Моноспитово — село во Општина Босилово, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Селото е познато по Моноспитовското Блато, кое се наоѓа во негова близина.
Потекло и значење на името
Се раскажува дека името на селото потекнува од грчките зборови „моно спити“, Во превод името на селото означува „една куќа“. Според преданието, едно високо воено лице на грчката војска, посматрајќи ја Струмичката Котлина од еден висок врв на планината Беласица, во полето кај Блатото, забалежал една куќа и рекол на својот придружник „Моно Спити!“. Веројатно во значење на „осамена куќа“, подоцна биле изградени и други куќи и така на почетокот била основана мала селска населба, која по „осамената куќа“ е наречена Моноспитово, исто како соседното Еднокуќево.
Географија и местоположба
мини|300п|десно|Воздушен поглед на Моноспитовското Блато
Селото се наоѓа во средишниот дел на рамништето на Струмичкото Поле. Селото е сместено во јужниот дел на подрачјето на Општина Босилово. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 208 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 16 километри и се наоѓа непосредно до патот Струмица-Ново Село.
До селото може да се стигне преку локални асфалтирани патишта од државниот пат А4 со исклучување пред селото Босилово или од регионалниот пат 1404 преку селото Муртино.
Селото се граничи со Еднокуќево, Бориево, Муртино, Банско и Габрово.
Историја
Денеска не е познато кога точно било основано селото. Според некои легенди и и преданија, сегашното Моноспитово порано имало друга местоположба односно се наоѓало во подножјето на планината Беласица. Барајќи подобри услови за живеење и заштита од постојаните напади, неговите жители се преселиле во месноста Комитска Корија. Но, и таму претходниците на моноспитовци не се задржале долго време. Тие и натаму барале подобро место за живеење. Едно време се населиле во месноста Скубиврат, кај село Банско. Но, тука некаква болест им ги уништувала децата. Така, тие се населиле во месноста Селиште, која се наоѓа на еден километар јужно од сегашната местоположба. На тоа место тие изградиле неколку нови куќи, налик на сточарски колиби, подигнати на песокливо земјиште, на речен нанос. Денеска постојат остатоци од оваа мала примитивна населба, позната како „Блатски Гробја“, што значи дека Блатото допирал до Селиште. Но, поради многу мравјалници, и тоа место го напуштиле, и конечно се населиле на денешното место.КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
Освен странските пропаганди, во Моноспитово исклучиво силна била и протестантската пропаганда. Евангелската црква била отворена во 1884 година. Еден од најзаслужните за ширењето на протестантството имале Ставре Тимов, богат граѓанин од Струмица, кој во Моноспитово имал и свој чифлиг и Спасо Бушев од самото село. Освен црква, во селото било отворено и протестантско училиште во 1890 година.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969. Во текот на овој период значително пораснал и конфликтот на грчката црква против протестантите. Така, во 1884 година во дворот на Спасо Бушев се собрале поголема група селани, за да чујат што ќе им кажат протестантските мисионери, по клеветите од владиката, биле затворени десет лица, осум од Моноспитово и двајца од Струмица.
Во средината на декември 1905 година, војводата Крсто Георгиев - Новоселски најпрвин бил опкружен во село Костурино, но тој успеал ранет од престрелката да побегне во Моноспитово, каде откако повторно бил опкружен од турската војска, тој се самоубил. Во август 1907 година бил свикан редовен околиски конгрес во близина на селото Куклиш, но поради предавство на еден грчки агент, следувала битка во која тројца комити со потекло од Моноспитово биле убиени. Комитетот бил повторно откриен кон крајот на 1909 година од Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков, а на чело застанал стариот деец Христо Џолев.Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 65
мини|300п|десно|Куќа каде е основан првиот народноослободителен одбор во Струмичкиот регион
По создавањето на ВМОРО, раководители на месниот комитет станале Атанас Галев, Трајко Барбутов - Штерко, Мито Маневски и Андон Попов.„Премрежињата на македонското револуционерно движење - Спомени“, Скопје, 2006 г., Спомени на Атанас Џолев Во меѓусебните дописи, тие за месните села употребувале псевдоними. Така, за селото Моноспитово го употребувале псевдонимот „Беласица“. Тие биле стрелани од српската милиција на 25 мај 1925 година меѓу градот Струмица и селото Дабиле, поради нивната револуционерна ангажираност во ВМРО на Тодор Александров.ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ДЕЈЦИ ОД СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО ОД ОСНОВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ДО ПОЧЕТОКОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (1893 – 1912/13), Бранко ЃоргиевГелев, Димитар. Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991, стр. 246.
По започнувањето на Балканските војни, 34 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 864. Од разните чети во кои биле вклучени и струмичани била и онаа која дејствувала под раководство на 26-годишниот војвода Иван Попвелков од село Моноспитово, од каде што имало и најголем број учесници во овие доброволни дружини не броејќи го самиот град Струмица. Од вкупно 34 луѓе кои зеле учество во војната, 10 од нив биле во четата на Иван Попвелков, кои подоцна се приклучиле кон создадените три нови Македонско-одрински дружини на самиот Тракијски фронт. Подоцна, со Орден за храброст од селото бил награден Евтим Василев.
Селото било ослободено од османлиската власт од четите на Думбалаков и Хаџиманов.Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 167 - 168, 177 - 178. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе ѝ припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на ѕверства. Селото Моноспитово било изложено на грабеж од грчките војници. Во Моноспитово, Грците дошле со намера да го запалат селото и малтретирале и убиле неколку мажи и жени. Напуштајќи го ограбеното село, Грците им се заканиле на селаните дека пак ќе се вратат и ќе стават „под нож“ сѐ што „е македонско“.Струмица и Струмичко во времето на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, Завод за заштита на спомениците и културата и музеј на Струмица, 2013.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Во него била формирана селска чета на ВМРО од легални дејци на организацијата. Војвода бил Данчо Алаџов, помошник Тошо Бонев, Кољо Бансколиев, Пандо Попов, Пандо Крстев, Панзо Домазетов, Илија Делчев, Тушо Паунов, Наце Пенкин - Џонето, Атанас Џонев и други.
Во текот на 1930-тите и 1940-ите години, во регионот имало голем процент на заболени од маларија. Ова главно се должело и на големиот број на мочуришта во регионот, пред сè Моноспитовското Блато. Во текот на овој период била отворена и првата здравствена установа во селото.
Стопанство
мини|300п|десно|Стопански објект во селото
Атарот на селото зафаќа простор од 9,5 километри квадратни. На него доминира обработливото земјиште на површина од 754 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.
Во минатото, во селото имало фабрички погон и земјоделска задруга, а денес во него има продавници.
Население
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година, селото се состоело од 120 семејства и 437 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.300 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 976 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 184 македонски протестанти. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.
Моноспитово е големо село, со пораст на неговото население до 2010-тите. Така, селото во 1961 година броело 1.708 жители, а во 1994 година 1.872 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Моноспитово броело 1.803 жители, од кои 1.799 Македонци, 1 Турчин, 2 Срби и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.324 жители, од кои 1.241 Македонец, 1 Албанец, 1 Србин, 1 останат и 80 лица без податоци.
Општествени установи
ПУ „Борис Трајковски“ - централно основно училиште за ученици од прво до деветто одделение Детска градинка „Малото Славејче“ Здравствена амбуланта Пошта Дом на културата Центар за алтернативен туризам и креативен развој Здружение на пензионери
Самоуправа и политика
Во век, Моноспитово било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Босилово, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на Општина Муртино.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Босилово во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Муртино, во која покрај селото Моноспитово, се наоѓале и селата Банско, Куклиш, Муртино, Сарчево и Свидовица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Моноспитово во која влегувале селата Банско, Бориево и Моноспитово.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1842 и 1843 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.568 гласачи. На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.584 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква Св. Константин и Елена — главна селска православна црква, една од најстарите во регионот која била изградена во 1838 година; Евангелско-методистичка црква — евангелско-методистичка црква; и Евангелска црква — евангелска црква.
Споменици Биста на Гоце Делчев во средишниот дел на селото Биста на Борис Трајковски во дворот на основното училиште
Споменици на природата Моноспитовско Блато — големо мочурливо подрачје во Струмичко
Личности
мини|десно|150п|Вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски
Родени во или по потекло од Моноспитово Атанас Ансаров — македонски револуционер. Атанас Џолев — македонски револуционер. Христо Џолев — македонски револуционер. Зујца Атанасова Глигорова — учесник во НОВ на Македонија. Киро Донев (р. 1942) — македонски писател и преведувач. Кољо Мишев (р. 1960) — македонски сликар. Васил Дрвошанов (р. 1951) — македонски поет и научен работник. Борис Трајковски (1956-2004) — претседател на Македонија.
Починати во Моноспитово Крсто Георгиев - Новоселски — македонски револуционер, деец на ТМОРО
Галерија
Поврзано Општина Босилово Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Босилово