Рибинскоте вештачко езеро () е вештачко езеро во северозападна Русија на реката Волга. Дел е од таканаречената каскада Волга-Кама, и е второ по големина езеро во Европа после Кујбишевското вештачко езеро.

Плановите за изградба на вештачкото езеро првпат биле изработени во 1935 година, а градењето траело од 1941 до 1947. Со изградбата на езерото и браната градот Молога бил потпен заедно со 663 села. Езерото се наоѓа кај градот Рибинск, 280 километри северно од Москва. Во ова езеро се влева реката Волга. Ширината на езерото изнесува 60 километри додека пак должината 110 километри. Дел е од мрежниот канал кој ги поврзува Каспиското Море и Волга со Балтикот.

Според Волга, во езерото се влеваат реките Шексна и Молога. Од езерото истекува само Волга.

Надворешни врски

Детаљна мапа вештачког језера

Категорија:Езера во Русија Категорија:Вештачки езера Категорија:Волга