Серо Патапо (шпански: Cerro Pátapo) или Северновариски рушевини — археолошко наоѓалиште во Перу во близина на градот Чиклајо. Рушевините се од Вариската култура. Откритието на овие рушевини било објавено на 16 декември 2008 година од археологот Сезар Соријано. Ова наоѓалиште е прв доказ за постоењето на Вариската култура во северно Перу и исто така се покажало дека местото имало големо значење. Серо Патапо се наоѓа на околу 14 километри од Чиклајо и заземаат површина од 4.8 км2.
Вариската култура доминирала од 7 до 12 век во јужно Перу. Културата е позната по големата мрежа на патишта и заземата територија приближно колку таа на Тавантинсују. Според сложената, уникатната и монументална архитектура, се утврдило дека имале развиена империја.> Katharine Schreiber, "Wari Empire - Excavations at Wari, Ayachucho, Peru", JRank, accessed 3 Nov 2010
Наводи
Поврзано Вариска култура Вариски рушевини Археолошки наоѓалишта во Перу
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Перу