thumb|250px|Логото на Универзитетот Универзитетот Рупрехт Карл во Хајделберг е универзитет за јавно истражување, кој се наоѓа во Хајделберг, Баден-Виртемберг во Германија. Основан е во 1386, и е најстариот универзитет во Германија, а бил четвртиот универзитет основан во Светото Римско Царство. Хајделберг како образовна институција постои од 1899 година, денес се состои од дванаесет факултети и нуди програми на додипломски, постдипломски и постдокторски нивоа на околу 100 дисциплини. Тоа е германски високорангиран универзитет, како и основач на Лигата на европските истражувачки универзитети и групата Коимбра.
Руперт I, го основa универзитетот во време кога Хајделберг бил главен град на областа Пфалц. Поради тоа тој се користи како центар за теолошки и правни експерти од целата Римското Царство. Бројот на запишаните студенти опаѓа со триесетгодишната војна и универзитетот не ја надминува финансиската и интелектуалната криза до почетокот на 19 век. Постепено институцијата повторно станува центар на независни мислители и се развива во упориште на хуманизмот и центар на демократската мисла. Во тоа време Хајделберг служи и како модел на училиште за американските универзитети.
Како и да е, универзитетот изгуби многу од своите професори и беше означен како националсоцијалистички универзитет во периодот од 1933 до 1945. По Втората светска војна беа преземени интензивни активности за денацификација на универзитетот и Хајделберг служи како едно од главните места за одржување на студентските протести на левицата во Германија во 1970.
На Универзитетот се воведени модерни научни како научната психијатрија, психо- фармакологија, психијатриска генетика, физика на животната средина, и современата социологија кои се претставени како научни дисциплини . Поврзувајќи се со 30-тина лауреати на Нобеловата награда, Хајделберг продолжува со ставање на акцентот врз научните истражувања. Константно е рангиран меѓу највисоко рангираните европски универзитети и станува интернационално место за докторанти, со просечно илјада дипломирани доктори секоја година од кои една третина доаѓа од странство.
Меѓународни студенти од околу 130 земји претставуваат повеќе од 20 проценти од вкупниот број на студенти. Хајделберг има два кампуса на две различни локации, едната е Стариот град, а другата Нојнхајмерфелд кој е надвор од градот. Универзитетот бележи единаесет домашни и странски студенти кои завршиле во Хајделберг, а оствариле кариера на претседатели на држави и претседатели на влади,.
Историја
Основање
Околу 1400 година Хајделберг имаше околу 3.000 жители, но големиот раскол( познат како Големиот раскол ) кој се случи во 1378, по кој европското христијанство се подели на два спротивни табора и тоа му овозможи на овој релативно мал град да се здобие со сопствен универзитет.
Големиот раскол беше иницирана со изборот на двата папи истата година по смртта на Папата Григориј XI. Едниот папа- кој го бира Франција, престојуваше во Авињон, а другиот во Рим (избран од италијанските кардинали). Германските световни и духовни водачи изразија своја поддршка за наследникот во Рим, што имаше далекосежни последици како за германските студенти, така и за професорите во Париз- тие останаа без стипендии и мораа да си заминат.
Руперт I ја искористи можноста и иницираше разговори со папската Курија, што како краен резултат доведе до создавање на папската Була за создавање на универзитетот. Така во 1385 година Хајделберг доби дозвола од папата Урбан VI да отвори училиште со општи студии Studium Generale, а конечната одлука за основање на универзитетот е донесена на 26 јули 1389 во има на Руперт, конт од Палатина на реката Рајна. Како што е наведено во папската повелба, Универзитетот беше создаден според Универзитетот во Париз и вклучуваше четири факултети :филозофски, теолошки, правен и медицински.
На 19 октомври 1386 година беше одржано првото предавања, што значи дека Хајделберг е најстариот универзитет во Германија . За прв ректор беше избран Марсилиус фон Инген. За мотото на универзитетот тој ги избра зборовите semper apertus, што значи „Книгата за учење е секогаш отворена “.
За тоа колку бргу растеше универзитетот зборува и бројката од 185 студенти во 1390-тата година кои беа вклучени во наставата.
Развој
Од 1414 до 1418, професорите по теологија и право земаа учество на Вселенскиот собор во Констанца, во улога на советници на Луј III кој учествуваше на соборот како претставник на императорот и главен судија во царството. Како позитивно влијание на ова Универзитетот и професорите се здобија со добра репутација .
Под влијание на Марсилиус универзитетот првично подучуваше номинализам или via moderna./ Во 1412, и реализмот и учењето на John Wycliffe беа забранети на универзитетот, но подоцна околу 1454 беше одлучено дека и реализмот via antique треба да се учат, и на тој начин беа вклучени двата паралелни начини (ambae viae).
Преминот од схоластичка кон хуманистичка култура беше спроведен од канцеларот и владиката Јохан фон Далберг кон крајот на 15 век. Хуманизмот беше претставен на Универзитетот во Хајделберг посебно од основачот на старата Германска хуманистичка школа Рудолф Агрикола, Конрад Келтес, Јакоб Вимпфелинг, Јохан Рохлин. Силвиус Пиколомини беше советник на Универзитетот во својство на ректор на Вормс.
,,. Во 1553, папата Јулиј II го санкционираше доделувањето на црковните бенефиции за секуларните професори. Аргументите, несогласувањето Мартин Лутер во Хајделберг во април 1518 оствари долготраен ефект и неговите приврзаници, магистри и научници наскоро станаа водечки реформатори во југозападна Германија.Со вклучување на покраината Пфалц во реформаторство, Ото Хенри, Палатински, го претвори Универзитетот во калвинистичка институција. Во 1563, Катехизис на Хајделберг е создаден од соработката на универзитетската верска школа.
Како што поминуваше 16 век, доцниот хуманизам застана зад калвинизмот како предоминантна школа на мислата и личностите како се Паул Шеде, Јан Грутер, Мартин Опиц и Мтхаус Мериан кои предаваа на Универзитетот. Тој привлече ученици ширум континентот и се разви во културен и академски центар. Со почетокот на 30-годишната војна во 1618 година интелектуално и фискално универзитетот почна да опаѓа. Во 1622 година, тогаш позната библиотека Палатина беше украдена од универзитетската катедрала и однесена во Рим. Пропаднаа напорите за реконструкција од страна на кралот Луј IV, кој го уништи Хајделберг речиси целосно во 1693 година. Како последица на доцната реформација Универзитетот го губи протестантскиот карактер, a се канализира патот на језуитите . Во 1735, Стариот универзитет беше изграден на универзитетскиот плоштад, подоцна познат како Domus Vilhelmina. Преку напорите на језуитите отворено е подготвителното богословско училиште Seminarium s Carolum Borromӕum, чии ученици беа исто така регистрирани како студенти на Универзитетот. По укинувањето на Исусовиот ред, повеќето од училиштата поминаа во рацете на француската заедница на Лазаристите во 1773 година. Од тогаш ситуацијата се влошува, а Универзитет и натаму го губи престижот сè до владеењето на последниот Чарлс Теодор Платински кој ги основал катедрите за сите факултети, ги формирал наулните институти како што е Изборната академија на науките и го префрлил училиштето за политичка економија од местото Кајзерслојтерн во Хајделберг, каде што беше приклучен кон Универзитетот како факултетот за политичка економија. Исто така, тој ја основа и опсерваторијата во соседниот град Манхајм, каде што језуитот Кристијан Маер беше директор. Во врска со комеморацијата по повод 400- годишнина на Универзитетот, ревидиран е статутот, за што беа ангажирани неколку професори, а кој беше и изгласан . Финансиското работење на универзитетот беше ставено во ред . тоа е период во кој бројот на запишаните студенти варираше меѓу 300 и 400 и во јубиларната година 133 нови беа запишани. Како последица на потресите предизвикани со Француската револуција, а посебно поради договорот за мир меѓу Бонапарт и Кобенцел од Луневил 1801 година, Универзитетот го губи правото на својот имот од левата страна на реката Рајна, така што се очекуваше негов комплетен распад.
19-тиот и почетокот на 20 век
Овој пад не беше запрен сè до 1803 година. Ова година Универзитетот е повторно востановен како државна институција Карл Фридрих, според големиот војвода од Баден на кого му беше доделен имотот на покраината Палетинате на десната страна на реката Рајна.Оттогаш, Универзитетот го носи неговото име заедно со името на Руперт I. Карл Фридрих го подели Универзитетот на пет факултети и себеси се стави на чело како ректор, што го прават и неговите наследници. Во текот на оваа декада доаѓа до израз романтизмот во Хајделберг преку Клеменс Брентано, Ахим фон Арним, Лудвиг Тик, Јозеф Герец и Јозеф фон Ајхендорф и таму продолжува средновековното оживување на германската поезија, проза и уметност.
Германското студентско здружение, првенствено беше патриотска, а потоа политичка организација и имаше големо влијание. По конечното умирање на романтизмот, Хајделбер станува центар на либерализмот и на движењето во полза на германското национално единство. Историчарите Фридрих Кристофер Шлосер и Георг Готфред беа водачи на нацијата во нивната политичка историја. Училишта на модерната медицина и природните науки, посебно астрономијата беа модели во однос на формирањето и екипирањето, а Универзитетот Хајделбер особено беше забележлив и влијателен со своите правни студии. Универзитетот како целина беше модел за трансформација на американските колеџи на либералните уметности и на истражувачките универзитети, а посебно за тогаш формираниот универзитет на Џон Хопкинс. Професорите од Хајделберг беа важни поддржувачи на Формарц револуцијата и многу од нив беа членови на првиот демократски избран Германски парламент т.н. Франкфуртски парламент од 1848 година. Во текот на 19 век Универзитетот стана место на мошне либерални и отворени идеи, посебно негувани од Макс Вебер, Ернст Троелч и круг на колеги околу нив. Во таканаречената Вајмарска Република, Универзитетот беше наширокот признат како центар на демократски мисли поттикнати од професорите како Карл Јасперс, Густав Радбрух, Мартин Дибелиус и Алфред Вебер.За жал, постоеја и мрачни сили кои работеа во рамките на Универзитетот, како националсоцијалистичкиот физичар Филип Ленард, кој е во тоа време на чело на Институтот за физика. По убиството на Валтер Ратенау тој одби да го симне националното знаме на половина копје, со што ја покажа својата провокација кон комунистички ориентираните студенти.
Националсоцијалистички период и Федералната Република
Со појавувањето на Третиот рајх во 1933, Универзитетот ги поддржа нацистите како и сите други германски универзитетот во тоа време. Универзитетот се откажува од услугите на голем број од вработените и од студентите и тоа поради политички и расистички причини . Многу поддржувачи на дисидентите мораа да емигрираат и затоа многу еврејски и комунистички ориентирани професори кои не ја напуштија Германија беа депортирани .
На 17 мај 1933 членовите на Универзитетот и студентите земаа учество во палењето на книгите и Хајделберг беше конечно непопуларен и познат како националсоцијалистички универзитет. Пораката на влезот на новиот универзитет е сменета од „Духот на живот“ во „Германскиот дух“ и многу од професорите му оддадоа должна почит на новото лого. Универзитетот беше вклучен во нацистичката евгеника со принудна стерилизација која беше спроведувана на женските клиники и на клиниката за психијатрија, а тогаш раководена од Карл Шнајдер, кој беше вклучен во позната акција Т4 (како што беше наречена програмата за евтаназија). По завршувањето на Втората светска војна Универзитетот презема интензивни активности за сопствена денацизификација.