Артур Ивлин Сент Џон Во (; – ), познат како Ивлин Во, — англиски писател на романи, патописи и биографии. Тој исто така беше и плоден новинар и критичар. Неговите најпознати дела ги вклучуваат неговите рани сатири „Одбивање и влошување“ (1928год) и „Рака полна прашина“ (1934год), неговиот роман „Враќање во Брајдсхед“ (1945год) и неговата трилогија на романи од Втората светска војна, заедно познати како „Сабјата на честа“ (1952 – 61год). Во, конзервативен католик чиишто погледи често се остро искажани, е широко признаен како еден од најголемите стилисти на прозата од 20 век.Stannard, Vol. I p. 203–04

Синот на еден издавач, Во студирал на Лансинг и Хартфорд Колеџ, Оксфорд, и кратко работел како воспитувач додека да стане комплетен писател. Како млад тој имал многу модерни и аристократски пријателства и развил го вкусот за селското општество кој никогаш не го напуштил. Во 1930-тите тој многу патувал, најчесто како специјален кореспондент на весници; давал извештаи од Абисинија за време на Италијанската инвазија во 1935 година. Тој служел во Британските вооружани сили за време на Втората светска војна, прво во Кралските Маринци а подоцна во Кралската Коњаничка Стража. Целото ова искуство и широкиот спектар на луѓе со кои се среќавал се искористени во неговата белетристика, генерално со хумуристичен ефект; иако неговиот нервен слом во раните 1950-ти, предизвикан од погрешно користење на лекови, беше измислен.

Во го опфаќа католицизам во 1930 година, после пропаѓањето на неговиот прв брак. Неговото традиционално гледиште го водеше до давање на голем отпор за реформирање на Црквата; промените донесени од Вториот Ватикански Совет 1962 – 65 година, особено воведувањето на локалната литургија, многу го вознемири. Овој замав, заедно со зголемената одбивност за „благосостојбната“ култура на поствоениот свет и одразувањето на неговото здравје, ги унесреќија неговите последни години, иако тој продолжи да пишува. Во јавноста тој генерално покажуваше маска на рамнодушност, но тој имаше голема љубезност кон оние кои ги сметаше за пријатели и многу од нив му останаа верни за време на целиот негов живот. После неговата смрт во 1996 година, неговите дела се стекнаа со филмски и телевизиски верзии, како што е „Враќање во Брајдсхед“ во 1982 година.

Бографија Семејно потекло Ивлин Во е роден во 1903 година од родителите Артур и Кетрин Во, во семејство со англиско, Шкотско, Велшко, Ирско и Хугуенско потекло. Господарот Кокбурн кој се одликуваше со трпеливост (1779 – 1854 год), врвен Шкотски адвокат и судија, Вилијам Морган (1750 – 1833год), предводник на статистичката наука кој служел во Правичниот Живот на Самоувереното Општество цели 56 години, и Филип Хенри Џуси (1810 – 88 год), научник за природата кој стана познат преку неговото претставување како религиозен фанатик на мемоарот на неговиот син Едмунд „Татко и син“. Од оние кои го носеле презимето Во, Александар Во (1754 – 1827год) бил свештено лице во Отцепената Црква на Шкотска која му помогнала при основањето на Лондонското Мисионерско Општество, и беше еден од водечките дисидентски проповедници во негово време. Неговиот внук Александар Во) 1840 – 1906год) бил селски лекар кој ги малтретирал неговата сопруга и деца и станал познат во семејството Во како „бруталецот“. Постариот од неговите два сина, роден во 1866 година, беше Артур Во. По завршувањето во Шерборн Училиштето и во Нов Колеџ, Оксфорд, Артур Во започна кариера во издаваштвото и како литературен критичар. Во 1902 година тој стана управен предводник на Чепман и Хал, издавачи на делата на Чарлс Дикенс. Тој се оженил со Кетрин Рабан (1870 – 1954год) во 1893 година; нивниот прв син Александар Рабан Во (познат како Алек) е роден на 8 јули 1898 година. Алек Во подоцна стана романописец на белешка. За време на неговото раѓање семејството живееше во Северен Лондон, на Хилфилд Роуд, Западен Хемпстед каде што на 28 октомври 1903 година беше роден вториот син, „набрзина уште пред да стигне Д-р Ендрус“, изјавила Кетрин. На 7 јануари 1904 годин момчето беше крстено Артур Ивлин Св Џон Во, но во семејството и пошироко беше познат како Ивлин.

Детство Голдерс Грин и Хит Маунт Во 1907 година семејството го напушти Хилфиелд Роуд за „Андерхил“, куќа која Артур ја изгради близу Голдерс Грин, полу – рурална област со дневни фарми, градини и шуми со див зумбул. Ивлин своите први часови ги прими дома од својата мајка, со која тој воспостави особено блиска врска – Артур Во беше подистанцирана фигура, чијашто врска со постариот син Алек беше таква што Ивлин често се чувствуваше отфрлен. Во Септември 1910 година Ивлин тргна во подготовното училиште во Хит Маунт. До тогаш тој беше живо дете со многу интереси кое веќе го имаше напишано својот прв расказ, „Клетвата на коњската раса“. Во помина шест години во Хит Моунт; според неговото тврдење тој беше „доста паметно момче“, кој беше ретко незадоволен или преплашен од часовите. Надвор од училиштето, Во и другите деца од соседството изведуваа драматуршки дела обично пишувани од него. Во основата на верувањето, кое тогаш се негуваше во печатот, дека Германците ќе ја нападнат Англија, тој ги организира своите пријатели во банда наречена „Револверната војска“, која изгради тврдина, отиде на маневри и парадираше во импровизирани униформи. Откако во 1914 година заврши Првата светска војна, Во и други момчиња од Машката Извиднича Група на Хит Моунт понекогаш работе како курири во Воената Пошта. Семејните одмори обично беа поминувани со тетките на Во Мидсомер Нортон, во куќа која беше осветлена со ламби на масло на коишто Во се задоволство се сеќаваше многу години подоцна. Во Мидсомер Нортон тој многу се заинтересира во високо Англиските црковни ритуали – првите возбудувања на спиритуалната димензија која подоцна може да доминира во неговиот живот – и служеше како олтарно момче во локалната Англиска црква. За време на неговата последна година во Хит Моунт воведе и уреди училиштен весник, наречен „Циникот“.

Лансинг Алек Во, како татко му, одеше во Шерборн училиштето и се сметаше дека и Ивлин треба да го следи тој пат. Меѓутоа, во 1915 година Алек беше избркан од училиштето откако неговата хомосексуална врска излезе на виделина. Тој замина на воен тренинг и додека чекаше да се потврди неговото овластување тој напиша роман за неговиот школски живот, „Разбојништвото на младоста“, кој беше издаден од Чапмен и Хал. Романот, кој се однесуваше на хомосексуалните врски по што беше и препознатлив Шерборн, предизвика јавна сензација и толку го навреди училиштето што за Ивлин беше невозможно да оди во него. Повеќе поради неговата вознемиреност тој беше испратен во Лансинг во мај 1917 година, според неговото гледиште дефинитивно инфериорно основање. Во наскоро ја надмина својата одбивност кон училиштето и се привикна. Тој почна да гради репутација како естет и во ноември 1917 година имаше есеј кој се викаше „Во одбрана на Кубизмот“ прифатен од уметничкиот магазин Цртање и Дизајн – неговиот прв објавен член. Во училиштето тој стана малку подмолен, иронизирајќи ги училишните кадетни корпуси и основајќи го Корпус Клубот „за оние кои се изморени од животот“. Завршувањето на војната го пресече враќањето на младите господари во училиштето како што е Џ. Ф. Роксбург, кој го охрабри Во да пишува и му предвиде убава иднина. Биографијата на Роксбург (кој потоа беше првиот главен предводник на Стоу Училиштето) беше последното дело кое имаше литературен преглед од Во, во „Надгледувачот“ на 17ти Октомври 1965 година. Друг ментор, Францис Крис, го научи Во за уметностите на калиграфијата и декоративниот дизајн; некои од делата на момчето беа доволно добри за да бидат искористени од Чапмен и Хал. Во неговите подоцнежни години во Лансинг, Во постигна конвенционален успех, станувајќи водич, уредник на училишниот весник, претседател на дебатното општество и добивајќи бројни награди за уметност и литература. Тој исто така ги изгуби повеќето од неговите религиозни верувања. Тој започна роман за училишниот живот, безнаслов, но после 5 000 напишани збора тој го напушти трудот. Тој ги заврши своите школски денови со добивање на стипендија на Хартфолд Колеџ, Оксфорд, и во декември 1921 година го напушти Лансинг.

Оксфорд Во пристигна во Оксфорд во јануари 1922 година. Набрзо тој им пишуваше на неговите стари пријатели од Лансинг за задоволствата кои тој ги имаше во неговиот нов живот; тој му пишал на Том Дриберг: „Оведе не работам и не одам во Црква“. За време на неговите први два семестри тој генерално тој го следеше договорот; пушеше луле, везеше велосипед, јадеше слатки и даде свој прв говор во Унијата на Оксфорд, спротивстувајќи се на движењето дека „На овој дом му е добредојдена забрана“.Во напиша извештаи за дебатите на Унијата за двата весници на Оксфорд, Чирвел и Ајсис, и беше во улога на филм критичар за Ајсис. Тој исто така стана секретар на дебатното општество на Хартфолдскотк училиште, „едено големо но не почесно работно место“, му рекол тој на Дирберг. Иако Во се стремеше да ја задржи неговата стипендија како награда а не како отскочна даска за академски успех, тој направи доволно напори во првите два семестри за да ја положи „Историјата на претходните“ или прелиминарните испити. Пристигнувањето на софостицираниот Етониас Харолд Ектон и Брајан Ховард во Оксфорд во октомври 1922 година го промени животот на Во Оксфорд. Ектон и Ховард многу брзо станаа центарот на авангардниот круг познат како Хипокрити, чиишто уметнички, социјални и хомосексуални вредности беа прифатени од Во со голем ентузијазм; подоцна тој напиша: „Ова беше сузбивачки терен за половината на мојот Оксфордски живот“. Тој почна многу да пие и се препушти на првото од неколкуте хомосексуални врски, од кои најдолги му беа оние со Ричард Парс и Аластер Грахам. Тој продолжи да пишува прегледи и кратки раскази за весниците на универзитетот и разви репутација на талентиран графички уметник. Оваа запоставеност водеше до поголема караница со професорот по историја на Во, Крутвел , декан (а подоцна и директор) на Хартфорд Колеџ. Кога Крутвел го советува да ги подобрува своите патишта, Во му одговори на начин за кој подоцна призна дека бил „идиотски арогантен“, со што врската меѓу нив двајца се претвори во заемна омраза. Во ја продолжи караницата долго после неговото завршување во Оксфорд, употребувајќи го името на Крутвел во неговите рани романи. Развртничкиот начин на живот на Во продолжи и за време на неговата последна година во Оксфорд, 1924тата година. Едно писмо кое е напишано таа година до еден пријател од Лансинг, Дадли Кеар, алудира на неколку емоционални притисоци: „Живеев многу интензивно овие три недели. Последните две недели бев речиси луд...можеби еден ден ќе ти кажам за некои од работите што се случија“. Тој се потруди само колку да ги помине последните испити во летото 1924 година со третокласен степен, многу слаб резултат кој го водеше до губење на стипендијата. Ова го спречи да се врати во Оксфорд и да ги заврши деветте семестри кои, според правилникот на Универзитетот, беа неопходни да се завршат пред да му биде даден степен, така тој си замина без степен. Кога се врати во Андерхил тој започна роман, „Светилиштето на Татач“, и работеше на филм заедно со едно од момчињата од Хипокрити, „Црвената Жена“, кој делумно беше снимен во градините на Андерхил. Тој многу време од остатокот од летото го помина во друштво на Алстаир Грахам; потоа откако Грахам замина за Кенија, Во есента замина во Лондон на уметничкото училиште Хитерлис.

Рана кариера Воспитувач и писатаел - почетник