Орманли — село во Општина Струмица.
Географија и местоположба
Орманли се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.
Надморската височина во селото е 600 метри а површината на селото изнесува 682 ха.
Селото се граничи со Куклиш, Костурино, Мемешли, Дорломбос, Три Води.
Историја
Стопанство
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 42 ха.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 34 жители, сите Турци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Турци.
Општествени установи Подрачно Основно училиште Даме Груев
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1832 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 15 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Беласица