мини|250п|Храна од растително потекло мини|250п|Разни видови храна

Храна е секоја супстанција која е искористена за да обезбеди хранлива поддршка на телото. Најчесто е од растително или животинско потекло, а содржи есенцијални хранливи материи, како што се: јаглехидрати, масти, белковини, витамини или минерали. Супстанцијата се внесува во организмот, а се искористува од страна на клетките на организмот за да произведе енергија, да го одржи организмот во живот и да го стимулира растот.

Историски гледано, луѓето снабдувале храна преку два методи: лов, собирање плодови и земјоделство. Денес, исхраната на најголемиот дел од населението е обезбедена од прехранбената индустрија во која доминираат мултинационалните корпорации кои се занимаваат со интензивно сточарство и индустриско земјоделство за да го зголемат производството.

Безбедноста и сигурноста на храната се следи од страна на национални и меѓународни регулаторни агенции, како на пример, Меѓународната асоцијација за заштита на храната, Светскиот институт за ресурси, Светската програма за храна и земјоделство и Советот за меѓународни информации за храна. Тие се занимаваат со прашањата како што се: одржливост, биолошката разновидност, климатските промени, растот на населението и пристап до храната. Правото на храна е човеково право кое произлегува од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, признавајќи го „правото на соодветен стандард на живеење, вклучувајќи соодветна храна“, како и „основното право да се биде ослободен од глад“.

Извори на храна мини|Виетнамска храна во ресторан во Магдебург, Германија

Речиси сите видови храна се од растително или животинско потекло. Житните зрна се главна храна и тие обезбедуваат многу повеќе енергија од кој било друг вид растителна култура. Пченката, пченицата и оризот даваат 87% од производството на жито во светот. Останатите видови храна, кои не се од животинско или растително потекло, вклучуваат различни видови габи, особено печурки. Габите и бактериите се употребуваат за подготовка на ферментирана храна, како и квасен леб, алкохолни пијалаци, сирење, кисели краставички, комбуча и јогурт. Сличен пример е сино-зелената алга, спирулина.McGee, 333–334. Неорганските супстанци, како што се сода бикарбона и калиум битартарат, се користат за хемиски да изменат одредена состојка. мини|Виетнамска храна во ресторан во Белград, Србија мини|Коту (виетнамски специјалитет) Растенија мини|Јадење приготвено од растенија Многу растенија или делови од растенија се користат како храна. Постојат околу 2.000 видови растенија што се одгледуваат за храна, а многу од нив имаат и уште неколку различни сорти.McGee, 253. Семето на растенијата е добар извор на храна за животните, но и за човекот, затоа што тие содржат хранливи материи, како што се Омега мастите, кои се неопходни за растот на растенијата. Всушност, поголемиот дел од храната кој се конзумира од луѓето е храна која потекнува од семиња. Овде се вклучени и: житните култури (пченка, пченица, ориз итн.), мешунки (грав, грашок, леќа итн.) и јаткастите плодови. Маслата од семки често се користат за производство на масло, а такви се: сончоглед, семе од лен, семе од репка (вклучувајќи го репкиното масло), сусам и др.McGee, Chapter 9. Семињата се обично богати со високо незаситени масла, а во умерена количина се сметаат за здрава храна, иако сите семиња не се за јадење. Големите семиња, како што се оние од лимонот, претставуваат опасност, додека пак семињата од јаболко и цреши содржат отров (цијанид).

Плодовите претставуваат созреани јајници на растенијата, вклучувајќи ги и семките во нив. Многу растенија развиле плодови кои се корисни како храна за животните, така што животните откога ќе го изедат плодот, семките ќе ги исфрлат на одредено растојание. Затоа, плодовите се составен дел од исхраната на многу култури. Некои ботанички плодови, како што се доматите, тиквите и модрите патлиџани се јадат како зеленчук.McGee, Chapter 7.

Зеленчукот е вториот тип на растелна материја која се јаде како храна. Овде спаѓаат коренестите зеленчуци (компир и морков), листестите зеленчуци (спанаќ и марула), стеблести зеленчуци (бамбус и шпаргла или аспарагус) и зеленчукот во вид на цвет (артичоки и брокули).

Животни мини|десно|250px |Разни видови на сирово месо мини|десно|250п|Месни производи мини|Печено прасечко месо мини|Печено прасечко месо Животните се користат како храна директно или индиректно преку производите кои тие ги даваат. Месото е пример за директен производ од животните, кој е од мускулите или од органите. Во хранливите производи од животни спаѓаат и млекото, произведено од млечните жлезди, кое во многу култури се пие или се прават млечни производи (сирење, путер и др.). Покрај тоа, птиците и некои други животни несат јајца кои се јадат, а пчелите произведуваат мед, кој претставува редуциран нектар од цвеќињата што е многу популарен во некои култури како засладувач. Неки култури конзумираат крв, понекогаш во форма на крвав колбас (крвавица), а некои користат крв како зачин во чорби, како што е крвта од цибетките.Davidson, стр. 81–82. Некои култури и луѓе не конзумираат месо или производи од животинско потекло, од културни, здравствени, етички, верски или идеолошки причини.

Производство на храна

Традиционално, храната се добива преку земјоделството. Зголемената загриженост на агробизнисот за мултинационланите корпорации кои го држат светското производство на храна преку патенти за генетски изменета храна отвора растечки тренд кон одржливи земјоделски практики. Овој пристап, делумно поттикнат од побарувачката на потрошувачите, ја охрабрува билошката разновидност, локалната самоувереност и органските сточарски методи.Mason Големо влијание врз производството на храна имаат интернационалните организации (како што се: Светската трговска организација и Заедничката земјоделска политика), националната политика на владата (или законот) и војните.Messer, 53–91.

Во популарната култура, масовното производство на храна, особено пилешкото и телешкото месо, често е предмет на критика во многу докуметарни емисии, поради начинот на којшто се третираат и убиваат животните, и тоа најчесто од страна на големи корпорации. Со сегашниот тренд за екологија, луѓето од Западните култури покажале голема заинтересираност за употреба на растителни намирници, храна за посебни групи на луѓе (како што се: луѓе на посебни диети, жени или спортисти), функционална храна (збогатена храна, како што се Омега-3 јајцата), како и повеќе етнички разновидна храна.

Кујнска подготовка мини|Индиска храна во ресторан Многу култури имаат препознатлива кујна, посебен збир од традиционални начини на готвење, користејќи различни зачини или комбинации на вкусови препознатливи само за таа култура, кои се развиваат со текот на времето. Други разлики помеѓу културите вклучуваат параметри (топла или ладна храна, зачинета и сл.) и практики, истражување што е познато како гастрономија. Многу култури се насочуваат кон тоа нивната храна да се подготвува, готви и сл. Ова исто така вклучува трговија со храна која на некои култури им помага да преживеат, а не само да бидат потрошувачи. Некои познати типови на етичка кујна се: италијанската, француската, јапонската, кинеската, американската, тајландската и индиската кујна. Разни култури низ светот ги проучуваат навиките за исхрана. Храната се јаде и вообичаено се ужива преку сетилото за вкус, перцепција на аромата преку јадење и пиење. Одредени вкусови се попријатни за уживање отколку други.

Перцепција за вкус

Луѓето разликуваат пет различни типови на вкусови: слатко, кисело, солено, горчливо и умами. Како што животните еволуирале, вкусовите кои обезбедуваат најмногу енергија (шеќерот и мастите) се најпријатни за јадење, додека пак киселиот вкус не е толку омилен за конзумирање. Водата, како најважна за опстанок, нема вкус. Од друга страна пак мастите, особено заситените масти, се позбиени и побогати а со тоа се сметаат како поомилени за јадење.

Слатко

Генарално се смета за најомилен вкус, слаткоста речиси секогаш е направена од некој вид на шеќер, како што се гликоза или фруктоза, или дисахариди, на пример, сахароза), која е комбинација на молекулите на гликоза и фруктоза. Сложените јаглехидрати се долги синџири и со тоа немаат сладок вкус. Вештачките засладувачи, како сукралоза, често се користат како имитација за шеќер, создавајќи чувство на слатко, без калории. Другите типови на шеќер вклучуваат суров шеќер, кој е познат по својата боја, боја на килибар, кога е необработен. Шеќерот е витален за енергија и опстанок и е со пријатен вкус. Растенијата од родот Stevia содржат состојка позната како стевиол, која кога се екстрахира, има 300 пати повеќе сладост од шеќерот, додека минимално влијае на крвниот шеќер.

Кисело

Киселоста е предизвикана од вкусот на киселините, како оцетот во алкохолните пијалаци. Киселата храна вклучува цитрус, особено лимон, лимета и во помал степен портокали. Киселоста е од особено значење, бидејќи може да укажува на храна расипана од дејството на бактериите. Меѓутоа, многу видови на храна се со малку кисел вкус, сè со цел да се помогне да се стимулира и подобри вкусот.

Солено

Соленоста е вкусот на јоните на алкалните метали, како што се натриум и калиум. Се наоѓа речиси во секоја храна за да го подобри вкусот, иако да се јаде чиста сол се смета за многу непријатен вкус. Постојат многу видови на сол, кои имаат различен степен на соленост, вклучувајќи ја и морската сол, камена сол, минерална сол и сивата сол. Освен за подобрување на вкусот, солта му е потребна на телото и одржува деликатна електроцитна рамнотежа, што е функцијата на бубрезите. Солта може да биде јодизирана, што значи во неа може да биде додаван јод, кој е неопходна состојка која ја подобрува штитната функција. Некои видови на конзервирана храна, особено супи или пакувани чорби, имаат тенденција да бидат со високо ниво на сол, што обезбедува подолга трајност на храната. Историски гледано, солта се користела како конзерванс за месо, како екскреција на водата. Слично на тоа, исушената храна, често промовира безбедност на храната.

Горчливо Кората на лимонот е исклучително горчлива, додека пак внатрешноста на лимонот се одликува ос кисел вкус. Горчината е многу непријатна сензација карактеристична по остар, пикантен вкус. Темното, незасладено чоколадо, кофеинот, кората на лимон, како и слични видови на овошја се познати по горчливот вкус.

Унами

Унами на јапонски значи вкусно, што е најмалку познато за западната популарна култура, но нема толку долга традиција како азијатската кујна. Унами е вкусот на глумати, особено мононатриев глумат или МСГ. Се одликува со чубрица, месеста е и со богат вкус. Лососот и печурките се со висок вкус на унами. Месото и други производи од животинско потекло се опишуваат со овој вкус.

Презентација Познато е дека кога храната се презентира, потрошувачот прво „јаде“ со очи, универзален психички феномен. Храната презентирана на чист и начин на кој би се зголемин апетитот,ќе го подобри вкусот иако е незадоволителна.

Контраст во тексурата Текстурата игра клучна улога во поглед на уживањето на јадењето храна. Контрасти во текстурата, како што е нешто крцкаво во инаку меко јадење, може да ја зголеми привлечноста за јадење. Чести примери вклучуваат додавање гранола во јогуртот, крутони во салати или супи и потпечен леб за да ја зголеми крцкавоста, како џем или путер.

Контраст во вкусот Уште еден универзален феномен што се однесува на храната е појавата на контраст во вкусот и презентацијата. Спротивни вкусови, како што се слатко и солено, имаат тенденција да одат заедно, како што се некои видови на јаткасти плодови.

Подготовка на храната