Секирник — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

thumb|десно|Православна црква „Успение на Пресвета Богородица“ thumb|десно|Католичка црква „Св. Никола Чудотворец“ thumb|лево|ОУ „Кирил и Методиј“ thumb|лево|Селска чешма thumb|десно|Дом на пензионери thumb|десно|Споменик на Русалиите

Секирник се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село, додека десно од селото поминува реката Струмица.

Надморската височина во селото е 220 метри, додека селото зафаќа површина од 8,8 км2. Од нив, 688 хектари се обработливо земјиштеПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.259.

Историја

Ран период

Според преданието, во средниот век, во селото се изработувале секири, па оттука и името Секирник. Село Секирник има старо потекло, се споменува уште во средниот век. Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситен феудалец (пронијар) во селото Секирник бил Ласкар КотаницМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969..

Отоманско Царство

Во турско време, според народното предание, ова село било населено со муслиманско население. Се претпоставува дека турските колонисти доведени од пределите на Мала Азија, го истиснале христијанското население, и на нивно место се населиле ТурциКОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства од кои 183 Македонци, 56 муслимани и 13 Роми.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 730 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.. Како чисто турско село населбата е обележана на Етнографската карта од 1912 година, со името Секирник.

Царство Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства. Селото делумно било опожарено. Во овој период во селото се населиле и македонски бегалци од Кукуш, кои биле протерани од ГрцијаСТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И БУКУРЕШКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР. Пописот од 1961 година бележи дека 149 луѓе биле родени во друга држава (Грција). Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Секирник живееле 15 ТурциГаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244..

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Во 1932 година била изградена православната црква „Успение на Пресвета Богородица“. По крајот на Втората светска војна, селото било вклучено во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово. Во 2007 година била изградена католичката црква „Никола Чудотворец“. Пред тоа цели седум години постоело спор на месното население за обновување на овој храм со образложение дека во селото нема католициОсветена новоизградената католичка црква во Секирник. Во текот на 2016 година бил реконструиран Домот на културата во селото Реконструкција на Домот на културата во Секирник.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.

Во 1961 година селото Секирник имало 966 жители. Во 1994 година во селото живееле 1.190 луѓе, сите Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.194 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 871 жител, од кои 801 Македонец, 1 Албанец, 1 останат и 68 лица без податоци.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1824 и 1824/1 според Државната изборна комисија, сместени во дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.070 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.063 гласачи.

Личности Личности родени во Секирник:

Султана Арапова — учесник во НОВ на Македонија.

Културни и природни знаменитости ОУ „Кирил и Методиј“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“, православен храм. Црква „Св. Никола Чудотворец“, католички храм. Спомениκ за Русалиите, сκултуρа на игρаоρец изρаботена од бρонза. Спомениκ на децата бегалци од Егејска Македонија. Селска чешма Дом на култура Дом на пензионери Амбуланта

Редовни настани Средби на Русалискиот фолклор

Култура и спорт КУД „Русалии“

Наводи

Надворешни врски Општина Босилово

Категорија:Села во Општина Босилово Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија