Шемница (во горниот тек позната како Маловишка Река) — река во јужниот дел на Македонија, десна притока на Црна Река.
Во изворишниот дел, долината има атрактивен изглед особено во селото Маловиште, каде го носи и името Маловишка Река.
Тек
Изворот на реката се наоѓа на северните падини на Баба Планина под врвот Пелистер на надморска височина од 2.080 метри, а вливот во Црна Река кај селото Радобор во Пелагонија се наоѓа на 580 метри.
Средната височина на сливот изнесува 990 метри, а нејзиниот вкупен пад изнесува 1.500 метри. Нејзиниот просечен пад изнесува 32,6‰.
Настанува со соединување на два поголеми потоци и Маловишка Река, кои се соединуваат во селото Маловиште. Од таму тече низ селото Кажани, каде се влеваат повеќе потоци. Кај селото Лера, реката се соединува со водите на Ротинска Река и Цапарска Река и водите на доводниот канал на ХМС Стрежево, кој носи големи количини на вода во пролетните месеци од целиот планински масив на Баба Планина.
Воден потенцијал
Во Цапарската Котлина, водите на Шемница се користат за наводнување, а дел од нив е зафатен и со хидросистемот „Стрежево“.
Кај селата Стрежево и Црновец на нејзиниот тек е изградено Стрежевското Езеро, долго околу 8 километри со околу 120 милиони кубици вода.
Галерија
Поврзано Црна Река Пелагонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Пелагонија Категорија:Слив на Црна Река