Ова е статија за селото. За истоименото езеро видете тука, додека за браната видете тука

Иловица — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

thumb|лево|Училиште „Кирил и Методиј“ thumb|десно|Црква „Св. Димитриј“ thumb|десно|Спортска сала thumb|десно|Џамија

Иловица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина, во подножјето на планината Огражден, околу 4 километри лево од патот Струмица-Ново Село. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.

Надморската височина во селото е 286 метри додека селото зафаќа површина од 22,22 км2. Од нив, 1.289 хектари се шуми, 685 хектари се обработливо земјиште и 113 хектари се пасишта.Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.127.

Низ селото поминува реката Јазга, која доаѓа од планината Огражден и го дели селото на два дела.

Историја Ран период

Станува збор за постара селска населба, која се претпоставува дека постоела и пред доаѓањето на Османлиите на Балканскиот Полуостров. Подоцна многу од турското население се иселило од Иловица и заминало за Турција. На нивно место дошле нови жители во селото, претежно Македонци односно бежанци. За ова сведочат црквата и гробиштата во селото. Според едно предание, на местото на старата христијанска црква еден Турчин сакал да гради куќа. Но, кога дознал дека на тоа место некогаш имало христијанска црква, тој веднаш ја откажал градбата. Подоцна, на истото место во почетокот на XX век била изградена денешната христијанска црква.

За името на населбата постои една легенда. Се раскажува дека во падините на Огражден, живеел некој човек по име Иљо. Тој не можел да ги поднесува насилствата и злоделата на Османлиите, поради што станал ајдутин. Но при еден напад на непријателот, тој бил убиен. Неговата сопруга Иловица, заедно со своите деца, подоцна се преселила во денешната населба. Со тек на времето, тука се населиле и други жители од околните ридско планински села, па така била основана населбата, која според првиот жител била наречена Иловица. Според друго предание, името на селото потекнува од самата локација на селото, од земјиштето на кое е основано, односно по земјата иловица (вид смолеста глина)КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО.

Отоманско Царство

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 110 семејства од кои 238 жители Македонци и 108 ТурциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 218 жители Македонци и 750 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Во текот на 2000-те на подрачјето на планината Огражден кај Иловица започнале истражување за пронаоѓање на метали од страна на канадската компанија Еуромакс. Во 2012 година било утврдено дека на овој простор лежат речиси 790.000 тони бакар и 130 тони злато и се претпоставува дека овој рудник би можел да биде најголемиот од таков вид во Македонија. Според најавите рудникот треба да започне со работа најдоцна до 2017 година, а ќе бидат вложени над 500 милиони долари и ќе бидат вработени околу 500 лица.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци и 150 Турци.

Пописот од 1961 година бележи дека 154 луѓе биле родени во друга држава (Грција).

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.907 жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.551 жител, од кои 1.041 Македонец, 2 Албанци, 297 Турци, 9 Роми, 5 останати и 197 лица без податоци.

Според бројот на жители, Иловица е голема населба со доста стабилна демографска положба. Имајќи ги предвид пописните резултати, може да се констатира дека во селото не се забележани миграциски движења во голема мера.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1820 и 1821 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.559 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.591 гласач.

Културни и природни знаменитости

Во селото се наоѓаат следните знаменитости: Варница. Претставува населба од доцноантичко време. Гробишта. Претставува населба од доцноантичко време. Крст. Претставува могила од римско време. Крива Топола. Претставува населба и старохристијанска црква од римско време. Куши Тумба. Претставува населба од доцноантичко време. Црквите. Претставува населба од римско времеКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Црква Свети Димитриј изградена во 1915 година. Каменот од Иловица претставува камен на кој има отпечатоци од потковица за коњ кој според легендата станува збор за коњот на Александар МАкедонски. Ладна чешма Џамија

Личности Ѓорѓи Димчев, Цветан Трендафилов и брат му, дејци на ВМРОМихайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 713. Атанас Мучев (1917 - 1962) - сликар

Наводи

Надворешни врски Општина Босилово

Категорија:Села во Општина Босилово Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија