Висока Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

thumb|лево|Старата училишна зграда. thumb|лево|Новата зграда на ОУ „Атанас Нивичански“ thumb|десно|Џамија thumb|десно|Стари гробишта

Висока Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот високопланински дел на Струмичка Котлина, во источниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.

Надморската височина во селото е 555 метри додека селото зафаќа површина од 19,6 км2. Од нив 1819,9 хектари се шуми, 116,5 хектари се обработливо земјиште и 21,3 се пасиштаПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 45.

Топонимија Во рамките на селскиот атар на Висока Маала се наоѓаат следниве топоними: Авлија, Висока Маала, Ески, Ески Баалар, Ески Баш, Ески Баши, Кадарли, Кадирлија, Казарли, Карачали, Карачалија, Коџа Трло, Коџук, Коџук Чука, Кус Баши, Кучук, Мазарлук, Малин Камен, Маштли, Мезарлук, Момин Камен, Оџа Трло, Село, Стаж, Столе, Узун Бурун.

Историја Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 20 семејства и 55 жители ТурциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 185 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161..

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Висока Маала била вклучена во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија Според тековната територијална организација, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.

Во 1961 година селото имало 342 жители. Во 1994 година во селото живееле 410 Турци.

На пописот од 2002 година, селото имало 497 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Националност Вкупно Македонци 0 Турци 495 Роми 0 Албанци 0 Власи 0 Срби 0 Бошњаци 0 останати 2

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Долно Лисиче има 697 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 0Албанци 0Турци 697Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други0

Институции и знаменитости

Џамија ОУ „Атанас Нивичански“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1808 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Нивичино.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 430 гласачи.

Наводи

Надворешни врски Општина Василево

Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија