Сокотра е мал архипелаг составен од четири острови во Индискиот Океан. Најголемиот остров, исто така наречен Сокотра, зафаќа 95% од површината на архипелагот. Се наоѓа на околу 240 километри источно од Рогот на Африка и 380 километри јужно од Арапскиот Полуостров. Островот е многу изолиран и преку процесот на видообразба една третина од растителниот живот на него не се наоѓа на ниедно друго место на планетата. Многупати е опишуван како највонземјанското место на Земјата.
Сокотра припаѓа на Република Јемен. Долго време била дел од Аденски гувернерат, но од 2004 година му припаднала на Хадрамутски гувернрат, кој е многу поблиску до островот отколку што е Адан. Од декември 2013 година, тој е самостоен гувернерат.
Географија и клима thumb|left|300px|Карта на Сокотра. Сокотра е една од најизолираните земјени површини со континентално потекло (т.е. нема вулканско потекло). Архипелагот порано бил дел од суперконтинентот Гондвана па разделен за време на миоценот заедно со другите случаи на одделувања со кои Аденскиот Залив се отворил на северозапад.
Островот се наоѓа меѓу 12° 06′ и 12° 42′ северно, 52° 03′ и 54° 32′ источно.Banfield LM, Van Damme K, Miller AG. Evolution and biogeography of the flora of the Socotra archipelago (Yemen). In: Bramwell D, Caujapé-Castells J, eds. The Biology of Island Floras. Cambridge University Press; 2011:197-225.
Архипелагот се состои од главниот остров Сокотра 3.625 км2 , трите помали острови Абд Алкури, Самах и Дарса и мали карпести површини кои се непогодни за живот за луѓето, но многу погодни за морските птици.
Главниот остров има три географски терени: тесните крајбрежни рамнини, варовничката висорамнина во чии карстни предели се наоѓаат пештери, и планините Хаџир. Планините се високи до 1.500 м. Должината на островот е нешто поголема од 130 км од исток кон запад а 29-35 км од север кон југ.
Климата на Сокотра спаѓа во Кепенова климатска класификација како BWh и BSh, што значи дека ова место има тропска пустинска клима и полупустинската клима, со просечна температура на годишно ниво над 18°C. Врнежите од дожд на годишно ниво се мали, но се прилично честа појава во текот на годината. Општо земено, повисоките места во внатрешноста се подложени на повеќе врнежи од крајбрежните низини, поради орографските бариери за довод на воздух создадени од внатрешните планини. Сезоната на монсумите е проследена со силни ветрови и покачување на нивото на морињата. Островите се составени главно од варовник. Планините Хаџир на Сокотра имаат области со изложен гранит.
Флора и фауна
Сокотра се одликува со најбогатa биоразновидност на Арапското Море. Долгата геолошка изолација на архипелагот Сокотра и неподносливата жештина и суша се одлично усогласени создавајќи единствена и спектакуларна ендемска флора. Истражувања на ботаничките терени, предводени од Центарот за испитување на растенијата на Блискиот Исток (кој е дел од Кралската ботаничка градина во Единбург) укажуваат на тоа дека 307 од 825 (37%), растителни видови на Сокотра се ендемски, т.е. не можат да се најдат на ниедно друго место на Земјата. Целата флора на архипелагот Сокотра е оценета како загрозен вид и ставена на Црвениот список на МСЗП, со моментално признати 3 критично загрозени и 27 загрозени растителни видови.
Едно од највпечатливите растенија на Сокотра е крвавото змејско дрво (Dracaena cinnabari), кое е многу чудно на изглед и има форма на отворен чадор. Лачи темноцрвена смола што потсетува на крвта на змејот од приказните, барана како лек и боја, а денес се користи за бои и лакови. Исто важни од античките времиња се и различните ендемски алое вера растенија на Сокотра, употребувани во медицината и козметиката. Други ендемски растенија се Dorstenia gigas, Moraceae, Dendrosicyos socotranus, и Punica protopunica.
На островот исто така има и богата птичја фауна, вклучувајќи неколку ендемски видови на птици како што се Onychognathus Frater, Nectarinia balfouri, Passer insularis и Rhynchostruthus socotranus, од кои повеќето се загрозен вид поради нападите од диви мачки. Постои дури и ендемски монотипичен род на птици, Incana incana.
Како и на многу други изолирани острови и на овој остров лилјаците се единствените домородни цицачи. Спротивно на ова, на коралните гребени на Сокотра има многу различни ендемски видови. Постои загриженост дека донесените видови, како што се козите, во иднина можно е да претставуваат закана за флората на Сокотра.
Признание од УНЕСКО
Островот е признат како светско природно наследство од страна на УНЕСКО во јули 2008 година. Европската унија го поддржа таквиот потег, барајќи од УНЕСКО и Меѓународната организација за заштита на околината да го класифицираат островот архипелаг и како еколошко наследство.
Луѓе и економија
Жителите на островот се од арапско, сомалиско и јужна азиско потекло. Тие се припадници на исламската вера и зборуваат семитски јазик, Сокотри. Нивните примарни занимања биле риболов, сточарство и одгледување на урми. Речиси сите жители на Сокотра (кој брои околу 50.000), живеат на главниот остров на архипелагот. Главниот град, Хадибу (со население од 8.545, забележано во пописот од 2004 година), вториот по големина град, Кулансија (со население од 3.862), и Кадуб (со население од 929), сите тие се наоѓаат на северниот брег на островот Сокотра.
Наводи
Поврзано Јемен Индиски Океан
Категорија:Архипелази во Индискиот Океан Категорија:Острови во Јемен