Сликарство или живопис — практика на нанесување боја, пигмент или друго средство на одредена површина (базна основа). Најчесто, средството се применува на основата со помош на четка но исто така можат да се користат и други предметиMerriam-Webster Online. Во уметничка смисла, овој термин го опфаќа самиот чин како и резултатот на истиот, кој се нарекува уметничка слика. Како основа за создавање на една уметничка слика се употребуваат површини како ѕид, хартија, конопно платно, дрво, стакло , лак, глина, бакар, па дури и бетон, а може да содржи и повеќе други материјали, тука спаѓаат песок, глина, хартија, златен лист како и други предмети. Лицето што се занимава со сликарство се нарекува сликар(ка); во традиционален контекст на духовната уметност, сликарот се нарекува зограф (понекогаш и живописец).
мини|десно|320п|Мона Лиза на Леонардо да Винчи Сликањето претставува начин на изразување и се јавува во многу форми. Цртањето, композицијата или апстракцијата и други видови на естетика се алат кој на активниот сликар му служи за манифестирање на експресивната и концептуална замисла. Една уметничка слика може да биде натуралистична и реалистична (како ш—то е случај кај сликањето на мртва природа и пејзаж, фотографска, апстрактна, исполнета со наративна содржина, симболика, емоција или пак политички ориентирана.
Дел од историјата на сликарството во источната и западната уметност е под силно влијание на духовни мотиви и идеи ; примери за овој вид на сликарство се движат од уметнички дела на митолошки фигури отелотворени на керамика до библиски сцени кои се изложени на внатрешните ѕидови и таванот на Систинската капела, подглавја од животот на Буда или други сегменти од источната верска припадност.
Елементи Интензитет Она што го овозможува сликањето е перцепцијата и претставувањето на интензитетот. Секоја точка во просторот има различен интензитет, што во сликањето може да се претстави со црно и бело и сите нијанси на сиво меѓу нив. Во пракса, сликарите можат да артикулираат одредени облици правејќи контраст на површини со различен интензитет ; со употребување на само боја (со ист интензитет) можат да се доловат единствено симболички облици. Така, основните средства за сликање се издвојуваат од идеолошките средства, како геометриски фигури, неколку гледни точки, организација (перспектива) и симболи. На пример, еден сликар забележува дека одреден бел ѕид има различен интензитет во секоја точка, што се должи на формите и рефлексиите од околните предмети, но идеално, белиот ѕид е сепак бел ѕид во целосен мрак. Во техничкото цртање, дебелината на линијата е исто така идеална, демаркирајќи совршени контури на еден предмет во перцептивна рамка спротивна од онаа која ја користат сликарите.
Боја и нијанса
Бојата и нијансата се суштината на сликањето како што се тонот и ритамот во музиката. Бојата е доста субјективна, но има забележливи психолошки ефекти, иако тие може да се разликуваат од една до друга култура. Состојбата на жалост во Западот се поврзува со црната боја додека пак во Истокот се поврзува со белата боја. Некои сликари, теоретичари, писатели и научници, вклучувајќи ги Гете, Кандински и Њутн, имаат напишано свои сопствени теории за бојата. Притоа, употребата на јазикот е само генерализација за еквивалент на бојата. На пример, зборот "црвена", може да опфати широк асортиман на варијанти на чистата црвена боја произлезени од спектарот видлив на светлина. Не постои формален список на различни бои на начинот на којшто постојат утврдени и општо прифатени ноти во музиката како C или C#. За еден сликар, боите не се делат едноставно на основни и изведени (комплементарни или измешани) бои (како црвената, сината, зелената, кафеавата итн.).
Сликарите се справуваат со пигментите практично, така, "сината" за сликарот може да биде која било од сините : Париз сина (париска сина), индиго, кобалт, ултрамарин (светлосина) итн. Психолошките, симболичките значења на бојата не зборуваат строго за сликарските средства. Боите само придонесуваат за потенцијалот, извлечениот контекст од значењата, и од оваа причина перцепцијата на одредена слика е многу лична. Аналогијата со музиката е прилично јасна - звукот кај музиката (како "C") е аналоген на светлината кај сликата, "нијансите" на динамиката, а за сликата, распоредот на боите е исто толку специфичен како што тимберот (боја на звук) на музичките инструменти е специфичен за музиката - сепак не мора да значи дека тие ќе создадат мелодија, но можат да ѝ дадат различни контексти
Ритам
Ритамот е важен елемент во сликањето, како што е важен и во музиката. Ако ритамот го дефинираме како "пауза приклучена на една секвенца", тогаш може да се каже дека тој е присутен во сликите. Овие паузи овозможуваат креативната сила да има свој удел и да додаде нови творби - форма, мелодија, обоеност. Пренесувањето на формата, или која било информација, е од пресудно значење кај дадено уметничко дело и има директно влијание врз естетската вреност на тоа дело. Ова е последица на функционалната зависност на естетската вредност, т.е. слободата (на движење) на перцепција се доживува како убавина. Непречениот тек на енергијата, во уметноста како и во други форми на "teche", е директен придонес за естетската вредност.
Нетрадиционални елементи
Современите уметници значително ја прошируваат практиката на сликање со цел да ги вклучат, на пример, колеџите, почнувајќи со кубизмот, меѓутоа не се работи за сликање во вистинската смисла на зборот. Некои современи сликари вклчуваат различни материјали како песок, цемент, слама или дрво во нивната текстура. Како примери за ова можеме да ги напоменеме делата на Жан Дубуфет (Jean Dubuffet) и Анселм Кифер (Anselm Kiefer). Заедницата на уметници кои користат компјутери, за сликање на дигитално сликарско платно, по пат на програми како Adobe Photoshop, Corel Painter и многу други, постојано расте. Доколку е потребно, овие слики можат да се испечатат на традиционално сликарско платно.
Историја мини|лево|320п|Ѕидна слика на Бушманите Најстари познати цртежи, за кои одредени историчари тврдат дека се стари околу 32,000 години, се наоѓаат на Крот Суве (француски: Grotte Chauvet) во Франција. Тие се изгравирани и нацртани со црвен окер и црн пигмент и на нив се прикажани коњи, носорози, лавови, биволи, мамути или луѓе, најчесто како ловат. Сепак, најраните докази на сликарството се откриени во две камени засолништа во Арнем Ленд (англиски: Arnhem Land), во северниот дел на Австралија. Во најдлабокиот слој од материјалот на овие наоѓалишта се пронајдени користени парчиња окер чија старост е проценета на 60,000 години. Исто така, археолозите пронашле средство за сликање на камен, зачувано во варовно камено-засолниште во регионот Кимберли (англиски: Kimberly), во северозападна Австралија, кое датира од пред 40,000 години. Постојат примери на пештерски цртежи низ целиот свет - во Индија, Франција, Шпанија, Португалија, Кина, Австралија, итн.
Во западните култури, сликањето со масла и темпера има богата и комплексна традиција на стилот и предметот. На Истокот, мастилото и мастилото во боја, со еднакво богати и комплексни традиции, доминира низ историјата, кога е во прашање интересот на медиумите.
Откривањето на фотографијата е проследено со силно влијание врз сликарството. Првата фотографија е произведена во 1829 година. Од средината до крајот на XIX век, фотографските процеси се усовршуваат, и, како последица на широката распространетост, сликањето губи голем дел од неговата историска намена да обезбеди соодветен запис на начинот на кој светот се доживувал. Тука започнува една низа на движења во уметноста, влегувајќи во 20 век, каде ренесансниот поглед на светот постепено се уништува, преку импресионизмот, постмодернизмот, фавизмот, експресионизмот, кубизмот и дадаизмот. Сепак, источното и африканското сликарство ја продолжуваат долгата историја на стилизација, и, во исто време, не подлежат на еднаква трансформација.
Модерната и современа уметност се отцепува од историската вредност на вештината и документација во полза на концептот ; ова, во 1960-тите, некои личности ги наведува на констатацијата дека сликањето, како сериозна форма на уметност, е мртво. Ова мислење не го спречува мнозинството на живи сликари да продолжат да го практикуваат сликањето како целина, или дел од нивната работа. Виталноста и разновидноста на сликањето во 21-от век им противречат на прераните прогласувања на неговата смрт. Во една епоха која се одликува со идејата на плурализам, не постои консензус за стилот кој ја претставува. Значајни уметнички дела продолжуваат да се раѓаат во широк распон од разни стилови и естетски темпераменти, додека оценувањето на вредноста му е препуштена на пазарот.
Меѓу тековните и постоечките насоки во сликарството, на почетокот од 21 век, се црно-бело сликање, сликање со остри рабови, геометриска апстракција, апроприација, хиперреализам, фотореализам, експресионизам, минимализам, лирска апстракција, поп-арт (модерна уметност), оп-арт (оптичка уметност), апстрактен експресионизам, сликање на обоени полиња, нео-експресионизам, колаж, интермедијално сликање, асамблаж, компјутерска уметност, постмодернистичко сликање, нео-дада сликање (нео-дадаизам), сликање на обликувано сликарско платно, фреска на животна средина, сликање на традиционални фигури, пејзажно сликање, портретско сликање и анимација на стакло со боја.
Естетика и теорија Со теоризирање за сликањето и уметноста се занимавале уште класичните филозофи, како Платон и Аристотел. Платон ги занемарувал сликарите (како и вајарите) во својот филозофски систем, тврдејќи дека сликањето не може да ја опише вистината - тоа е копија на реалноста (сенка врз светот на идеите) и ништо повеќе од занаетчиство, слично на изработување на чевли (чевларство) и ковањето железо. Спротивно од мислењето на Платон, Леонардо да Винчи вели Pittura est cousa mentale (сликата е умствена дејност). Кант, пак, прави поделба меѓу убавината и возвишеноста, со што јасно ѝ дава приоритет на убавината. Иако не се однесува кокретно на сликарството, овој концепт бил прифатен од страна на сликарите, како Тарнер (англиски: Turner) и Гаспар Давид Френдрик (германски: Caspar David Friendrich).
Според Гете, во природата ништо не убаво ако според природните закони не е мотивирано како вистинито. Меѓутоа, за оваа природна вистина да се прикаже вистинито и на сликата, таа мора да биде образложена преку истакнување на влијателните нешта. Иако сликарот мора верно да ја прикаже природата во нејзините детали, сепак во високите сфери на уметничката постапка, во кои некоја слика станува вистинска слика, тој има повеќе слобода и може дури да премине кон фикции. Понатаму, низ целата уметност се провлекува користењето на културното наследство, зашто сите големи мајстори го користеле она што било добро кај неговите претходници. Најпосле, уметноста треба да создава за оние органи со чија помош ја сфаќаме; во спротивно, таа не ја исполнува својата задача. Оттука, религиозната содржина може да биде добар предмет во уметноста само ако е општочовечка.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 81-83.
Хегел го прифаќа неуспехот на обидот да се оствари универзален концепт за убавина, и, во својот есеј за естетика, пишува дека сликањето е едно од трите „романтично настроени уметности“, заедно со поезијата и музиката, заради нивната симболичка, високо интелектуална цел. Сликарите кои имаат напишано теоретски осврти на сликарството ги вклучуваат Кандински и Паул Кле. Кандински во својот есеј останува на своето мислење дека сликарството има духовна вредност, и ги спојува основните бои со основните чувства или концепти, нешто што Гете и други писатели веќе се обиделе да го направат.