thumb|Жан Пјаже во Ен Арбор Теоријата на Пјаже за когнитивниот развој, првпат развиена од страна на Жан Пјаже (Jean Piaget), е сеопфатна теорија за природата и развојот на човековата интелегенција. Таа пред сè е позната како теорија на развојната фаза, но всушност, се занимава со природата на знаењето и тоа како луѓето постепено го стекнуваат, го изградуваат и го користат знаењето. Покрај тоа, Пјаже тврди дека идејата дека когнитивниот развој е во центарот на човечковиот организам и говор зависи од когнитивниот развој. Подолу, прво има краток опис на ставовите на Пјаже во врска со природата на интелигенцијата, а потоа и опис на фазите низ кои таа се развива сè до зрелоста.Franzoi, Stephen L. (2014). Essentials of Psychology (5th ed.). Redding, CA: BVT Publishing. p. 119. ISBN 9781618826947.
Природата на интелегенцијата. Оперативна и фигуративна интелегенција Пјаже верувал дека реалноста е динамичен систем на постојаните промени и како таква се дефинира во однос на двата услови кои ги објаснуваат динамичните системи кои се менуваат. Поточно, тој тврдел дека реалноста вклучува промени и состојби. Промените се однесуваат на сите начини на промени кои предмет или лице може да ги претрпат. Состојбите се однесуваат на условите или на појавите во кои предметите или лицата може да се најдат меѓу промени. На пример, може да има промени во обликот или формата (на пример, течностите го менуваат обликот кога се префрлаат од еден во друг сад, луѓето како што стареат ги менуваат своите одлики), во големина (на пример, купчиња монети на масата може да се стават близу едни со други или на далечина) во поставување или пронаоѓање во простор и време (на пример, разни предмети или личности може да се најдат на едно место во исто време и на некое друго место во друго време). Според тоа, Пјаже тврдел дека доколку човековата интелигенцијата е прилагодлива, таа мора да ги претставува променливите и статичните аспекти на реалноста. Тој сметал дека оперативната интелигенција е одговорна за претставување и манипулирање на динамичните или променливите аспекти на реалноста и дека фигуративната интелигенција е одговорна за претставување на статичките аспекти на реалноста. Оперативната интелегенција е активната страна на интелигенција. Таа ги вклучува сите дејства, отворени или прикриени, преземени со цел да се следат, да се средат или се предвидат промените на предметите или лицата. Фигуративната интелигенција е помалку или повеќе статичката страна на интелигенција, која ги вклучува сите средства за претставување кои се користат за да ги задржат состојбите во мозокот (на пример, последователните форми, облици или положби) кои се случуваат меѓу промените . Таа вклучува набљудување, имитирање, умствено претставување, цртање и начин на изразување. Затоа, фигуративните страни на интелигенција го добиваат своето значење од оперативните страни на интелегенцијата, затоа што состојбите не може да постојат независно од промените кои ги поврзуваат. Пјаже верувал дека фигуритивните или претставувачките страни на интелигенцијата се подредени на своите оперативни и динамични страни и според тоа разбирањето во суштина произлегува од оперативната страна на интелигенција. Оперативната интелегенцијата искажува како светот е разбран и се менува доколку разбирањето е неуспешно. Пјаже верувал дека овој процес на разбирање и промена вклучува две основни функции: присвојување (асимилација) и приспособување (акомодација). Асимилација и акомодација Преку проучувањето на областа на образованието, Пјаже се фокусирал на акомодацијата и асимилацијата. Асимилацијата, еден од двата процеси создадени од Жан Пјаже, опишува како луѓето ги забележуваат и се приспособуваат на новите информации. Тоа е процес на преземање на нови информации и вградување во претходните когнитивни шеми. Асимилацијата се јавува кога луѓето се соочуваат со нови или непознати информации и кои се однесуваат на веќе научените информации за да ги разберат. Акомодацијата, за разлика од асимилацијата е процесот на преземање на нови информации и менување на претходните шеми за да се приспособат на новите информации. Со дисциплинирањето на психологијата се појавија методите кои им се приближуваат на проучувањата на психолозите кон усвојување на техничките средства. На овој начин беше изведен терминот „асимилација“ и јасно се дефинира како сопствена перспектива на прашање кое ги поткрепува сите други перспективи. Проценувајќи ги поттиците блиски до таа поткрепа (слободата на прифаќање) секогаш ќе се присвојуваат полесно, додека поттиците кои се подалеку од таа поткрепа (слободата за отфрлање) бара подолго време за присвојување. Оваа посебна форма на социјална и психолошка проценка се опишува во дисциплинираната психологијата како контраст модел на асимилацијата. Жан Пјаже првпат го открил ова како резултат на набљудувањето на својот новороден син како го зграбува и бутка на штракалчето во својата уста а потоа го присвојува тоа движење, исто така ставајќи го скапиот часовник на Пјаже во својата уста. Преку неколку фази, Пјаже ги објаснува начините на кои се создадени одликите кои водат до одредени видови на размислување, оваа табела се нарекува когнитивнен развој. Според Пјаже, асимилацијата е вградување на надворешните елементи во структурите на животите или средините или тие кои би можеле да ги стекнеме преку искуство. Акомодацијата е неопходност бидејќи тоа е начинот на кој луѓето ќе продолжат да толкуваат нови концепти, шеми, основи итн. Асимилацијата е различна од акомодацијата, по тоа како таа се однесува на внатрешниот организам се должи на животната средина. Пјаже верува дека човечкиот мозок е програмиран преку еволуцијата да одржува рамнотежа. Рамнотежата е она што, Пјаже верува, дека во крајна линија влијае на структурите поради внатрешните и надворешните процеси преку асимилација и акомодација. Мислењето на Пјаже е дека овие две функции не може да постојат без другите. Да се присвои предмет во веќе постоечка ментална шема, прво треба да се земе предвид или се приспособат на специфичностите на овој предмет до одреден степен, на пример, да го присвои (асимилира), јаболко како јаболко некој прво треба да се приспособи (акомодира) на големината на овој предмет. За да го направи тоа треба да се приближно ја препознае големината на предметот. Развојот ги зголемува рамнотежата или изедначувањето меѓу овие две функции. Кога се во рамнотежа, асимилацијата и акомодацијата создаваат ментални шеми на оперативната интелигенција. Кога една функција доминира над другата, тие создаваат претстави кои припаѓаат на фигуративната интелигенција. Тргнувајќи од оваа концепција, Пјаже претпоставува дека интелигенцијата е активна и конструктивна. Во буквална смисла, таа е активна, бидејќи зависи од активностите (отворени или прикриени, присвоени или приспособени), кои мислителот ги извршува за да ги изгради и обнови своите модели на светот. Исто така, таа е конструктивна бидејќи активностите, особено менталните активности, се поврзани со повеќе вклучени и кохезивни системи, на тој начин тие се зголемени на постабилно и поефективно ниво на функционирање. Пјаже верува дека овој процес на изградба води кон системите на менталното работење, поспособни да се спротивстават на илузиите на перцептивните појави и на тој начин помалку склони кон грешки. Со други зборови, постепеното градење на системот на менталното работење кој се наоѓа во оперативната страна на интелигенција му овозможува на лицето кое се развива да сфати поскриени и посложените аспекти на светот. Подолу ќе го резимираме развојот на оперативната интелигенција. Четири фази на Пјаже Според теоријата на Жан Пјаже за когнитивниот развој, интелигенцијата е основниот механизам за обезбедување рамнотежа во односите помеѓу личноста и животната средина. Ова се постигнува преку активностите на лицето кое се развива во светот. Во секој момент во развојот, животната средина е приспособена кон шемите на дејствување, кои се веќе се достапни и на оние шеми се менуваат или да се приспособуваат на одликите на предметите во животната средина и во околината и целиот универзум. Така, развојот на интелигенцијата е континуиран процес на асимилирање и акомодирање, кој води кон проширување на полето на примена на шеми, зголемување на поврзаноста меѓу нив и зголемување на апстрактните идеи. Механизмот кој лежи во основата на овој процес на зголемување на апстрактните идеи и поврзаноста се одразува на апстракцијата. Одразувањето на апстракцијата постепено доведува до отфрлање на надворешната активност, компонентите на сензомоторното работење на предметите и за зачувување на менталните компоненти на работењето. Ова се ментални активности, кои постепено се поврзуваат меѓу себе, создаваат структури на менталното работење. Овие структури на менталното работење се применуваат врз претставувањето на предметите. Говор, ментални слики и бројните забелешки се примери за претставување на предмети и на тој начин тие стануваат предмет на менталното работење. Покрај тоа, менталното работење, со развојот, станува реверсибилно. На пример, неколку предмети може да се пребројуваат од напред и од назад со разбирање дека на бројот на предмети кои се бројат не влијае правецот на пребројување, бидејќи истиот број може да се добие на двата начини. Пјаже опишувал четири главни периоди во развојот. Овие периоди се опишани подолу. Како што е прикажано подолу, според Пјаже интелигенцијата не е иста во различни возрасти. Се променува квалитативно, постигнувајќи пошироки, поапстрактни и поурамнотежени структури на тој начин овозможувајќи пристап до различни нивоа на организација на светот. Сензомоторна фаза Сензомоторната фаза е првата фаза од четирите фази на когнитивниот развој која трае од раѓањето до усвојувањето на говорот. Во оваа фаза, новороденчињата го изградуваат знаењето за светот преку поврзување на сетилните искуства (како вид и слух), со физичките, моторни активности. Новороденчињата стекнуваат знаења за светот од физичките активности кои ги извршуваат. Детето напредува од рефлексивна, инстинктивна активност од раѓањето до почетокот на симболичната мисла кон крајот на фазата. Пјаже ја поделил сензомоторната фаза во шест потфази. Од раѓањето до две години, новороденчињата имаат развиено само сетила за вид и слух и моторни вештини како што се: фаќање, цицање и одење. (од „Водич за психолошки студии“ на Бернштајн, Пинер, Кларк Стјуарт и Рој).