Голо Бртце — археолошко наоѓалиште во Општина Другово село Козица. Претставува населба од хеленистичко и доцноантичко време. Се наоѓа во атарот на селото, на висок издолжен рид што стрмно се спушта кон Беличка Река и современиот пат Кичево-Битола, каде на зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови, а биле најдени и бронзени монети. Исто така има многу остатоци од топена железна руда.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Козица; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Козица