Радичево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба thumb|лево|Дом на културата thumb|десно|Црква „Св. Ѓорѓи“ thumb|десно|ОУ „Гоце Делчев“ thumb|десно|Спортско игралиште

Радичево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото пооминува патот Струмица-Радовиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.

Надморската височина во селото е 281 метри додека селото зафаќа површина од 8,7 км2. Од нив 426 хектари се обработливо земјиште, 322 хектари се шуми и 49 се пасиштаПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.241.

Историја Антички период

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Грамади. Претставува населба од доцноантичкото време. На 3 км југозападно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамидиКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 126 Македонци и 125 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139..

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХСМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.. По крајот на Втората светска војна, Радичево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.

Во 1961 година селото имало 407 жители. Во 1994 година во селото живееле 582 луѓе, од кои 562 биле Македонци, 15 Турци и 5 Срби.

На пописот од 2002 година, селото имало 590 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Националност Вкупно Македонци 575 Турци 12 Роми 0 Албанци 0 Власи 1 Срби 2 Бошњаци 0 останати 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Радичево има 386 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 332Албанци 0Турци 6Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други48 Родови Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

Македонски

Староседелци: Доневци и Тонетовци (8 к.), Минеовци (1 к.), и Станковци со Јовановци и Јаневци (7 к.) Доселеници: Сушевски (8 к.) доселени се во XVIII век од селото Сушево кај Штип.

Турски

Доселеници: Реџеповци (4 к.), Мула-Асановци (4 к.) и Мемедовци (2 к.) стари доселеници; Хусеиновци (2 к.) доселени се од раселеното село Папино; Арифовци (1 к.) доселени се од раселеното село Џами Мале; Селимовци (1 к.) доселени се од раселеното село Аракли.

Институции и знаменитости Дом на култура Црква „Св. Ѓорѓи“ ОУ „Гоце Делчев“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1798 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 511 гласачи.

Наводи

Надворешни врски Општина Василево

Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Села со слава Илинден во Македонија