Робово — село во Општина Босилово, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на селото
мини|300п|лево|Поглед на селото
Името на селото првпат е запишано како Робово во пишани документи во век (1343 г.) и низ годините се сретнува под истото име. Името доаѓа од личното име Роб образувано со суфиксот -ово.
Според културниот деец и публицист, Иван Котев, роден во село Робово, селото го добило името по т.н. „пазар на робови“. Една друга легенда кажува дека селото го има добиено името по неговите основатели – тројца робови, кои побегнале од затворот во Солун и се засолниле во овој крај, кај денешно Робово. Едниот од робовите се викал Јанко, поради што месноста што се наоѓа југозападно од село Робово се нарекува Јанковица. Таму постоела црква, по која месноста се викала Црквиште. И таа се наоѓа југозападно од селото. На тоа место тројцата робови живееле на слобода и мир, занимавајќи се со земјоделство, претежно со лозарство. Во сеќавање на робовите, при напуштањето на месностите Јанковица и Црквиште, како и при преселувањето на населението на местото на денешно Робово, новонастанатата населба била наречена Робово.КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на Струмичкото Поле, сместено во крајниот западен дел на подрачјето на Општина Босилово. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 215 метри.
Низ селото поминува регионалниот пат 1404, кој се двои државниот пат А4, кој води до граничниот премин Ново Село со Бугарија, и на крај регионалниот пат завршува во селото Банско.
Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри, додека селото граничи со селото Дабиле, кое е прво и најблиско село до Струмица, со селото Босилово кое е центар на општината, со селото Муртино и со мал дел со селото Еднокуќево.
Низ атарот на селото тече реката Струмица, покрај која од двете страни е распослано висококвалитетно и плодно земјиште, на кое успеваат голем дел на градинарски култури.
Историја
Селото Робово порано имало друга местоположба, се наоѓало во месноста Црквиште, на помалку од еден километар од денешното Робово, во насока кон соседното село Сачево, но поради појавата на епидемија или чума, селаните го напуштиле старото живеалиште и основале нова населба, која ја нарекле Робово.
Селото е споменато со денешното име Робово во грамота на Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година.Новаковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513.
Во XIX век Робово било чисто македонско село. Во 1860 година Арсениј Костенцев го открил во домот на месниот жител Мицо Караџа првото училиште во Струмичката Каза. Самиот Мицо Караџа бил еден од најбогатите во селото, имајќи 500 до 600 декари плодна земја. Во училиштето Костенцев бил четири години учител во самото училиште доаѓале деца на чорбаџии и од соседните села Сачево, Муртино и Моноспитово, со вкупно 45 деца. Училиштето работело по буквари и други учебници, набавени од печатницата на Константин Држилович, и донесени од Солун. На иницијатива на Мицо Караџа во истата година се започнало со собирање на средства за изградба на селската црква „Вознесение Христово“, која била завршена во 1864 година.
Во ноември 1862 година селаните од Робово, на чело со Мицо Караџа и Арсениј Костенцев го протерале од Робово владиката Јеротеј Струмички.Костенцев, Арсени. Спомени. София, Издателство на Отечествения фронт, 1984. с. 24 - 25. Посетен на 2016-12-02. Во 1867 година во селото дошол „папа Михаил папа Николов от Берово". По него, во Робово служувал попот Јане Темелкович, а уште подоцна попот Глигор, двајцата од Радовиш.
По започнувањето на Балканските војни, од селото 2 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 875.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе ѝ припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства.
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
мини|300п|десно|Некогашна продавница во селото
Селото е споменато во „Оковани радник“ (легален орган на КПЈ), во број 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околинскиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спровел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе, бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316.
Стопанство
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 3,4 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 309 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.
Во минатото во селото работела земјоделска задруга и продавница.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година, Робово било село со 60 семејства и 213 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 240 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело едно егзархиско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Селото е средно по големина со македонско население, со мало намалување на населението. Така, во 1961 година селото имало 627 жители, а во 1994 година 576 жители.
Според пописот од 2002 година, селото Робово броело 576 жители, од кои 574 Македонци, 1 Србин и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 436 жители, од кои 421 Македонец и 15 лица без податоци.
Општествени установи
ПУ „Гоце Делчев“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Гоце Делчев“ - Босилово Дом на културата
Самоуправа и политика
Во век, Робово било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Босилово, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Босилово.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Босилово во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Босилово, во која покрај селото Робово, се наоѓале и селата Босилово, Гечерлија, Дабиле, Дрвош, Еднокуќево, Петралинци, Сарај, Старо Балдевци и Хамзали. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Турново во која влегувале селата Робово, Секирник и Турново.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1813 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 417 гласачи. На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 409 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Воздушен поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“
Цркви Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква.
Личности
Родени во или по потекло од Робово Гоно Манчев (1883-1926) — револуционер на ВМОРО; Васе Манчев — македонски раскажувач; Ангел Ангелов (1892-1962) — долгогодишен кмет на селото во периодот после ослободувањето од германско-бугарската власт; и Иван Терзиев (1928-2016) — композитор и флејтист.
Галерија
Поврзано Општина Босилово Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Босилово