Морган Скот Пек ( година - ) е американски психијатар и најпродаваниот автор , најпознат по својата прва книга "Патот по кој поретко се оди" (The Road Less Traveled), објавена во 1978 година.

Животопис Пек е роден во Њујорк. Неговите родители го испратиле на престижниот интернат Phillips Exeter Academy во Ексетер, Њу Хемпшир, кога имал 13 години. Во својата книга Патот по кој поретко се оди , тој ја опишува приказната за неговиот краток престој во Ексетер, и признава дека тоа било најмизерното време. Конечно, на 15 години, за време на пролетениот распуст од неговата трета година, дошол дома и не сакал да се врати во училиште, при што неговите родители побарале психијатриска помош за него и тој бил (што е од особен интерес за него понатамошниот живот) дијагностициран со депресија и го препорачале за едно месечен престој во психијатриска болница (освен ако тој не одлучил да се врати во училиште). Тој дипломирал на Friends Seminary во 1954 година, по што тој се здобива со магистратура од Харвард во 1958 година и докторска диплома од Case Western Reserve University во 1963 година. Работел на управни места во владата во текот на неговата кариера како психијатар. Тој служел во американската армија и достигнал ранг на потполковник .Неговите задачи во армијата вклучувале должности како шеф на психологија на Армијата во Медицинскиот центар во Окинава, Јапонија, и помошник-началник на психијатрија и неврологија во канцеларијата на генералниот хирург во Вашингтон.Тој бил медицински директор на New Milford Hospital Mental Health Clinic и психијатар во приватната ординација во New Milford, Connecticut. Неговата прва и најпозната книга „Патот по кој поретко се оди“, била продадена во повеќе од десет милиони примероци.

Делата на Пек ги комбинирале неговите искуства од неговата приватна психијатриска пракса со јасна религиозна гледна точка. Во својата втора книга, Луѓе на лагата, тој напишал: "По многу години на нејасна идентификација со будистичкиот и исламскиот мистицизам, јас конечно направив цврста христијанска обврска - означена со моето не-фракционерско крштевање на деветти март 1980 година ... "(Пек, 1983/1988, ).Еден од неговите религиозни ставови бил дека луѓето кои се злобни напаѓаат други, наместо да се соочат со своите сопствени неуспеси. Неговите верски ставови се критикувани од некои конзервативци.

Во декември 1984 година, Пек ја основал Foundation for Community Encouragement (FCE), ослободена од даноци, непрофитна, јавна образовна установа, чија јасна мисија била "да се научат принципите на заедницата на поединци и организации." FCE престанала со операциите од 2002 до 2009 година. На крајот на 2009 година, речиси 25 години откако првпат била формирана FCE, организацијата повторно функционира, и почнала да нуди и изградба на заедница и обуки во 2010 година.

Пек се оженил со Лили Хо во 1959 година, и тие имале три деца. Во 1994 година, тие заеднички ја добиле Community of Christ International Peace награда .Во 2004 година, тие се разделиле, а подоцна се развеле. Пек потоа се оженил со Кетлин Клајн Јејтс. Додека пишувањето на Пек ги истакнува доблестите на дисциплиниран живот и одложување на задоволството, неговиот личен живот е далеку повеќе од турбулентен. На пример, во книгата In Search of Stones,Пек признава дека имал вонбрачни афери и бил оттуѓен од неговите две деца.

Пек починал во својот дом во Конектикат на 25 септември 2005 година, по боледување од Паркинсонова болест и рак на панкреасот и рак на каналот на црниот дроб .Образовниот институт Fuller Theological Seminary ги архивирале неговите публикации, награди, и писма.

Патот по кој поретко се оди „Патот по кој поретко се оди“ (The Road Less Traveled) објавена во 1978 година, е најпознатата работа на Пек, и е книгата која е заслужна за неговата репутација.Тоа е, накратко, опис на атрибути кои сочинуваат едно исполнето човечко суштество, заснована главно на неговите искуства како психијатар и човек.

Во првиот дел од работата Пек зборува за дисциплината , и тој смета дека е суштинска за емотивното , духовното и психичкото здравје, и која тој ја смета како "средство за духовна еволуција". Елементите на дисциплина кои придонесуваат за такво здравје ја вклучуваат способноста да се одложи задоволството , прифаќајќи ја одговорноста за себе и своето дејствување, со посветеност кон вистината и балансот.

Во вториот дел, Пек ја разгледува природата на љубовта, за која тој смета дека е главната движечка сила покрај духовниот раст.Тој дел главно напаѓа голем број погрешни сфаќања за љубовта: дека романтична љубов постои (тој го смета тоа за многу деструктивен мит ), дека станува збор за зависност , дека вистинската љубов не е "вљубување" туку дека тоа е чувство. “Вистинската љубов” e за проширувањето на границитe на егото,да се вклучи другиот и за духовното негување на другиот

Во последниот дел е опишана милосливоста, моќна сила која потекнува надвор од човековата свест која го негува духовниот развој во човечки суштества.За да го направи тоа тој ги опишува чудата на здравјето , на несвесното, и смиреноста, феномени за кои Пек вели: да се негува човечкиот животот и духовниот развој се целосно неразбрани од страна на научното размислување се вообичаени меѓу човештвото потекнуваат надвор од свесната човекова волја Пек контроверзно не ја отфрлил можноста за полов однос (ако терапевтски) помеѓу терапевтот и пациентот, сепак тој изјавил дека никогаш не дошол до случај кога тоа е оправдано, а подоцна изјавил дека се кае што воопшто го покренал ова прашање. Тој заклучува дека " чудата опишани укажуваат на тоа дека нашиот развој како човечки суштества е повеќе со помош на сила отколку со нашата свесна волја"(Пек, 1978/1992, стр 281). Random House, каде што помалку познатои психијатар првпат се обидел да го објави неговиот оригинален ракопис, го одбиле, велејќи дека последниот дел е "премногу христијански ".Simon & Schuster го објавиле неговото за 7.500 долари и отпечатиле скромни 5.000 примероци. Книгата почна да се продава тогаш кога Пек лично побара рецензија во клучните публикации. Повторно испечатена во март 1980 година, The Road за првпат се појавил на бестселер листите во 1984 година - шест години по првичното објавување.

Луѓе на лагата „Луѓе на лагата“ (People of the Lie) првпат објавена во 1983 година, People of the Lie: The Hope For Healing Human Evil следи по првата книга на Пек.Пек ги опишува приказните на неколку луѓе, кои дошле кај него и одбивале на секаква форма на помош. Тој дошол до заклучок дека тие се злобни и продолжува да ги опишува одликите на злото во психолошка смисла, предлагајќи дека тоа би можело да стане психијатриска дијагноза.

Теории Дисциплина Во Патот по кој поретко се оди, Пек зборува за важноста на дисциплината. Тој опишал четири аспекти на дисциплината: Одложување на удоволувањето: Жртвување на моменталната удобност за идни добивки. Прифаќање на одговорноста: Прифаќање на одговорност за сопствените одлуки. Посветеност на вистината: Чесност, на збор и дело. Балансирање: Справување со конфликтни барања.Скот Пек зборува за важна вештина за да се даде приоритет на различни барања - групирање.

Книга на Пек започнува со длабоката вистина дека "Животот е тежок" (Пек, 1978/1992 ).Ние мора да го прифатиме фактот дека животот никогаш не е наменет да биде лесен, и дека тоа е ништо друго освен бојно поле на проблеми. Ние можеме или да се жалиме во врска со нив или да ги решиме. Тука виталната улога на дисциплината подразбира значење.

Пек ја дефинира дисциплината како основен сет на алатки кои ние ги бараме за да ги решиме животните проблеми. Овие алатки се одложување на задоволството, преземање на одговорноста, посветеноста кон вистината, и балансот. Тоа се техники на страдање, средства со кои ние ја доживуваме болката на проблемите и на таков начин на да работиме преку нив и да ги решиме успешно, учење и растење во овој процес. Повеќето од нас не сакаат да се борат со нашите проблеми, поради болката која е присутна. Одложување на задоволството е процес преку кој ние учиме да се сретнеме со болката и да ја доживееме , и потоа да уживаме во задоволството. Со тоа, ние ја подобруваме радоста на задоволство. Повеќето од нас ја учат оваа активност на возраст од пет години. На пример, шестгодишно дете претпочита да ја јаде прво тортата и на крај шлагот. Децата попрво би ја завршиле својата домашна задача, за да може подоцна да си играат . Сепак, доста голем број од адолесцентите се чини дека имаат недостаток на оваа способност. Овие проблематични ученици се целосно контролирани од страна на нивните нагони .Таквите млади уживаат во дрогата , влегуваат во чести тепачки , и честопати се наоѓаат во конфронтација со власта .

Преземање на одговорноста за нашите проблеми е можеби и е нешто најтешко. Само со прифаќање на фактот дека имаме проблеми, можеме да ги решиме. Однос од типот на "Тоа не е мој проблем!" нема да не однесе никаде. Невроза и растројство на карактерот се двете нарушувања на одговорноста. Луѓето со невроза, преземаат преголема одговорност и се чувствуваат виновни за сето она што не е во ред во нивниот живот. "Се вели дека" луѓето со невроза прават да се чувствуваат мизерно, а оние со нарушување на карактерот прават сите други да се чувствуваат мизерно "(Пек, 1978/1992,) .Секој од нас е невротичен или со нарушување на карактерот во еден или друг момент . Луѓето со невроза мора да сфатат дека тие не мора да биде водени од претерана вина , додека пак оние со нарушување на карактерот мора да научат да ги преземат работите во чекор, наместо да станат товар на општеството.Зборовите на Eldridge Cleaver , "Ако не сте дел од решението, тогаш сте дел од проблемот", добро не посочува на сите нас.

Посвета на вистината доаѓа на ред. Сите ние имаме одреден поглед на светот кој мора да бидат постојано обновуван и преиспитан како што се наоѓаме себеси изложени на нови податоци.Ако нашата гледна точка е ораничена, лажна и застарена, тогаш ние ќе бидеме изгубени. Истото важи и за нашите животни искуства. Горчливото детство може да направи еден човек да има лажна идеја дека светот е непријателско и нечовечно место. Сепак, ако лицето треба допрва да расте, тогаш тоа мора да ги остави на страна предрасудите и да го преиспита својот поглед кон светот.Да се биде верен, исто така, подразбира живот на искрено само-испитување, подготвеност да биде лично предизвикан од страна на други и целосна чесност кон себеси и кон другите.

Конечно дојдовме до урамнотежување на техниката на флексибилност. Голем дел од времето ние функционираме со крути, поставени шаблони на однесување .Извонредната флексибилност е неопходна за успешно живеење. Дел од оваа техника е, исто така, учењето да се откажеме од нешто што ни е драго и познато. Во одбивањето да страдаме поради болката на жртвување , нема да успееме вистински да пораснеме.Со откажувањето добиваме повеќе. Овие меѓусебно поврзани техники на дисциплината се најважни, ако сакаме да се справиме со страдањата на животот. Една личност може да употреби две, три, па дури и сите стратегии во исто време. Силата, волјата и енергијата за да се применуваат овие техники доаѓаат од љубовта. Нема кратки патишта до среќата. Само со учење да се дисциплинираме себеси можеме да стапнеме на патот до задоволството и целината.

Невротично и вистинско страдање Пек верува дека само преку страдање и агонија можеме да ги решиме многуте загатки и конфликти со кои се соочуваме.Тоа е она што тој го нарекува вистинско страдање во духовна смисла.Во обид да се избегне вистинското страдање, луѓето на крај создаваат повеќе причини за страдање. Непотребното страдање е она што Скот Пек го нарекува невротично страдање. Пек вели дека нашата цел мора да биде да ги елиминираме невротичните страдања и ус преку нашите вистински страдања да успееме да ги постигнеме нашите поединечни цели.

Зло