Костурино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

thumb|десно|Црквата „Св. Димитриј“ thumb|десно|Споменик во селото thumb|десно|ОУ „Даме Груев“

Костурино се наоѓа во Струмичкото Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.

Надморската височина во селото е 440 метри а површината на селото изнесува 2.455 ха.

Селот се граничи со Три Води, Мемешли, Орманли, Злешево, Чепели, Раборци, Раброво.

Историја мини|Костурино, црквата Св. Димитрија во 1931 г. мини|Погелед на Костурино во 1931 г. Османлиски период

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Костурино се состоело од 102 семејства и 330 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 790 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160..

Во текот на т.н. афера Мис Стон, селото било посетено од страна на Гоце Делчев, каде се сретнал со Андон Ќосето и Иван МанолевМ. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 936 Македонци и 5 Грци, и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..

Југословенски период

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија.

Стопанство

Претежно занимање на населението е zемјоделие, sточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 575 ха.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци и 25 до 50 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.280 жители, од кои 1.276 Македонци, 1 Турчин, 2 Срби и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 895 жители, од кои 803 Македонци, 4 Албанци, 2 Срби, 3 останати и 83 лица без податоци.

Општествени установи Подрачно основно училиште Даме Груев Амбуланта Пошта

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1830 и 1831 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Димитриј“, православен храм. Василица Чука, археолошко наоѓалиште од хеленистичко и римско време. Прогон, археолошко наоѓалиште од доцноантичко и старохристијанско време. Растурен Брег, археолошко наоѓалиште од средновековно време. Орниче, археолошко наоѓалиште од неолитско време.

Редовни настани

Пеливанско борење кое се одржуваа по поводот Петровден на 12 јули секоја година

Личности Личности родени во Костурино:

Руса Јован Крстева (во — ) — активистка во НОД, член на организацијата на АФЖ.

д-р Јанко Бачев, доктор на правни науки, универзитетски професор по меѓународно право и претседател на партијата Единствена Македонија (претходно Народно движење за Македонија)

Култура и спорт Петровден е официјален празник на селото. Пеливанското борење постаро од три века ФК Голаш-2005 Здружение на тутунопроизводители „Костурани“ Здружение на играорци „Костуранка"

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Беласица