Горен Пфалц () — еден од седумте владини окрузи на Баварија, Германија, кој се наоѓа на истокот на Баварија.
Историја
Регионот го земал неговото име најпрвин во раниот 16 век, затоа што со Договорот од Павија бил еден од главните делови на територијата на Вителсбах изборниот кнез на Пфалц, кој исто така владеел со Долен Пфалц во Рајнската област, сега обично наречена само Пфалц. Главниот град на Горен Пфалц бил Амберг. Помладите гранки на Вителсбах исто така владееле над помалите територии во Нојбург и Зулцбах. Како последица на неуспешното положување право на изборниот кнез на Пфалц Фридрих V врз бохемискиот престол во 1619-1620, Горен Пфалц, заедно со остатокот на неговите земји, прогласиле откажување од царот и заедно со кнежевската титула, му биле дадени на војводата од Баварија. Иако Долен Пфалц бил вратен на синот на Фридрих со Вестфалскиот мир во 1648, Горен Пфалц останал под изборниот кнез на Баварија и оттогаш е дел на Баварија. Помалите територии на Зулцбах и Нојбург станале дел од Баварија во 1742, додека градот Регенсбург, Слободен царски град, не се приклучил на регионот сè до крајот на Светото Римско Царство во 1806.
Поделба <table> Окрузи Landkreise Слободни градови Kreisfreie Städte Амберг-Зулцбах Хам Нојмаркт Нојштат (Валднаб) Регенсбург Швандорф Тиршенројт Амберг Регенсбург Вајден во Горен Пфалц </tr> </table>
Население
Историско население на Горен Пфалц:
1900: 553.841 1910: 600.284 1939: 694.742 1950: 906.822 1961: 898.580 1970: 963.833 1987: 969.868 2002: 1.088.929 2005: 1.089.543 2006: 1.087.939 2008: 1.085.216 2010: 1.081.206
Надворешни врски Службена страна Службена страна на окружната влада wiki-en.genealogy.net
Категорија:Управни области во Германија