Седларци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
thumb|десно|Црква „Св. Димитриј“ thumb|десно|ОУ „Гоце Делчев“ thumb|десно|Спортско игралиште thumb|десно|Селска чешма
Пиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, северозападниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.
Надморската височина во селото е 263 метри додека селото зафаќа површина од 4,3 км2. Од нив, 232 хектари се обработливо земјиште, 139 хектари се шуми и 36 хектари се пасишта Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.259.
Историја Антички период
Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Киров Рид. Претставува населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селото, на левата страна од патот Седларци-Ангелци, во нивата на П. Лазаров се откриени два големи питоса и се среќава голем број фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Во наоѓалиштето има и остатоци од топена железна рудаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Отоманско Царство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 8 семејства и 28 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 104 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..
Југославија
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран НОО од страна на Киро МинановМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.. По крајот на Втората светска војна, Седларци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Во 1961 година селото имало 280 жители, сите Македонци. Во 1994 година во селото живееле 334 жители, сите Македонци.
На пописот од 2002 година, селото имало 343 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Националност Вкупно Македонци 343 Турци 0 Роми 0 Албанци 0 Власи 0 Срби 0 Бошњаци 0 останати 0
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Седларци има 246 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 207Албанци 0Турци 0Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други39
Институции и знаменитости Основно училиште „Гоце Делчев“ Спортско игралиште Црква „Св. Димитриј“ Манастир Селска чешма
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1795 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.
Наводи
Надворешни врски Општина Василево
Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија