптоми од прв ред или Шнајдерови симптоми од прв ред, кои ги вклучуваат илузии кои се под влијание на надворешна сила; верувањето дека мислите се вметнуваат или се производ на нечиј свесен ум; верувањето дека нечии мисли се пренесуваат на други луѓе; и слушање гласови кои се мешаат во мислите и активностите на поединецот или водат разговор со други замислени гласови. Иако дале значителен придонес на современите дијагностички критериуми, била доведена во прашање спесифичноста на овие симптоми. Еден преглед на дијагностичките студии, спроведен во периодот помеѓу 1970 и 2005 година, покажал дека тие ниту ги потврдуваат, ниту ги отфрлаат тврдењата на Шнајдер, со претпоставка дека повторно ќе бидат нагласени во идните ревизии на дијагностичкиот систем.

Позитивни и негативни симптоми

Често, шизофренијата се опишува преку позитивните и негативните симптоми. Позитивни симптоми се оние кои не се застапени кај повеќето поединци но, се присутни кај луѓето со шизофренија. Тука спаѓаат илузии, неповрзани мисли и говор, како и, допирни, ауидитивни, визуелни, мирисни и вкусовни халуцинаии, кои, обично, се сметаат за манифестации на психоза. Халуцинациите се, исто така, поврзани со содржината на самата илузија. Вообичаено, позитивните симптоми, добро реагираат на лекови. Негативните симптоми се недостаток на нормални емоционални реакции или на други мисловни процеси, поради што, потеко реагираат на лекови. Тука, најчесто, спаѓаат рамнодушно и споро дејствување и емоции,сиромашен говор (алогија), неможност да доживеат задоволство (анедонија), недостаток на желба за формирање на односи (асоцијалност) и недостаток на мотивација. Истражувањата покажуваат дека негативните симптоми придонесуваат повеќе за лош квалитет на животот и функционална попреченост, од позитивните симптоми. Луѓето со истакнати негативни симптоми, пред почетокот на болеста имаат проблеми со прилагодувањето и често, постои ограничено реагирање на лекови.

Кај лицата кои страдаат од шизофренија, особено во раната фаза, може да се забележат и бројни лингвистички промени. Шизофреничарите често посветуваат посебно внимание на начинот на којшто се изразуваат, нивната синтакса станува несредена, така што во крајна мера, нивниот говор стануав неразбирлив или бесмислен. Во шизофренијата, зборовите подлежат на истиот процес кој латентните мисли во сонот ги претвора во соновни слики, а тој процес Зигмунд Фројд го нарекува примарен психички процес. Притоа, мислите стануваат толку кондензирани, што најпосле се сведуваат на еден збор кој може да претставува цела низа од мисли. Според Фројд, чудниот карактер на шизофреничните симптоми произлегуваат од доминацијата на зборовните односи над предметниет односи. Во тој поглед, шизофрениот начин на мислење се одликува со тоа што конкретните нешта се третираат како да се апстрактни.Sigmund Freud. The Unconscious. London: Penguin Books, 2005, стр. 79-85.

Причини Комбинација на генетски и фактори на окружувањето играат улога во развојот на шизофренија. Луѓето со шизофренија во семејството, кои страдаат од минлива или психоза на самоограничување, имаат 20-40 % шанса да им биде дијагностицирана шизофренија, една година подоцна. Шизофренијата се поврзува со пореметување на хемискиот баланс на невротрансмитерот допамин во мозокот. Од психолошка гледна точка, од потсвеста доаѓа до лудост, преку некои негативни искуства во минатото кои се врежани во меморијата на потсвеста. Од претходно доживеани и почувствувани чувства, пред сè негативни, потвеста ги регистрирала и реагира на негативен начин. Тоа е шизофренија, гледана од психолошки аспект. Инаку потсвест е она што ни е скриено од нашиот моментален мисловен процес, но и покрај тоа потсвеста него го диктира. Свеста ни диктира што во моментот ќе работиме, зборуваме, правиме, но, свеста и потсвеста комуницираат тајно, свеста ја имплементира состојбата на потсвеста. Влезните стумулуси што ги прима човек, кога ќе ги согледа потсвеста, врз основа на конфигурацијата на потсвеста, претходно здобиени мемории и претходно стекнато искуство, дава, изнесува, одредена реакција на мозокот, на свеста, дава одреден излезен стимулус. Тоа важи и за шизофренијата, таа зависи од конфигурацијата на потсвеста.

Генетика

Проценката на наследноста се разликува поради тешкотиите во одвојувањето на генетските ефекти и ефектите на окружувањето. Најголем ризик за развој на шизофренија, имаат роднините од прво колено на болниот (ризикот е 6,5 %); повеќе од 40 % од еднојајчените близнаци од тие со шизофренија се, исто така, погодени. Веројатно, многу гени имаат некакво влијание. Многу потенцијални кандидати биле предложени, вклучувајќи ги и специфичните бројни варијации NOTCH4 и жариштето на хистон белковините. Се чини дека има големи преклопувања во генетиката на шизофренијата и нарушувањето на двојна личност. Едно прашање од еволутивната психологија, во однос на пренесување на шизофренијата по наследен пат, е зашто гените кои го зголемуваат ризикот од психоза еволуирале, под претпоставка дека, од еволутивна гледна точка, би требало да има прилагодување на состојбата. Една теорија ги посочува гените вклучени во еволуцијата на јазикот и човековата природа но, досега, ниедна теорија не била докажана, ниту побиена.

Животна средина

Фактори на животната средина поврзани со развојот на шизофренијата, ја вклучуваат средината на живеење, употребата на дроги и пренатален стрес. Се чини дека стилот на одгледување на родителите нема влијание, иако, луѓето кои имаат поддршка од родителите поминуваат подобро од оние со проблематични родители. Докажано е дека живеењето во урбана средина го зголемува ризикот од шизофренија, дури после се зема предвид користењето на дрога, етничката група и големината на општествената група. Други фактори кои играат важна улога, вклучуваат социјална изолација и имиграција, поврзана со социјалните неповолни околности, расна дискриминација, семејно нефункционирање, сиромаштија и немање услови за живеење. Злоупотребата или траумите од детството се ризични фактори за да понатаму во животот да биде дијагностицирана шизофренија.

Користење на дроги

Голем број на дроги се поврзуваат со развојот на шизофренија, вклучувајќи го канабисот, кокаинот и амфетамините. Околу половина од луѓето болни од шизофренија, конзумираат дроги и/или алкохол во прекумерни дози. Употребата на канабис може да биде со причина но, користењето на другите дроги може да биде само механизам за справување со депресија, анксиозност, досада и самотија.