Филип Миркуловски (роден на ) ― македонски ракометар.

Животопис На 24 јуни 2012 година, Миркуловски се оженил со Благица Наумовска, со која бил во десетгодишна врска.ZOOM.mk

Кариера Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на РК „Македонија“, клуб во кој се задржал седум години. Во РК „Металург“ заминал во сезоната 2003/2004. По завршувањето на Светското ракометно првенство во Катар, во февруари 2015 година, Миркуловски соопштил дека го напушта РК „Металург“ и дека се сели во РК „Хановер“. Причината за напуштањето на клубот биле големите финансиски проблеми, кои резултирале со долготрајно доцнење во исплатата на платите на ракометарите.„Миркуловски: Се селам во Хановер“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 23. Во 25. коло на германската лига, Миркуловски покажал одлична игра во мечот против „Магдебург“, постигнувајќи шест голови, а имал и по две асистенции и украдени топки.„Миркуловски блескаше против Магдебург“, Утрински весник, година XVI, број 4724, вторник, 3 март 2015, стр. 19. Во март 2015 година, Миркуловски потпишал двегодишен договор со германскиот клуб „Вецлар“, со важност до 2017 година, каде го заменил легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ.„Миркуловски потпиша за Вецлар“, Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 24.

Во знак на почит кон игрите на Миркуловски, раководството на РК „Металург“ одлучило привремено да биде повлечен дресот со број 13, кој во претходните 12 години го носел Миркуловски.„Во Металург повеќе нема никој да го носи дресот на Миркуловски“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.

Миркуловски бил член на Македонската ракометна репрезентација, со која настапил на Европските првенства во 2012, 2014и 2016ак ко и на светските првенства во 2013 и 2015 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Скопје