Швабија () — еден од седумте административни окрузи на Баварија, Германија.
Географија
Швабија се наоѓа на југозападот на Баварија. Таа била создадена како дел од историскиот регион Швабија, кој бил анектиран од Баварија во 1803. Тој, првично, формално бил под власта на војводите од династијата Хоенштауфени. За време на нацистичкиот период, територијата била одделена од остатокот на Баварија, станувајќи Гау Швабија. Тој бил повратен кон Баварија по војната.
Поделба
Административниот округ е поделен на 3 региона (Planungsregionen): Алгој, Аугсбург и Донау-Илер. Донау-Илер, исто така, вклучува два округа и еден град од Баден-Виртемберг.
Окрузи Landkreise Слободни градови Kreisfreie Städte Природни региони Natural regions Ајхах-Фридберг Аугсбург Дилинген Донау-Рис Гинцбург Линдау Ној-Улм Горен Алгој Источен Алгој Долен Алгој Аугсбург Кауфбојрен Кемптен Меминген Нердлингер Рис* Швапска Јура Илер-Лех Плато Јужен алпски терен Швапско-баварски Предалпи Северни Варовнички Алпи Горна Швабија * Дел од Швапски којперски крај
Окрузи и слободни градови пред регионалната реорганизација во 1972
thumb|Швабија пред регионалната реорганизација во 1972 Слободни градови Kreisfreie Städte Окрузи Landkreise Окрузи Landkreise Аугсбург Дилинген на Дунав Гинцбург Кауфбојрен Кемптен Линдау Меминген Нојбург на Дунав Ној-Улм Нердлинген Аугсбург Дилинген Донауверт Фридберг Фисен Гинцбург Илертисен Кауфбојрен Кемптен Крумбах Линдау Марктобердорф Меминген Минделхајм Нојбург на Дунав Ној-Улм Нердлинген Швабминхен Зонтхофен Вертинген
Население
Историско население на Швабија:
1939: 934.311 1950: 1.293.734 1961: 1.340.217 1970: 1.467.454 1987: 1.546.504 2002: 1.776.465 2005: 1.788.919 2006: 1.786.764 2008: 1.787.995 2010: 1.785.875
Историја
thumb|left|Fürstbischöfliche Residenz (Augsburg)|Зградата на владата на Швабија во Аугсбург Баварскиот административен регион Швабија е најисточниот дел на војводството Швабија. Веднаш по погубувањето на швапскиот војвода Конрадин во Неапол во 1268, неговиот вујко, баварскиот војвода Лудвиг ги наследил некои од поседите на Конрадин во Швабија. Во 1803 со германската медиатизација Баварија се здобила со понатомошниот дел од источниот швапски територии, кои биле припоени заедно со Пфалц-Нојбург под старото име Швабија, која била создадена во 1837 од кралот Лудвиг I. Во 1945 Линдау бил одземен од страна на Франција, но бил обединет со Швабија во 1955. Во 1972 поранешниот швапски град Нојбург на Дунав се обедини со Горна Баварија.
Наводи
Надворешни врски Службена страница
Категорија:Швабија Категорија:Управни области во Германија Категорија:Историја на Швабија