мини|десно|350п|Карта на Илинденската организација на која е прикажана Македонија во нејзините географски и етнографски граници. Независна Македонија била идејна концепција на Македонците, меѓу двете светски војни,в. „Македонска трибуна“, бр.18, 02.08.1945, стр. 1 за решавање на македонското прашање преку создавање на самостојна македонска држава и претставува континуитет во македонското револуционерно движење и програмските определби на Македонската револуционерна организација, односно нејзината идеја за создавање на автономна Македонија. Концепцијата својата конечна форма ја добила со виенските разговори помеѓу ВМРО и Коминтерната за создавање на единствено македонско револуционерно движење и обединувањето на македонскиот народ околу идејата за Независна Македонија. Оваа концепција претставувала една нова определба, нова политичка и национална платформа на ослободувањето и обединувањ на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица во нејзините природни, географски и етнографски граници во новите историски услови.Протокол за обединувањеМајски манифест

Иднината на Македонија и Тракија

мини|лево|300п|Фамилијата на Тодор Александров покрај неговиот гроб со парола Преку голгота кон независна Македонија Слоганот Независна Македонија се појавил по завршувањето на Првата светска војна и станува дел од идејните, концептуталните и програмските определби на Македонското национално движење и сите револуционерни огранизации што произлегле од оваа движење. Зачетокот на концепција може да се најде во опширната дискусија на Васил Коларов, која била прифатена од Шестата конференција на Балканската комунистичка федерација како резолуција под насловот Иднината на Македонија и Тракија. Оваа резолуциија призлегла од потребите за изградување на програмска платформа што ќе им одговара на интерсите на макеоднскиот народ и би послужила како рамковна платформа за предвидените разгови со Тодор Александров и ВМРО. Врз основа на оваа резолуција подоцна бил изграден идниот Мајски манифест.

Резолуцијата не се одликува со голема доследност во теоретскиот пристапк кон објаснувањето на макеоднскиот национален субјект, меѓутоа таа претставува голем чекор напред, особено точката два во која се вели:

Мајска платформа мини|лево|250п|Мајски манифест Тодор Александров ја прифатил идејата за Независна Македонија сметајќи дека со таа концепција ќе се зачува интегритетот и неделивоста на Македонија, ќе се застане на патот на српско-грчките територијални претензии, а бугарската влада би го вратила Пиринскиот крај за да се создаде од Македонија независна држава под протекторат на големите сили . Од виенските разговори помеѓу ВМРО и Коминерната произлегле четири документи, во еден од нив, односно во Протокол за обединување на македонското револуционерно движење од 1924 година, било истакнато:

... ослободителната револуционерна борба во Македонија при денешната балканска и меѓународна политичка положба, е можен само кога таа борба ќе биде положена врз следните основи: 1. Ослободување и обединување на распарчените делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни етнографски и географски граници... Кога политичкото постоење на независна Македонија ќе биде гарантирано од сојузот на самостојно определените балкански народи во една Балканска федерација, која единствено може да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и европските држави, да го осигура правилното разрешување на сите нацианални спорови и да го гарантира културниот развиток на сите етнографски малцинства.Протокол за обединување на македонското револуционерно движење од 1924 година

Во Мајскиот манифест меѓу другото било истакнато дека:

Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море - ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политичка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово... учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што беспрекидно, во сите војни на Балканите, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во имета на ослобадувањето и самоопределувањето на балканските народи, - е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканите... По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека и покрај сите жртви, што бугарскиот народ ги давал и е готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една политика јавно србофилска, која не само шта ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканите за сметка на Македонија...

Меѓутоа Тодор Алексанров се откажал од виенските разговори и потпишаните договори по што набргу уследило и неговото убиство, а Централниот комитет на ВМРО продолжил со негирањето на мајската платформа.

ВМРО (Обединета) По смрта на Александров доаѓа до обединување на сите организции од македонското револуционерно движење кои ја прифатиле мајската платформа. Отука била создаден ВМРО (Обединета) чија цел била:

ВМРО (Обединета) имала еволутивен став во однос на македонското национално прашање. Од првичните ставови за етничкиот состав на населението на Македонија како шаренило на народи (Бугари, Грци, Срби итн.), подоцна станале доминантни ставовите дека Македонците се посебен народ (нација) и со посебен јазик.

Причини за борбата за Независна Македонија мини|лево|200п|Кокарда на ВМРОthumb|350px|десно|Расписка на ЦК на ВМРО на која јасно се гледа лозунгот Слобода или смрт и Независна Македонија ВМРО на Иван Михајлов и покрај фактот што се откажале од мајската платформа сепак не ја отфрлиле идејата за Независна Македонија, односно создавање на една независна самостојна македонска држава која подоцна би можела да влезе во рамките на поширока балканска федерација. Меѓутоа Иван Михајлов и неговите соистомисленици направиле значајна отстапка од мајската платформа, всушност тие се вратиле на стартото видување дека македонска нација не постои, а македонскиот народ се состои од Бугари, Срби, Грци, Албанци, Турци и др. Овие погледи може да се видат во тезата Зошто се борам за Независна Македонија, изработена од Ванчо Михајлов, а најверојатно и од Јордан Чкатров, основа за идната брошура Македонија - Швајцарија на Балканот, во која било истакнато:

Михајлов поимот автономна го заменил со поимот независна Македонија во која живеат Бугари. Негова стратегиска цел била создавање на Македонија како втора бугарска држава.

Други организации Покрај ВМРО, овој слоган бил прифатен од голем број на организаци и друштва во македонското револуционерно движење. Весникот на организацијата на македонските бегалци во Бугарија се нарекувал Независна Македонија. Во воведната статија на неговиот прв број било наведено дека легалната борба има за цел издигне на Македонија во нејзините географически и економски граници во независна држава

Современост Денес во Република Македонија, политичката платформа за Независна Македонија, се третира како важна етапа во борбата на македонскиот народ за создавање на своја сопствена држава. Отука се преземени неколку чекори за одбелжување на овој значаен симбoл од историјата на македонската нација.

Во Скопје, односно во општината Центар е изградена спортска сала со името Независна Македонија, а на левиот брег на реката Вардар во тек е изградба на колонадата која ќе го носи името „Независна Македонија“. Станува збор за изградба на амфитеатар со античка колонада. Како дел од градбата ќе се постават девет скулптури музи и два лава .

Белешки

Наводи

Категорија:ВМРО Категорија:Историја на Македонија (1912-1944)